Здраво на @koritsaki и @black-angel , го имам пробано ова и мене убаво ми беше, ама стопати подобро е она со гоџи бобинки (доколку имате 30 години се разбира) во спротивно и ова е супер. Се согласувам и со двете вас за путерот за коса. И мене ми е врв!!!
Палетава изгледа одлично, ама за жал кај нас ја нема. Се надевам дека би ја донеле Од сенките алверде сум задоволна . Ги имам овие limited edition беа. Убаво стојат и трајни се
@RosePrincess Јас ја гледам палетава погоре на српските и хрватските блогови па би требало да ја донесат и Мк Само да знаете колку работи имам на список работи што сакам да ги купам од Алверде , пудра таа кавер енд стеј сакам да ја пробам , таа во прав , сенки , кармини , руменила , базата за сенки , туш , нешто за нега на лице , буквално се сакам
Како да го користам путерот за коса, а да не ми ја мрси косата??? И зошто не гледам разлика пред нанесување и после? Што ли грешно правам
Јас го користам путерот пред да ја мијам косата Нанесувам на влажна коса, ми стои така 2-3 саати и потоа ја мијам најнормално. На мојата коса има ефект, мека е и сјајна после миењето.
Јас го нанесувам на сува коса 15-20 мин. да стои и после ја мијам косата. Презадоволна сум, никогаш не ми била косата толку мека и нежна. После првото нанесување од путерот имаше огромен ефект, што воопшто не очекував резултат од одма.
Драга палетава со сенки ја има кај нас и тоа 4 разни нијанси. Јас штотуку ја рецензирав кај мене на блог. Ако одиш во темата за блогови за козметика имам оставено линк *оној за природна шминка). Прекрасна е многу трајна и доста пигментирана. Мене премногу ми се допаѓа. Поздрав.
И јас го користам пред миење на косата, најпрво ја мокрам малку, па нанесувам од путерот. Лично, не нанесувам претерано многу од путерот, отприлика врвовите на прстите (до првата линија), а имам густа коса. Секако, нанесувам стриктно само на косата, значи никако на самата глава, односно черепот. Немам пробано да нанесам после миење, вака се имам навикнато и ми се допаѓа.
Јас го нанесувам путерот на крај по шампонот , така сум навикната хаха ама ќе пробам и вака како другите девојки а и вака не ми ја мрси иако имам масна коса
Јас го користам пред миење на влажна коса во комбинација со кокосово масло, можеби па тука е грешката . И утредента ми е ко со недели да не сум ја измила, а тој ден е свиленкасто мека. После ќе пробам после миење иако ми е страв да не ја умрсам уште толку
Пак јас да прашам нешто прочитав дека ова со гоџи бобинки за чистење шминка се препорачува над 30 год возраст. Јас сум 27 па дали ќе претставува голем проблем , незнам дали ова другово да го пробам бидејќи сите се жалат со печење на очите па да не го зимам за џабе. Морам утре или задутре да тркнам да земам една течност а сакам од овие две да пробам.
Здраво драга, хајлајтерот е 229 мкд а сенките се 369 (сенките се на попуст моментално за 258 мкд). Поздрав Драга, згрешив мислев дека се 4 затоа што видов 4 различни тестерчиња ама 2 нијанси се: оваа јас што ја имам и една нуде. Тестерите беа поделени на 4 дела па изгледаше како 4 различни нијанси. Тоа со гоџи бобинки е од 30 години до 45, ама со оглед на тоа што имаш 27 според мене слободно може да го користиш. Пробај го според мене е многу подобро од она другото. Ги имам пробано и двете. Поздрав.
Јас го користам така + маслиново и не ми се мрси косата. Да не претеруваш со маслото? Ставај исклучиво само на врвовите и намали со количината од маслото.
Здраво гледам дека пеашувате за путерот за коса па да ви кажам како јас го користам. како маска пред миење, ставам обично на благо навлажнета коса. Држам колку имам во план да држам (зависи и од времето кое го имам на располагање) и мијам со шампон. Ако го користам по миење во тој случај го ставам на влажна коса ептен мала количина само по должината на косата и врвовите. Не претерувајте, доволно е малку за да ви ја омекне косата и да има убав ефект. Поздрав.
Тука го прочитав рецептот со масло+путер па да пробам одма Ќе внимавам на количината тогаш, па да видиме дали ќе ја опоравам маснава коса или само вода и шампон од сега натака ќе види