Најново нешто што ме воодушеви е кремава за околуочно подрачје. Многу го освежува пределот околу очите, веднаш изгледаат посвежи очите, ги осветлува подочниците и ги пополнува ситните брчки. Пишува на неа дека е за над 25 години, а во составот содржи хијалуронска киселина, разни масла и витамини. Спојлер: едит ја сменив сликата затоа што сум ставила слика со стара амбалажа, ова на сегашната слика е новата амбалажа која јас ја купив
@crazylady на секое миење коса @LollySky ти благодарам што сподели инфо за кремава , баш се мислев каква да земам за околу очи а да одговара за моја возраст утре баш ќе одам да ја побарам
Пудрава е одлична. Има солидна покривност и е трајна. Имам нормална накај комбинирана кожа и ми е супер погодена. Нијансите се светли и тешко се наоѓа соодветна.
@LollySky одамна барам некоја крема за очи, или некое чудо воопшто за подочњациве, и линииве под очите. Колку и да спијам, никогаш не изгледам свежо и одморено, и речиси секогаш имам темни кругови. Прашањето ми беше дали може да ја земам кремава со оглед на тоа што имам речиси 20 години?
Не знам што да ти кажам, мислам дека е ок ама за секој случај @Biodevojka ја замолувам да потврди, ќе го ставам составот во спојлер. Спојлер: состав AQUA HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL* PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL* GLYCERYL STEARATE CITRATE CETEARYL ALCOHOL SUCROSE STEARATE RHIZOBIAN GUM XANTHAN GUM OLEA EUROPAEA FLOWER EXTRACT* CENTAURIUM UMBELLATUM FLOWER EXTRACT* QUERCUS ROBUR FLOWER EXTRACT* CARPINUS BETULUS FLOWER EXTRACT* ALCOHOL* SODIUM HYALURONATE GLYCERIN PHYTIC ACID TOCOPHEROL GLYCERYL CAPRYLATE LEVULINIC ACID SODIUM LEVULINATE P-ANISIC ACID SODIUM HYDROXIDE п.с. она горе што го пишав горе за 25 години се должи на моето тапа познавање германски јазик, на кремата всушност пишува дека Алверде постои над 25 години како фирма, а не дека производот е за над 25 години, сега расчепкав по интернет Нема на кремата назначено за која возраст е, само дека е за нормална до сува кожа.
@LollySky леле ме насмеа ама како и да е, сите креми за под очи мислам дека се за 25+ или можеби 30+ а искрено јас уште како мала мака си мачам со изгледот на очите, најмногу со темните кругови. Фала ти што ја постираше декларацијата, според мене ми изгледа ок како состав, откако @Biodevojka ја отвори темата со декларациите на козметички производи многу се заинтересирав, и почнав да ги гуглам буквално сите креми, пилинзи и млека за тело што ги имам дома и да ги барам состојка по состојка, која е штетна а која не. Единствено ова Glyceryl Caprylate ми изгледа нешто сумљиво, се си мислам дека Биодевојка ја имаше негде спомнато состојкава како штетна, ама да не мудрувам на празно, ќе си почекаме мислење од стручњак.
@blueeparadise за твојава ситуација би ти предложила да си купиш масло, бадемово, арганово, кокосово и во многу мали количини навечер пред спиење да ставаш околу очите на благо навлажнета кожа. Јас сум неколку години постара од тебе и веќе некој период користам исклучиво масла и сум многу задоволна. Пробај, ништо не губиш можеш само да добиеш, со оглед на тоа што мислам дека за креми околу очи ти е премногу рано.
Здраво, според мене нема потреба да користиш креми со хијалуронска киселина на 20 години. Како што ти предложи бабубу маслата се спас за тебе. Пробај арганово, маслиново, авокадо, кокосово на благо навлажнета кожа. Најважно нешто за да се спречат брчките е да се оддржи еластичноста на кожата а маслата се идеални за таа цел. Поздрав Драга, немаш појма колку ме радува кога ќе прочитам дека сте почнале да ги читате етикетите и декларациите ептен сум среќна. Инаку состојкава е ок, не е сомнителна Баш така.
@Babyby каде можам да купам кокосово масло? Само не сфатив баш, едно од овие масла да нанесувам, сигурно не сите едно по друго?
Пожелно е да бараш кокосово масло како органски производ во тегличка, а не во мали шишиња во кои количината претставува течност што не е органски преработена. Го има во продавниците за здрава храна и аптеките. Околу употребата доволно е да користиш еден вид на масло, пр. кокосово.
како што ти одговори @poenta доволно е да избереш еден вид на масло и да го нанесуваш секојдневно наутро и навечер наместо крем на благо навлажнета кожа. Тапкај го нежно со прстите. Може да користиш и комбинација од две масла, меѓутоа само доколку имаш. Во спротивно купи едно (арган, кокос) и нанесувај го. Ќе видиш дека има резултати. Поздрав.
@Biodevojka која крема за под очите би ми ја препорачала на Алверде? знам дека таа со гоџи бобинки е за над 30 годишна возраст , мене која би ми одговарала? Инаку и овде да пишам која незнае на декоративната козметика на Алверде има 30% попуст до 31.12
@buba4e89 е може јас не сум видела ко што треба И јас бев си земав две карминчиња и коректор кремаст за под очи
@koritsaki со здравје да си ги користиш. Да ти кажам 07 flamingo руменило ми се виде пигментирано доста вака на рака. Само што таму беше 122денари,а на каса 159 денари, а всушност некоја друга боја била 122, а таа не била. Свашта.
@buba4e89 благодарам и ти со здравје да си ги користиш остај една цена ваму друга на каса, ај најди им го крајот