Во ДМ гтц целата декоратива беше на попуст (со исклучок на новите коректори и хајлајтерот). Јас бев завчера да си доземам уште нешто (штом видам на попуст правам залихи ахаххаха). Пробај таму. Поздрав Драга не е страшно 27 имаш ако сакаш земи ја. Инаку ако сакаш ќе разгледам па да ти кажам кои други би ти биле ок. Поздрав.
@Biodevojka, сакав да те прашам дали ја имаш користено минералната пудра во прав на Алверде? Не знам зошто ми останало во мисла дека ти ја фалеше пудрава, па би те замолила да споделиш впечатоци. Ја купив вчера, ама не сум ја пробала сè уште. Се надевам дека ќе одговара и ќе ја матира мојата смотана Т-зона. Највеќе се плашам за тоа, да не случајно не ми го држи доволно мат лицето, па да си светам.
@Biodevojka фала многу, се мислев и за гел тушот,дали е добар? @koritsaki ти го зеде па да кажеш нешто?
На оваа мислиш??? ако да знај дека е совршена, омилена ми е. Одлично матира имам напишано и статија за неа, еве ти извадок од статијата: Kaolin, Mica, Zinc Stearate, Silica, Magnesium Silicate, Prunus Armeniaca Kernel Oil*, Isoamyl Laurate, Tocopherol, Tourmaline, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Helianthus Annuus Seed Oil, Ascorbyl Palmitate, Parfum**, [+/- CI 77891, CI 77499, CI 77492, CI 77491, CI 77163] Пудрава дава мат ефект на лицето поради присуството на каолин и силика во самиот производ, меѓутоа одлично прикрива проширени пори, односно ја намалува нивната видливост. Може да ви кажам дека ги минимизира малите брчки на лицето, затоа што минералите присутни во овој тип на пудра на нежен начин ја рефлектираат дневната светлина и даваат многу убав свиленкаст сјај и изедначен тен. Покривноста не е голема, би рекла дека има средна покривност и одлично ја оддржува кожата сува, во смисла дури и по цел ден со овој вид на пудра кожата нема воопшто да ви светне или пак минимално ќе светне (зависи од видот на вашата кожа). Ова е доколку ја користите пудрата таква каква што е, односно во прав со помош на една четка или пак сунѓерче (лично ги пробав двата методи и со четка апликацијата е доста полесна). Доколку имате комбинирана до масна кожа, нанесете ја пудрата на овој начин затоа што верувајте ми кожата многу минимално ќе светне и тоа веќе при крај на денот. Барем ефектот кај мене беше овој. Пудрава ми е хит заедно со онаа крем пудра со сунѓерче. Ако те интересира цела статија, еве ти оставам линк. Поздрав http://biodevojka.blogspot.mk/2016/02/blog-post_24.html Јас имам два гел тушеви и еден течен. На кој точно мислиш? Поздрав
Да, таа е пудрата, @Biodevojka. Мојата има бело капаче и зелени букви, па затоа ми беше малку чудно кога ја видов оваа од фотографијата. Баш сега ја отворив - има сунѓерче, значи оваа е и не сум утнала што сум побарала мислење. Знаев дека ти и уште некој ја фалевте, да ти кажам ми олесна. Многу ти благодарам, сега со душа чекам да се нашминкам.
@buba4e89 гел тушот уште го немам пробано кога ќе го пробам баш ќе пишам мислење Инаку кога сме кај пудриве ја пробав cover and stay течната пудра и таа во прав што ја земала @Mishela Останав без зборови , течната пудра ја нанесов со раце , густичка е , покривна , малку тешко се размачкува, ги земав и од двете пудри најсветлите нијанси и се сосема исти со мојата кожа. Значи немам зборови колку се прекрасни мене ептен ми се погодија. Ги носев 5 саата од прилика и кожата не ми светна вооппто. Го пробав и едниот кармин , тој во розева боја , малку ми мирисаат чудно ама доста се пигментирани и воопшто не ми смета тоа што не се мат напротив не ги осеќам суви усните. Се мислам да ја земам и минералната течна пудра ја барав и таа во стаклено шише но ја немаше. Ако ја видите некаде кажете баш сакам и таа да ја пробам. Исто и базата за сенка ја немаше ниту во сити мол ниту во гтц. @Biodevojka важи баш ќе размислам дали таа со гоџи бобинки да ја земам
Леле @koritsaki, сега ме стави во мисла. Јас ја гледав 01 нијансата од пудрата во прав, ама ми изгледаше многу многу светла. Си реков, да не ризикувам, не сакам да изгледам како дух, па ја земав 02. А велиш нијансата тебе ти се погодила. Сега се плашам да се нашминкам, да не паднам во несвест од нијансата. По тебе можам да се ориентирам најдобро, зашто користиме иста нијанса од Ревлон КС. П.С. Да се враќам и јас утре по пудрата. За 175 денари, дури и да не е како што очекувам не е страшно.
Јас не ја ни испробав директ ја земав така , среќа не е па дух да ме прави ја видов и втората нијанса ама и таа не е којзнае колку потемна од првата. Се мислев помеѓу таа и камената пудра ама мислам дека за нашава мрсна кожа тие пудри во прав кожата ни ја матираат нешто повеќе ќе чекам да ми кажеш и за кремата до рози како ќе ти биде и како подлога под пудра @Biodevojka јас во гтц не го заприметив хајлајтерот , ама ќе наминам кај тоа дм кај беко да видам таму дали ја има исто и базава за сенка
Се надевам дека не сум утнала премногу. Ќе ти кажам утре, во план ми е да пробам сè. Туку, ја пробав кремата со рози како подлога, без камена (шизик на ризик, тоа ти се вика). Да ти кажам - изненадена сум. Иако е наменета за сува кожа (мене тоа ми е асоцијација на мнооооогу несоодветна и масна за комбинирана кожа, ама очигледно сум се лажела), можам да кажам дека навистина одговара и за комбинирана кожа, барем во зимскиот период кога на кожата навистина и` е потребна побогата хидратација. Задоволна сум. Си светам - нормално, ама ете вчера намерно не ставив ниту база на Т-зоната, ниту камена пудра, а денес терав само со база и маснотијата избива како и вообичаено (кога немав ништо освен крема+пудра), јас очекував дека ќе изгледам како лампион во првите неколку часа, ама одлично се покажа. Утре ќе ја пробам во комбинација со пудрата во прав, па ќе видиме дали ќе се враќам по ново кутивче и од кремата и од пудрата. Вака како првичен впечаток - изненадена сум, па останува да видиме како ќе биде за понатаму. Мислам дека ќе ти се допадне и тебе. Ќе пишам пак по некое време, без гајле.
Во гтц хајлајтерот стои на посебен рафт оти е од новата колекција заедно со 2 типа на коректори со по четири разни бои на коректор. Стои кога од алверде шминката одиш накај хулахопките има една сталажа со новиве работи. Имаш хајлајтер, имаш фиксирачка пудра, две различни нијанси на коректор со по 4 бои и некои кармини од новата колекција. Овие не се на попуст. Инаку за Мишела, мислам дека не се голема разлика, ако сакаш пред да ја отвориш пробак тестерче во ДМ од двете па ако ја чуваш метката само замени ја. Инаку и јас ја имам првата нијанса и одлична ми е. За мене само минерална пудра ми е спас за Т зоната. Поздрав и до двете.
@Biodevojka ќе проверам благодарам @manako1 само во Дм продавниците има алверде козметика , во Битола како што знам сеуште нема Дм
ЈАс ја користам cover and stay во комбинација со минералната во прав и да ви кажам дека пак ми избива мрснотијата, да не ве лажам за џабе. Можеби ми е презаситено лицето од овие пудри а можеби и од тоа што сега користам побогата делумно по мрсна дневна крема па еве не знам или ќе си барам друго чаре на природна комбинација шо не верувам дека ќе го најдам или ќе се вратам на комерцијални пудри во краен случај..
Мене цела алверде козметика ми е бљак. Имам пробано крем за лице на база на морска кал, минерална течна пудра, кармини неколку. И официјално се до едно фрлив после неколку употреби. За таа сметка пак од линиите на ДМ мене Балеа многу повеќе ми одговара. Изглеа нешто забегана ми е кожата, не знам како може козметика на природна база да ти го уништи лицето. п.с од кармините херпеси ми излегуваа.
@Babyby која крема ја користиш? Штом имаш масна кожа користи матирачка крема сигурно подлогата не одговара со пудрата.
@koritsaki кога ќе се измијам лице ако не ставам крема ме пецка, затега и ми се перути цело лице во зима, додека по 2 часа избива мрснотија на т-зоната па затоа овој период една феминка ми ја препорача и ја користам дневната крема од алверде од камилица. Користев за комбинирана кожа крема на fleurance но не ми одговараше на овој студ, не ми ја хранеше. Незнам шо да кажам, едно ќе погодиш друго не, тоа е.
@Babyby да се согласувам дека комбинираната кожа е најтешка за одржување , негде суво негде масно незнаеш што да користиш.. Мене сега во зима не ми се масти толку ја користам кремата на Гамарде себо контрол и ок ми е..
Инаку да се надоврзам прееска бев во веро во тоа дм и таму ја најдов конечно базата за сенка , земав и еден лосион за лице од линијата со алги. Ги видов и тие течните пудри во ова шишенце Ама беа сите чудни горе воденасти доле по густи дали се расипани незнам а рок викаше до 03/2017. Дали дека наскоро ќе им истече рокот незнам а баш сакав да ја пробам.