Мене не ми се допадна оваа пудра, @koritsaki. Многу слаба покривност има. Формулата не е лоша, ама многу е воденаста и ми се разлеваше низ прсти. Фино се бленда, нијансата е фина, ама послабо покрива дури и од Хелти Микс. Хелти Микс е Ревлон за оваа од Алверде. Мислам дека поради лесната формула и многу брзо ја снемува од лице. За цената е океј, ама мислам дека не е нешто што би можело да ми се допадне за користење на подолга фаза. П.С. Ја пробав минералната во прав Алверде - презадоволна сум. И нијансата е одлична, ми одговара. Да си знаеш ако некогаш не ја најдеш најсветлата.
Мене ме интересира дали некоја ова го има пробано? Како мириса? Сакам за поклон да го земам ако некоја го има пробано нека каже
Драга јас мислам дека е до структурата на производот. базата му се масла и мислам дека силиката и бојата се двои од маслото. Штом ќе го протресеш би требало да биде изедначено. Инаку и јас пред некој ден бев по ова чудо ама ја видов и пудрата мус во стаклено кутивче на алверде и повеќе ми се допадна па ја земав неа. Ја земав најсветлата нијанса 01 и да ти кажам воодушевена сум. Еве слика има фантастична текстура многу свиленкаста и лесно се нанесува и работи на лицето. Дава сув ефект поради присуството на силика, а и благо ја рефлектира светлината нежно светка благодарение на присуството на мика која дава таков ефект. Она што ме воодушеви е трајноста. Ја нанесов вчера од сабајле до вечер и ептен траеше на лицето. Ќе ја рецензирам во една од наредните статии со слики за да ви го покажам ефектот. Моментално е на попуст за 230 мкд. Поздрав
Дојдов да ја испофалам Погодена во секој поглед. Структура, пигмент, постојаност. Има некоја чудна камелеонска моќ, се приспособува на бојата на лицето, со оглед на тоа што истата нијанса ја употребивме 3 различни типови и боја на кожа, и резултатот беше ист. Првенствено одлична за преку ден, а со благодарна кожа како мојата задоволувачки и за вечерни варијанти. Просто ми е за неверување дека оваа пудра ги содржи најбитните 3 елементи: 1. И повеќе од пристапна цена ( Ја купив во ДМ-Џамбо некој ден пред Нова Година, козметиката на Алверде беше на попуст, не знам која и е редовна цена, мене ме кошташе 122 ден.!!! . Пудри како Малена и Импала се поскапи а содржат 300 глупости. Just sayin` ) 2. Сосема органски и природен производ. Не сум некој фанатик, ама кога веќе имаме страшно квалитетен избор, па уште и здрава опција, што да не.. 3. Навистина највистина превистина вистински квалитетен производ. Убаво се размачкува со само обична хидрантна крема како подлога, убаво се држи и стои на лице, преубаво мириса ( претпоставувам ова на некој може да му биде проблем ), трпи се на себе, од ајлајнер, до сенки, руменило итн. Покривна моќ одлична, иако немам проблематично лице, целосно дава еден убав природен шмек на кожата, здрав изглед. Лесна е за вадење ( влажни марамчиња одлично вршат работат ). Немам најпресветла кожа, измеѓу темно светла и нормална, и 01 нијанса иако мислев дека ќе ми е пресветла ми се погоди таман баш поради таа моќ на прелевање со твојата боја. Мислам дека има избор од +2 додатни потемни нијанси. Сума сумариум, апсолутно мојата нова омилена секојдневна пудра, ја чувствуваш лесна ко да немаш ништо на себе, а сепак сигурно ради прекривање на секое капиларче по лицето. Останува уште мајка ми да ја убедам да се префрли во нејзини корисници.
За алверде само пофалби имам. По трет пат веќе го купувам лабелото со невен, фантастично е. Ја омекнува устата како никое друго. Купив едно на балеа, ама се покајав и си се вратив на ова. Од сите ова е најевтиното и најефикасното. Ќе го пофалам и двофазниот спреј за коса. Доаѓа нешто како спреевите глис. Косата ја прави мазна и сјајна и многу лесно се чешла. За разлика од путерот за коса ова е многу е лесно за употреба и не можеш да се вадиш дека те мрзи
Дали има тестери за минералната пудра и колку пари е моментално? Имам свееетол тен со жолт подтон, па ако нема таква да не одам воопшто.
од алверде цела козметика е прекрасна само пудрата не ја бива поради тоа што во пудрата има друг хемиски елемент кој е многу по нездрав од алуминиумот.. и плус се мачка како паштета, многу е густа..
Кој е тој елемент можеш да ни кажеш? Мене ме интересира зашто јас ја користам нивната пудра cover and stay
@Elence93, вероjaтно околу 200 денари, лани беше 175. Нема баш избор на ниjaнси, само три, според мене, неутрални.
Алверде наскоро ќе има мноогу нови производи. Се надевам дека ќе ги донесат и кај нас сите. Ќе има поголем избор на пудри. Ги молам од ДМ ако читаат да ги донесат, уште истиот ден ги празниме полиците Многу работи ми фатија око, уште од сега штедам При волку избор не би ми текнало друг бренд да погледнам
здраво женски, видов Alverde фиксирачки спреј за шминка, на акција е 149 денари, дали може некој да ми каже дали го користел, да даде совет дали да си го купам или не?
Сакам да ве прашам девојки што мислите за камената пудра на Алверде , дали добро го матира лицето? Ја имам пудрата во прав и сум многу задоволна ама би сакала да имам пудра со огледалце што ќе можам и надвор да ја понесам
За оваа пудра ли мислиш? И јас сакам да ја пробам, но не знам дали ќе одговара на комбинирана кожа, мислам дека @Biodevojka ја има користено, ако може да сподели искуство.