Досега не наидов на отворена тема со оваа брилијантна серија. Истата е полна изненадувања пресврти и неизвесности до самиот крај. Првата сезона е паранормална, втората - психолошка, а третата излегува на 9 октомври годинава, па ќе видиме во кој жанр ќе ја сместиме. Според оценките критиките, и досегашниот рејтинг на гледаност дефинитивно бавно но сигурно се искачува кон пиедасталот. Да додадам - инзворедни актери, чии улоги толкуваат нешто типично и веќе видено, со тоа што овојпат акцентот се става и на фантастичното во едно ново руво со екстра морбидни и квалитетно осмислени сценарија. Кое е вашето мислење за серијава? П.С. Ако е дупла тема слободно клуч.