America's Best Dance Crew

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Sparks, 19 декември 2010.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Барав ваква тема дали има, не најдов, ако постои слободно нека се избрише.

    АВDC е едно од уникатните реални шоуа, кое се прикажува на МТВ каналот. Во него, секоја година по одреден број танчерски групи се натпреваруваат во огромен број задачи кои им се доделувани од самата продукција, а потоа оценувани од тројца судии. Целта е да се одбере група која што добро ќе ги совлада сите видови на играње, а не само стилот кој го има. Брејкери треба да научат да се движат како во 80тите, локери како крампери, клогери како поп танчери. Секоја група има по една недела да се подготви за својот предизвик, а како што се стеснува бројот на групите, така добиваат се потешки и понумерични предизвици. Кој продолжува а кој си оди дома одлучува публиката.

    Ова шоу е место каде што играле едни од најдобрите танчери во светот, каде што улични танчери добиваат шанса да покажат она што го нема во етерот, групи кои немаат средства да играат да покажат дека ако се сака, се се може и многу други примери.

    Судии се Џеј Си
    [​IMG]

    Лил Мама
    [​IMG]

    Од 1-4 сезона Шејн Спаркс (Се дури не имаше проблеми со законот)
    [​IMG]
    Во 5та сезона дојде Омарион
    [​IMG]

    Водител е Марио Лопез
    [​IMG]
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Браво за темата, мислев дека никој не гледа ABDC.
    :clap:

    Ги имам сите 5 сезони, сите ми се изгледани по два пати, плус тој бонусот со петорицата шампиони.
    Многу го сакам ова шоу, буквално сум зависна, иако не се знае со сигурност дали ќе има 6 сезона, наводно последната имала многу низок рејтинг на гледаност. :^)

    Прво за судиите, J.C. си го сакам од детство, а Shane Sparks го обожував. Кога го сменија со Omarion, се разочарав, иако вториов ми беше еден од поомилените хип хопери.
    Ама после ми се виде дрзок и арогантен и ми стана одбивен.
    Останувам на мислењето дека Shane беше далеку подобар.
    За Lil' Mama не знам што да кажам, ниту ја сакам, ниту ја мразам, можеле сепак да најдат покомпетентна.

    Останувам без здив од некои кореографии, поклоник сум на
    JabbaWockeeZ :bow: и
    Quest Crew.

    Ми се допаднале и други, ама како овие две екипи - никој досега.

    Poreotix ми беа симпатични и полни харизма, искрено навивав за нив.
    4-тата сезона беше најслаба за мој вкус.

    И мразам женски тимови, освен BeatFreaks. Другите сите беа неталентирани лигушки, вклучувајќи ги и оние кои победија во Season 4. :^)
    Реално, машките се поспремни, поинвентивни и позабавни.
    ABDC rulz! :rock:
    Омилени настапи:
    http://www.youtube.com/watch?v=bu3vkTa0sy0
    http://www.youtube.com/watch?v=mKBO6TqPFXU
    ^^^ Ова ми крева адреналин и ме полни позитивна енергија, го обожавам настапов! :clap:
    http://www.youtube.com/watch?v=1VYYjr0Mlsg
    ^ А како го изведоа ова, се' уште не знам, ама е СОВРШЕНО. :)
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела за ова авака ми личи интересно.Кои денови го има и во колку саат?
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    50.640
    Пол:
    Женски
    Сум гледала исечоци на Јутјуб, ама не целото шоу. И што ми правите вака, сега ќе мора уште и тоа да го гледам :)
    Инаку, мене ме нервира Лил Мама и сите со тој извештачен начин на однесување. Ќе коментирам повеќе кога ќе изгледам ;)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Ќе си ги симнеш од нет сезоните ако сакаш да ги гледаш. :)
    Го даваа порано на MTV Adria, ама секако доцнеше.
    Сите 5 сезони се веќе завршени, чекаме 6 - та. :rock: :clap:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Вака сега. Браво за темава! Ептен го сакам ова шоу од проста причина што има премногу добри и млади таленти во танцување. Кога е танцот во прашање гледам СЕ :)

    Pros - Jabbawockeez се според мене КРАЛЕВИ! Море ЦАРЕВИ! Неизмерно многу ми се допаѓаат. И да се согласувам со Трендафилка, дека девојките ми се некако килави, ама мажите се - УФ! Одлични.

    За мене најубав настап од нив - следниот.

    http://www.youtube.com/watch?v=79pJRhZxPyc

    Cons - поротата! Ептен ме нервира онаа Лил Мама со она нејзиноно гето оценување во стилот - y'all know what i'm sayin'.... фраза која ме нервира и има иста вредност како и фразата - I mean he's so like....you know, like totally! :tmi:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.836

    Јас го гледав на MTV пред 2 недели, или може да е некоја постара сезона :?: Иначе ептен ми се свиѓаше целото шоу, освен Лил Мама...ејјјјј лигла невидена, кај ја нашле неа?
     
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Мило ми е што не сум единствена која што е љубител на танц :) Малку сме што го гледаме шоуво но сепак не има.

    Пирамиткава ме претекнала, мој најомилен настап од сите е на apologize... Таa песна ми значи најмногу во животов па уште кога видов како играат на неа, веднаш ми станаа омилени Џаба.

    Ги сакам и BeatFreaks на Од Кејти Пери изиграа ПРЕКРАСНО, сите како една се движеа. А и искрено, заслужуваа тие да бидат првaта женска група, место оние од 4та сезона. Но сепак во последниот, одлучувачкиот настап, Квест со пијаното беа каде каде подобри.

    Ме интересира што мислите за Фани Пак? Мене искрено многу ми е жал што не победија во втора сезона, 1000 пати беа подобри и од SuperCrew и од soReal crew.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Fanny Pak беа супер! :)
    Многу ми се свиѓаа, на почетокот ми личеа кловновски, а типот типичен пе*ер, ама во текот на сезоната ме освоија со инвентивни кореографии, скромност и шарм на сцената. :clap:

    Еден од најомилените настапи

    http://www.youtube.com/watch?v=IdPKckK--Bk
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Едно од најквалитетните емисии што ги даваа на MTV, за разлика од оние лигавите шоуа како што беа I love New york, I love money итн..
    Редовно ги следев сезоните, имам пропуштено неколку епизоди, ама битно уживав цело време додека ги гледав и само посакував да можам и јас да правам такви акробации а без притоа да скршам некоја коска :lol:
    Секоја чест на сите овие дечки за кои танцувањето и музиката се нивни начин на живот.
    И се согласувам со вас дека општо земено машките групи беа подобри од девојките.

    Еве некои од групите што ми се допаѓаа најмногу.

    JabbaWockeeZ :clap:

    http://www.youtube.com/watch?v=bu3vkTa0sy0

    Strikers All-Stars

    http://www.youtube.com/watch?v=vforqqAOggk

    Quest Crew :bow: Како можеа да ја одиграат песнава со превез на очите! Феноменални се! :clap:

    http://www.youtube.com/watch?v=N1KTB_tv2zc

    Ringmasters ми беа закон! Се издвојуваа од другите. Дури изгледаше страшно нивното танцување, како ги кршеа коските, како ги превртуваа рацете.. sick :x Мене ми беа неверојатно оригинални.

    http://www.youtube.com/watch?v=Yo8JKzV-H5E&NR=1
    http://www.youtube.com/watch?v=VELDb3sHdlI&NR=1
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Дефинитивно првата сезона покажа најмногу квалитет и се' уште им нема рамни на JabbaWockeeZ.
    Quest Crew го имаат оној Bboy дел, имаат кондиција, ама ја немаат таа рафинираност како Jabba, за нијанса се погруби.

    Мене ми се допаѓаа и Kaba Modern од првата сезона, баш симпатична група, одличен микс на мажи и жени
    http://www.youtube.com/watch?v=VxjwxW1gXHk

    А инаку, од најнеомилените G.O.P. Dance |( тоа денсање требаше да биде ?
    :D
    We Are Heroes - не знам како победија, не сфаќам, просто одвратни :devil:

    А за овие, немам зборови
    http://www.youtube.com/watch?v=H7ITbTiltcI
    Исто и за
    http://www.youtube.com/watch?v=Xu2Ekrp3SvY
    да му се сневиди, некој не може обично да одигра, камоли вака.
    Стварно треба Љубов и посветеност за ова.
    Не е само хоби.
    Уметност е. :)
     
  12. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Мои фаворити

    http://www.youtube.com/watch?v=RIwLhXTI ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=LSe0mfW8I2c

    5тиот настап веќе беше објавен од Трендафилка, така да не го постирам.

    http://www.youtube.com/watch?v=ds2lUI__h70

    Во 5тата сезона, Потеотикс и баш не ги сакав, зошто ми беа многу монотони во движењата, но сепак имаја некоја позитивна енергија и респект до нив за тоа. Многу ги засакв Блупринт кру.

    http://www.youtube.com/watch?v=GjxDWvA_hKU

    http://www.youtube.com/watch?v=I49Crohg ... re=related
     
  13. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Многу ми беше мило кога Пореотикс победија, искрено јас навивав за нив.. Некако се многу живи, што би се рекло :)
     
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Некое време ја гледав на MTV ама сега неможам да ја најдам мислам дека ја прекинаа :?:
     
  15. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Гледавте финале 6та сезона?
    Ако не, видите ги клиповиве...

    НЕНОРМАЛНИ СЕ БРЕ НЕНОРМАЛНИ!!!!
    http://www.youtube.com/watch?v=yQqjuB6O ... re=related

    Алал да им е, на брзиот дел од песнава ја кренаа цела публика

    А за Џаба да не зборувам, тие не се ненормални, не знам како да ги наречам. Кај им текна ова жити се
    http://www.youtube.com/watch?v=blr2B2Wk ... re=related

    И победничкото кру е добро, ама со овие не можат дефинитивно. Џаба и Квест ако не те кренат да ѕенѕаш ништо нема.
    Ненормални.

    Еве ги победниците
    http://www.youtube.com/watch?v=iUU2_O9p36k
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    џаба и пореотикс ми беа наајдобри...а шоуво е феноменално,не испуштав ниту една емисија а камо ли сезона...а и пофални зборови за жирито и водителот. најјак од жирито ми беше шејн спаркс и ми беше тешко да се навикнам без него во жири...
     
  17. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    53
    Quest crew дефинитвно ми се најдобри. А кога ги видов и во спотот на Party rock anthem стварно се израдував. :D
    Еве ги кореографиите за секоја недела :
    http://www.youtube.com/watch?v=gXrCy7lgKkM



    http://www.youtube.com/watch?v=x5hjoOkg6kw
    Не ми се допаѓаа многу овие но ова како го изиграа стварно ми се допадна. Посебно тоа како имитираат кучиња.
     
  18. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    705
    Омилена група не можам да издвојам , има премногу кои ми се омилени. Им се дивам како играат. Сега почна 6 сезона и сега за сега немам некој фаворит ќе видиме за понатака. Искраено од овие судииве Џеј Си воопшто не ми се свиѓа , само мрчи за нешто. :^) Сега има и нов судија Ди Трикс и не е лош. :)
    Некои омилени настапи
    http://www.youtube.com/watch?v=kZcke5swK-w
    http://www.youtube.com/watch?v=VgIk8PKm ... re=related
     
  19. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    Oд кога се спремам да видам дали постои ваква тема :)
    А јас мислев дека сум единствена што ги гледа :D
    Иако јас ги гледам на МТВ Адриа, језда каснат ама не можам да ги симнувам.
    Прво да кажам за Џабавокииз, жал ми е што никогаш вистински не ги засакав, зошто првата сезона не ја гледав. Од тоа кратко што имам видено од нив, интересно и креативно е, ама сепак.
    Втора и трета сезона беа феноменални, од старт ги погодив групите кои победија и навивав за нив од самиот почеток.
    Четврта сезона ми беше најтапа, се изгуби оној сјај од претходните и воопшто не ми останала во сеќавање, еве освен на победничките(кои ми се скроз просечни), на никој не се сеќавам.
    На петта сезона најмногу се сеќавам, зошто претходниов викенд ја даваа на Адриа, и уживав.Сите ми беа океј, освен оние Салтаре, секој настап со тоа јажињата досадни станаа. И Хеви Импакт ми беа просечни, ми се допаѓаше нивната храброст и пораката, ама едноставно го нема оној икс фактор on the dancefloor :D .Омилени ми беа Блупринт кру, Џангл Буги и секако, Пориотикс.Неподносливи-Хајп 5-0.
    Ниту еднаш не ме воодушевија скроз.
    Ама пак ќе кажам, Пориотикс ми беа феноменални, роботските движењa ми се многу интересни зошто они им даваат посебен шарм и ги прават смешни и интересни, а освен тоа не играа само така, туку секоја задача ја исполнуваа максимално. Премногу инвентивни, талентирани и забавни жути човечиња.
    Абе кога го правеа тоа тик-тик-тик, за инат на Џеј Си ми идеше да ги гушнам. И на секоја елиминација и јас правев заедно со нив тоа со рацете, од гради на стомак па на кук, и пак од поново. Ете толку ги сакав!
    Сега за судиите.
    Кога беше Шејн најмногу го сакав, премногу беше реален и како да ми ги читаше мислите.
    Лил мама-одвратна. Тој нејзиниот наметнат гангстерски англиски ми иде на нерви, кога ќе ги зареди ониe "Y'all", или тоа нејзиниот Штронг, и обавезителното I respect that, I respect y'all, I respect what y'all doing, I respect you guys :@
    Џеј Си-натокмено американче кое мисли дека знае премногу па само бара некои замерки, демек денсер бил. Епа ако мисли дека неговите педерастични движење со Н-синк, се исти со тоа што овие групи го прават, може да иде и да се утепа.

    6та сезона е почната на Адриа, јас не ги гледав првите две за жал, али кој сака да гледа, секој вторник и петок во 17. :D

    ПС, што фино, скоро сите групи што беа прогласени за најдобри Американски, беа составени од Азијци :D
    ППС, Марио Лопез :devil:
     
    На marija-88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Јеееее......мило ми е сто постои оваа тема... бев заразена со ABDC....дечките се супер секоја група своја приказна, на свој начин добра..... ги гледав сите сезони и мислам дека победниците беа избрани правилно, супер групи, талентирани дечки, одлична имагинација..... една од моите поомилени групи е и STRIKERS ALL STARS штета шо не победија.... можам да се пофалам дека ги запознав дечките кога бев во LА, бев гостин во нивната куќа, и дечките се 5-ка стварно се супер, а и sexy исто како на шоуто :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: планирам да ги гледам сите сезони од ново зашто ми недостига таја емисија :) ..... компилацијата од STRIKERS ALL STARS уживајте :clap:
    http://www.youtube.com/watch?v=3MoprKWw ... re=related