1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Apple diet-Диета со јаболка

Дискусија во 'Диети' започната од SunnyGirl2, 27 септември 2017.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848
    Дали некој ја има држано диетава?

    Идејата е влакната од јаболката да ве заситат и да ви биде потребна помала количина на храна, плус намалена желба за благо.

    Зошто да ја практикувате оваа диета?
    • Јадењето на јаболко пред оброк ви дава подолго чувство на ситост.
    • Јаболкото содржи диетални влакна кои помагаат во намалување на холестеролот.
    • Јаболкото содржи флавоноиди кои помагаат во спречување на срцевите болести.
    • Оброците се добро балансирани со немасни протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук.
    • Лесна е за следење - нема броење на калории и мерење.
    Појадок: Излупете и исечкајте едно јаболко и измешајте го со јогуртот. Додадете цимет или засладувач за подобрување на вкусот

    Меѓуоброк: 1 јаболко

    Ручек: Сварете 60 гр ориз, а 1 јаболко излупете го и ицечкајте го на парчиња и сварете го во вода. Потоа измешајте ги оризот и јаболкото. Можете да додадете лимонов сок или цимет

    Меѓуоброк: 1 јаболко

    Вечера: Изрендајте ги излупеното јаболко и морковот и измешајте ги. Додадете 1 лажичка масло, лимонов сок и некој зачин во ваш вкус