Паметниот часовник на Apple е дел од палетата производи на компанијата од 2015. година. Во последните шест години стана еден од омилените додатоци на корисниците. Ако и вие размислувате за купување, ќе ви помогнеме да се одлучите дали уредот би се вклопил во вашиот живот. Паметните часовници се интересен сегмент во индустријата на изработка на часовници. Некои се колнат во нив, а некои и натаму се држат до класичните часовници. Секако, промената не беше секогаш лесна. За да ви го олесниме донесувањето на одлуката, издвоивме три работи кои би можеле да ви бидат важни. Apple Watch оди рака под рака со здравјето и вежбањето. Самиот iPhone не е доволен. Основната и клучна функција е сензорот за следење на отчукувањето на срцето и вградениот EKG сензор (Series 4 и Series 5). Овие два алата можат да ви помогнат да го следите здравјето на срцето и на време да бидете свесни за можните проблеми. Без оглед на се, Apple Watch е и стилски додаток. Кога ќе ја пронајдете бојата која најмногу ви одговара, лесно ќе ги пронајдете соодветните додатоци, како ремените и полначите. Да не го споменуваме и богатиот избор на лицата на часовникот, зависно од вашието расположени и стил. Apple - Watch саатите се најпродаваните паметни саати во светот
Саатот е навистина врв во поглед на други апликации меѓутоа околу алармот сеуште има дилема. Поделени се мислењата меѓу оние кои спијат длабоко и оние кои не спијат длабоко. Јас сакав да го земам,но немам каде да го пробам,а многу ми е потребен. И сега не знам.
Имам омилен само се уште не можам да си го купам. Едвај чекам. Ретко се заљубувам во нешто материјално.
Мојот е серија 6, 40mm. Саатот е rose gold а бојата на ремчето pink sand беше мислам. Засега сум задоволна, практичен е и има мноогу функции. Го носев и на пливање, водоотпорен е. Единствено негативно според мене е што батеријата не држи многу, го полнам на секои 2 дена. А, и треба да си купам заштитна маска, неколку пати го имам потчукнато од врата.
Имам apple watch 3, после 16 месеци користење ги имам следниве забелешки: - Има малку меморија и софтверот веќе не може да се ажурира - Батерија ми држи 24- 35 часа - Земете и повеќе каишки, ако земете само една гумена после некое време се умирисува Се друго е супер Доколу земете понов модел мислам дека нема да имате проблем
Која е разликата од Apple Watch SE и series 6 (знам дека 6 е подобар ама пак SE има поприфатлива цена)
Од Apple страната ми е порачан. За разликата меѓу SE и 6 можеш да прочиташ овде https://www.cnet.com/news/apple-watch-series-6-vs-apple-watch-se-comparison/
Го имам Apple Watch series 2, многу одамна ми е купен, 2017 год. Можам да ви кажам дека не можам да замислам да се вратам на класичен саат. Овој ми е купен од Грција, веќе година дена чекам прилика да можам да отидам и да се подновам. Тоа во МК што се нуди е многу поскапо од реалното плус, не ми е сигурно. Македонија нема права за продавање на Apple watch преку официјални продавници.
Дали некој се разбира што е разликата меѓу aluminium edelstahl titan. Случајно видов опција избери го твојот изглед на страната на епл. Саатот што го сакам е 779 евра ама со едно од овие три погоре е 479 евра. Не знам што е разликата. Остануваат 40мм и ремчето ама не знам што е разликата меѓу овие три, а саатот е за 300 евра поефтин што не е малку. 469 евра е со алуминиум Јас од почеток го меркам 779 со еделстал и титан е 800 и нешто евра. Само во материјалот е разликата всушност или? И која е поточно разликата и ако е само до материјалот?
Ваљда мислиш на титаниум и алуминиум. Титаниумот е поскап бидејќи е потежок, поквалитетен материјал и мислам дека само тоа е разликата. Од титаниум мислам и дека немаш многу избор на бои, само црна и сива ако не сум грешка.