А зошто се жалат сите кога им поставуваат најразлични и најбезобразни прашања кога тие самите викаат да прашуваат? Прашувајте,ајдеее замарајтее плиииз,и после како сите ги хејтале Глупо е и да вреѓаш анонимно ама и да молиш да те вреѓаат. Ако некој има нешто да ме праша,има фб.
ИмаВ,сега веќе немам. Го деактивирав. Братучедками има акс.фм и има околу 4000 одговори. За забава е интересен,мислам не е интересно да видсиш на аск како на мони што беше.Повеќето прашања на аск се:што правиш? како си? убава си, сакаш да се муваме? беше синоќа испадната? скината си? му даваш? Последните две прашања ме иритират. Незнам како ги одговарат,со кој памет. Познавам една девојка исто колку мене е 13 години и се има смувано со 8 деца. Освен што цел град ја збори,па и на аск одговара на скроз сите прашања без разлика дали се за +18. И се чудам навистина. И немоажм да ја сватам целта на асков,објавуват по стопати и молат за да ги „прашат“ за да имат повеќе одговорени прашања. Глупости. И што е најлошо стават на фб слики како некоја девојка замолила за лајк за некоја игра да собери повеќе гласови. А ја да им сликам колку исто така бедно излгледа што во минута по сто пати објавуваат линк од аск и се молат за да ги „прашат“! Абе ајде... И да ви напоменам дека аск.фм е постои уште пред 10 години но во нашава држава сега дознаа за него, а исто и за вк.цом,цонецтед2 итн(извинете за фонтот не сакаше да се исправи )
јас немам account и да ви кажам не сакам да имам.Има некои мои школски стални ми велат:леле немаш аск,па тоа е сега ин и 100 други слупости.И што кога немам, ако некој сака нешто да ме навреди или праша нека го стори тоа лице во лице ако има смелост а не анонимно bullshit,и после како одговор на поставеното прашање јас као јака демек кје му а залепум!
Јас немам вакво нешто.Ако некој сака нешѕо да ми каже,нека ми каже во лице,а не да ми се прави јак/а анонимно.Мене ова ми е чиста глупост.Познавам едно 12 годишно девојче што се има смувано 9 пати и на аскот сите прашања,биле тоа +18 или не ,ги одговара.Па ја имаа прашано дали има добиено,па оваа детално им објаснуваше за тоа па што све не.Работата е,немам а не планирам да си направам
Секако дека немам! Се прашувам и зошто постои ask.fm? Сега го имаат и деца од 10 години. -.-' Некој им пиши „Глупа си“ и тие „Фала шо се опиша кај мене“ на пример. Срамота е. Или на пример тоа после ќе го објават на ФБ и некои непознати ќе им пишат. И многу се креваат. Не е во ред! Прост менталитет!
Имам профил и имам околу 400 одговори ама нема досадно е премногу. Само едни прашања вртат имаш дечко,како си,од каде си и тоа... Детски глупости фак офф. Ќе го деактивирам. Спојлер Цела почетна ми е со линкови од аск
Тинејџерска ствар! Цело време гледам на профил ми излегувам нешто ask.fm и си викам ајде да видам што е Живи глупости!
а дали кога пижуваш од фб можат да те видат кој си? Мисалам дека не ..али некои викаата се гледало...
За ова асков мислам дека јас последна дознав дека воопшто постои! Одвратно е тоа што го пишуваат и покажуваат Тоа што го имам видено таму,не би сакала ни во најстрашниот хорор да го гледам
Имав аск една недела-две, колку да видам што е, како е, ама кога сфатив всушност каква глупост е, одма го деактивирав. И да, какви глупости и страшни работи се пишуваат таму.. не коментирам.
Оваа е нешто најглупаво што можеле да направат.И само објавуваат аск,аск.Досадни се и мислам дека таму пишуваат недораснати луѓе,а тие пак што им одговараат....Воглавно смешки .
Јас си направив ама си го избришав. Од досада си го направив да ми мине времето само. Интересно е да, но многу те вреѓаат(к*рва си, глупа си, грда си незнам што бла бла) и го избришав. Ако сака да ме праша некој нешто имам фејсбук .
Според мене тоа се само малоумни работи.Некој кој што нема работа или некаква занимација па ајде на аск.фм . Немам се логирано а и нема да се логирам.
Имам аск.Мислам дека е тоа за нехрабрите луѓе кои имаат нешто да те прашат а немаат храброст лично па те прашуваат анонимно...