ASMR

Дискусија во 'Слободно време' започната од Olgitsa, 16 јануари 2016.

  1. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    На нашиов форум под `Барај` за ASMR не дава никакви резултати, што не е случај и со други форуми. Не знам дали е тоа од непознавање на тематикава, или едноставно не паднала тема на муабет. Да не остане така.

    За сите оние кои прв пат се среќаваат со поимов:
    Дали видеозапис на лице што шепоти, тропка со прстите или се масира може да послужи како `мозочен оргазам`? Добре дојдовте во светот на ASMR - мистериозен и неистражен вид задоволство.
    Удобно се сместувате во кревет и пуштате ASMR видео на YouTube. Набрзо чувствувате како тензијата расте, се до моментот на трпнење од вратот до крстот. Потоа телото сосема ви се опушта и подготвени сте да заспиете. И покрај навидум недвосмислениот заклучок, не станува збор за порно-снимка. Станува збор за ASMR видео, еден од моментално најчудните феномени на интернет. Реакцијата на автономниот сензорен меридијан, кој е стручен назив на овој феномен е интензивно пријатно чувство на врвот на главата, кое потоа се спушта по должина на рбетот, и низ рацете и нозете, а претставува реакција на специфични звуци и настани. Иако се уште не се објавени официјалните резултати од научни истражувања, и само неколку невролози се расположени да ги изнесат претпоставките врз основа на досега собратите податоци, ASMR е дефинитивно феномен, барем на интернет. До пред две-три години, на Јутјуб имаше само неколку канали посветени на оваа тема. Денес, потрагата по ASMR каналите дава над 30.000 резултати, додека, пак, ASMR одделот на Редит бележи повеќе од 80.000 корисници. Пред две години за сето тоа се заинтересирале и научниците. Докторот по невролошки науки од Балтимор Брајсон Лохте го проучувал ова искуство за потребите на својата докторска теза. Во еден дел од своето истражување, тој употребувал магнетна резонанца за снимање на мозочната активност на испитаниците што гледале ASMR видео записи. Имено, докторот верува дека реакцијата не е само во главата на луѓето.`Фактот што толку многу луѓе истата реакција ја опишаа на толку бизарен низ стимули недвосмислено укажува на тоа дека не измислувале` изјавил тој.

    Јас се запознав многу случајно, преку особа што имаше проблем со заспивање во тој одреден период, и нормално прва реакција `Ти не си нормална`, `Што ти е на тебе`, `Секташки работи`, `Глупости` и така во недоглед.
    За подоцна, што друго ако не од љупопитност да прочепкам, а подоцна и навлечам. И иако јас немам проблем со спиење, во денови кога мозокот ми влече црни мисли, или кога едноставно сакам да се исклучам, пуштам и успевам. Ова е огромна тема, и не верувам дека би собрало во еден пост што се има да се каже и напише, ќе пробам со главното.
    Има безброј `ASMR артисти`, на исто толку безброј јазици, од универзален англиски, па се до српски и хрватски, машки, женски, од сите возрасти, религии и секакви категории. Најверојатно најпозната е Мариа, или GentleWhispering. Се смета за пионер, нејзините видеа имаат милионски прегледи, за остварена заработка да не праиме муабет. Се слуша исклучиво на слушалки. Има милион комбинации (mouth sounds, tapping, scratching, brushing, hair sounds). Може да има шепотење, или само звуци. Ќе се изненадите како звуци што во нормална ситуација ви предизвикуваат одбивност, сега ви создаваат позитивни чувства. Нормално дека има и такви кои што пробуваат да го сексуализираат, но би рекла дека чукаат на погрешна врата. Има такви што бараат визуелно гледање, иако повеќето се насочени кон звучно дразнење. Можат да бидат како разни други туторијали, за фризура, шминка, мода. Тврдам дека не создава зависност.
    Не очекувам кај сите да има позитивен ефект и реакција, како и за се друго, нити ми е тоа намера. Едноставно сакам да видам колку го практикуваат.
    Ќе постирам неколку видеа чисто за пример, а на вас останува отворен YouTube за прегледи и експериметирања. Нема потреба да напоменувам дека ова не е реклама и немам никаква корист освен ако помогне некому.










     
    Последна измена: 16 јануари 2016
  2. ЕнаК

    ЕнаК Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    https://www.youtube.com/user/GentleWhispering Искрено и јас пред некое време го откривв оваа и многу ми помага да се опуштам.Оваа јутуберка ми е омиленаа :$
     
  3. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    2.200
    Мене ми е страшно и језиво некој така тивко да ми зборува...Кој може нека гледа ..
     
    На kim.k и Nausicaa им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    16.700
    Ауууу кај мене имаше сосема спротивна реакција- место да ме опушти, асмр-ов страшно ме напна :^) Го пуштив второто видео и ни две минути не успеав да издржам да го гледам/ слушам...Многу, мнооогу непријатно почнав да се чувствувам :bug: Ама па од друга страна јас сум човек што најслатко заспива на акциони филмови (facepalm) Звуците на експлозии, пукање, викање, брканици со коли мене ми се совршени за заспивање (да, признава, чудна сум :rofl: )
     
    На SnowWhite8, Victorian, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  5. *Cloudy Girl*

    *Cloudy Girl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    407
    Sega samo na brzina gi pregledav i ne mozev da go podnesam osobeno ona so nom nom nom :headbang::headbang::headbang:
     
  6. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Мене се ова ми е безврска. Не знам како е возможно со ова некој да се опушта... :?:
     
  7. ЕнаК

    ЕнаК Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Кај секого различно е,сите сме различни карактери. :)
     
  8. petar.mk

    petar.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Мене ме опуштаат ASMR, во последно време пријатно ми делуваат ASMR кај што јадат, еве неколку такви:




    (FunFact: типкава е слаба ко игла а цела торта може да изеде, има хиперметаболизам)





    Иначе имам забележано дека видеава кај голем дел имаат контраефект :D
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Леле го пуштив првото и добив нагон да ја мавнам девојката. Би полудела некој цело време така да ми зборува :D
     
    На petar.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. petar.mk

    petar.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Истото го мислат и моите дома :D Мене ме опушта, шознам. We are wired differently I guess xD
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.163
  12. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Порано, пред една година од прилика, слушав многу повеќе. Сега многу ретко. Ми помина меракот.
    Еве некои што ми свиѓаат


     
  13. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.163
  14. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Ај да ја освежиме темава.
    Поминато е доста време откога е чкртнато тука.
    Се има ли сменето нешто во меѓувреме?
    Колку нови луѓе се имаат запознаено со АСМР, колку од старите уште слушаат, колку прекинале?
    Мене моментално многу ми се допаѓа една Србинка, многу е аматерска во споредба со странскиве,
    aма некако ја бива, мене ми прија.
    Повелете, и чекам да споделите ваши артисти, се надевам ќе се некои нови што не ги знам а добри.
    Дознавањето нови неслушани секогаш ми носи посебна радост. :)



     
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    24.179
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги слушам, контра ефект имаат кај мене.
     
    На Gosh и senza.parole им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    15.525
    Првпат ја приметувам темава:) Го открив асмр многу случајно пред 2-3 години барајки видеа за масажи . Цел живот ме опуштале масирање или минење со прсти по коса или кожа.
    После се навлеков едно време, ама исклучиво на видеа со масажи, зборување јадење и шушкање немаат ефект на мене. За заспивање и уживање ми се топ, буквално се ежам , лани во Берлин чак бев на масажа кај еден кој има видеа во тој стил. Сега ми е интересен еден турчин бербер. За мене е фино кожа коса мускули стимулирани, се осеќам ко мене да ме масираат:rofl: Во последно време слабо гледам,ама ефектите се тие

    И германецот
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    2.731
    Пол:
    Женски
    Јас за АСМР видеа дознав од инстаграм, најпрво ги гледав тие со слајмови и бев навлечена на тој звук, потоа тие со јадење што се ама тие не ми беа долго време интересни само неколку дена ги гледав.
    Овие со шепотење страшно ме иритираат, јас и во живо не поднесувам некој да ми шепоти а не па вака да слушам толку време.

    А вие видеа од @Dentina ги имам гледано и успеваат да ме опуштат многу.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    АСМР пред 2/3 години се запознав но пред тоа со 3д аудио пред 7/8 години, тие што неможат асмр нека пробат со слушалки и затворени очи
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.493
    Пол:
    Женски
    За оние што се љубители на животни и посебно кучиња - послатки, посмешни и oddly satisfying видеа нема да најдете од оние на каналов :D :inlove:

    https://www.youtube.com/channel/UCLFJxkc6mv0Mj6N49MHyK2Q



     
    На Tan4ence и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.076
    Не можам да слушам, црева ми се превртуваат...

    Уште па и оние шо јадат, шо праат deep throat со тоа јадењата, и шо шмњатаат...
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.