Јас многу и не слушам АСМР, а кога слушам преферирам да биде звуци од дожд и како вози кола (не знам дали ова се брои во АСМР), но и ми се допаѓаат тие што се со тапкања, најчесто по тастатура или со нокти нешто, шепотењето ме буни. Реално мене ми се во ред, но не ми се нешто ептен ептен, повеќе ми се смешни дека од инстаграм имам гледано како некое девојче јаде кромид како да е јаболко, а друг пат другар ми прати видео "Your uterus finds out you are not pregnant"; но и двете беа одлично направени, не аматерски. Еве две од тие што ми се допаѓаат најмногу.
Поттик за создавањето на оваа тема ми се видеата на кои многу често налетувам на Youtube. Се работи за феноменот наречен ASMR (кратенка од: Autonomous sensory meridian response), при што кај човекот се поттикнуваат пријатни чувства преку слушање звуци како тивко шепотење, звуци што се создаваат при масажа, смирувачка музика, допирање и гребење на различни површини/материјали итн. Овие звуци се нарекуваат ASMR тригери. Некои од овие видеа (како на пример, оние во кои гласно се џвака храна) ми се тотално иритирачки. Не разбирам како некои може да ужива во нив, а некои траат и со часови... Порано не ги поднесував повеќето од овие звуци, но сега наоѓам и некои пријатни, како на пример овие, кои понекогаш ми помагаат да се релаксирам ако ги пуштам во позадина додека работам/пишувам нешто. Што мислите за АСМР? Релаксирачки или иритирачки ви се овие видеа?
Незнам дали е исто јас уживам во звуци од фен или перална сушара прасмукалка ептен ме релаксира и одма на дремка ме мава
Мене повеќето од овие видеа ми се иритирачки, на пример кога зборуваат тивко или јадат па се слуша звукот од џвакањето. White noise(шумови од фен и сл.) исто така не ми е пријатно. Природни звуци и тивка џез музика не ми сметаат воопшто, пријатни ми се и сакам да си ги пуштам во позадина додека работам или учам нешто.
Јас уживам на АSMR. Не можам да ги поднесам типовите со јадење и шепотење зошто ми е одвратно, но ASMR со тапкање, третмани за лице, и организирање ми се омилени.
Ги открив каналов и овој канал и сега не можам да учам без да си пуштам некое видео во позадина да тече. Предобри им се видеата, многу убава атмосфера ми создаваат.
Јас одамна гледам АСМР најразлични, порано многу сакав слајм, сапун, и масажи. Ама сега во последно сум опседната со видеа со чистење коли, и тие кратки видеа од тик ток чистење по дома. Мажот ми ме прави ненормална и ми вика како можеш да гледаш како чистат коли, ама мене тоа толку ме опушта и не можам да му објаснам никако.
Здраво на сите! Ја најдов оваа тема на форумов па сакав да го споделам со вас линкот до мојот јутуб канал. Неодамна започнав да снимам ASMR видеа на македонски како еден тип хоби и забава и со надеж дека моите видеа можеби ќе помогнат барем на еден да се опушти. https://www.youtube.com/channel/UC7E-vBEssR6IzKGlqOxXQQQ Ова е линкот од мојот канал. Уживајте <3
Прво ми беа многу иритирачки. Особено тие со јадење храна . После најдов еден интересен канал за вакви видеа, па сменив мислење. Многу ме опуштаат овие видеа. Девојкава ептен ја бива за ова, смирувачки глас има.
Прв пат гледам македонски ASMR канал. Моја препорака е да снимаш со друг микрофон, не мора да е скап, има многу евтини микрофони на алиекспрес што снимаат многу подобро од оние built in на слушалки Ти посакувам успех!
Многу, многу ретко јас сама да застанам и да пуштам такви видеа, најчесто ги начекувам по социјални мрежи и затоа и нема да ми текне што сѐ ми е убаво (и визуелно и аудиторно), но ќе ставам како што ќе ми се појавуваат . Ќе го поделам мислењето на повеќе делови, затоа што можам да ставам само 5 видеа... 1/3 Ова исто, отсекогаш, уште мала кога бев, кога ќе ме разбудеа на сабајле за в градинка, а мајка ми ме дозаспиваше со фенирањето . Особено сакам ко ќе се зафати едно место и се повторува движењето неколку пати, малку побрзо; се чувствувам во мозокот ко по спирала надолу да пропаѓам . Исто, имам забележано дека многу сакам крцкање и low-pitched звуци (не сакам скроз тапи звуци, но уште помалку „пискави, тенки" звуци). Нешто што секогаш обожавам е сечење на кинетички песок. Има нешто и до површината на која го сечат, прави специфичен звук, ама крцкањето на последните зрнца најдолу, на крајот од сечењето ми е врв . А ми се допаѓа звукот и при собирањето со лажица за сладолед, како и бавното тапкање (на моментите каде што забрзува на видеово не ми се допаѓа). Спојлер Поретко сум сретнувала, но заклучив дека исто обожавам тапкање на тастатура. Колку е подлабок звукот (повисоки копчиња), толку подобро. Не сакам баш најбрзо темпо, бавно кон средно мислам дека е најдобро. Спојлер Чекорење со чевли: тешко е да се најде добро видео, затоа што повеќето се фокусираат на штикли или други потенки звуци, што и тие ми се океј, ама сепак повеќе сакам дебели звуци или евентуално одење по крцкава површина . Спојлер Нешто вака, но би сакала да е побавно (само за првото видео) Имајќи предвид дека сакам крцкави звуци, мислам дека можам да поднесам слушање на јадење на крцкави работи. Оваа ја знам од порано и со неа сфатив дека ми се допаѓа да слушам вакво џвакање, ама тоа е веројатно затоа што не мљацка (ме вади од такт кога луѓе го прават тоа во живо) . Спојлер
2/3 Уште од дете, уште од пред воопшто да знам што е ASMR, го обожавав звукот на вртење страници на книги . Особено кога учев, поподносливо ми беше кога одвреме-навреме си превртувам страни . Кога ќе заглавев на едно место пак, упорно поминував блиски до средината, точно каде што се превиткуваат страните и упорно поминував таму, да се прекршат: некогаш ќе се прекршеа и хоризонтално во тој предел, па уште крцка кога поминував до прстите таму (види слика долу). Инаку, мразам било какво чкртање и превиткување на страни и ќошиња на книги, ама ова ми беше guilty pleasure . Спојлер (Не мора да се мрсни страни, ама сега сфатив дека тоа дава дополнително крцкање ) Нешто што е 2 во 1, т.е. ме задоволува и визуелно и аудиторно (кога е вклучено) е уредување на фрижидери и општо, кујнски работи (може и општо организирање - пример облека, но најчесто таму нема такви звуци, ова е баш џекпот). Тука пак, колку побрзо ги прават, толку ми е поисполнувачки звукот . Спојлер Ми се допаѓа и звукот на кожа, ептен е крцкаво . Спојлер Шепотење можам да сфатам зошто некој би сакал, ама не ми е исто толку убаво како овие другите. Исто така, чисто само звуци од дожд ми се добри ко за пред спиење (иако не би си пуштила никогаш такво видео), но најдобро ми е кога тие звуци се комбинирани со грмотевици и особено чукање по олуци со тап или ѕвонлив звук. Не можев да најдам такво видео. Мислам не постои човек што не сака пукање на ова: Спојлер Од визуелните работи, најстара љубов ми е прицкањето на мозолчиња . Знам дека сигурно имам некоја граница, не велам дека би можела да гледам пукање на секакви огромни израстоци (сепак, има нешто хипнотизирачки; некогаш иако ми е гадно, не можам да го тргнам погледот ), ама обични мозолчиња и црнки ехеееее, особено ако јас ги правам врз мене или врз друг . Друго поврзано со кожа што ми се допаѓа е dermaplaining. Гледам дека има и ASMR видеа со звуци, но и општо само да гледам ми е задоволувачко. Спојлер Слично на ова ми е отстранувањето на жуљеви и волчји очи, ама ај да не постирам, можеби некому е гадно. Ако сакате да побарате, напишете callus and corn removal. Според мене, звучи и thumbnail изгледа пострашно од што навистина е . Од темата кожа, ми се допаѓа и да гледам размачкување на козметички производи на лицето. Досега што сум начекала, најмногу ми се допаѓа начинот на размачкување на производите на Susan Yara, особено почетните чекори со балсам и гел за чистење .
3/3 Ова мислам дека е универзален хит: чистење со вода под висок притисок. Омилено ми е чистењето на мебел/седишта од автомобили или автобуси со таа посебната правосмукалка, затоа што се чувствувам како 50 слоја длабински да се чистат (за разлика од чистењето на плочки или други работи, каде е ептен површински). Спојлер Од уметничките работи, многу сакам да гледам боење. Не е толку важна бојата, ниту пак цртежот, важно да е во граници, т.е. да се внимава да не се забегува надвор од одредени линии . Спојлер Како подмножество на ова претходното спаѓа калиграфијата, односно тука пак, ми се допаѓа бавното цртање на линии . Спојлер За крај едно кулинарско, ама еквивалент на боењето (ок, има и цртање со четка, ама омилениот момент ми е пополнувањето со филот): Спојлер That's all folks, at least for now .
Реално само од тебе би очекувала три мислења во тема за асмр со анализа на видеата како да правиш семинарска.