Се успивам некогаш со звуци. Мене ми е битно да е целосен амбиент, т.е. да ми изолира други звуци што ми се гласни и ме нервираат во околината. Убедливо највеќе ме заспиваат дожд и грмотевици. Потоа имам и сезонски видеа. Зимно време: И летно време: Ме успиваат и звуци на возила како поминуваат. Природни звуци исто сакам. Баш онака да се осеќам дека сум на кампување и сум заспала во природа.
Со ASMR случајно се запознав во 2018, ми излезе видео од Карди Би со ASMR и си реков ајде да прочепкам да видам што е ова. Потоа сфатив дека сум искусувала ASMR од многу порано, само не сум знаела дека така се вика. Оттогаш редовно си пуштам такви видеа кога сум расположена за тоа, најчесто брзо и агресивно ASMR затоа што тоа ми предизвикува најмногу трпки. Нешто вака: Инаку многу мразам ASMR со зборување, особено со тивко зборување кое не е ниту зборување ниту шепотење и избегнувам такви видеа. Немам омилени ASMR-џии, се' што ќе ми се допадне гледам/слушам. А во врска со спиењето сакам да заспивам на звуци од фен или авион, а во последно често заспивам на таканаречен ,,кафеав шум"
Од ASMR би ви ги препорачала Ozley ASMR и Starling Asmr, особено за навечер ако не можете да заспиете. Имаат предобри видеа за заспивање, anxiety, pampering, шминкање, шишање. Starling прави и многу medical roleplay видеа, на почетокот не мислев дека ќе ми се свиѓаат, ама стварно опуштаат. Видео од Ozley: Видео од Starling:
Каков опис во воведот. Не ми е пријатно да слушам asmr видеа, единствено може да ме опушти звукот на природа, водичка како жубори и птици, пчели, предење на мачка, но тоа веќе е нешто друго. Звуци што произведува човек со шепотење, јадење, некоја работа, не, фала.