хахахе да, и мене ми е малку страв, незнаеш каква фамилија ќе ти се погоди, секакви ги има, не дај боже некои.....
Ама да знаеш дека за танго требаат двајца!!! Којзнае пак какви се девојки се пријавуваат, а тие луѓе ти го даваат највредното нешто - нивните деца !!
Кажав веќе дека јас сум моментално au-pair во Германија и имав среќа, па се погодив кај семејство кај кое сум полноправен член Но, имав една познаничка која исто така беше au-pair, но не се вклопи баш најдобро со семејството и го прекина договорот. Исто така постои можност и да го замениш семејството доколку не ти се допаѓа
Да, ако се сака се се може Ако не ти се допаѓа фамилијата или поради било какви причини не сакаш да останеш таму, контактираш со агенцијата и веднаш те снабдуваат со ново семејство
Дефинитивно може,но ако самата барашсемејство на интернет,а не преку агенција ТЕШКО ќе може. Кој ќе ти најде нова фамилија од денес за утре? Мој совет -секогаш користете лицензирани агенции. Јас бев бебиситер уште во 1995 година и тогаш се одеше преку агенции. Еве ви линк каде се наведени агенции на светско ниво (па и од Македонија) кои имаат дозвола да работат со бебиситери. Користење на услуги на агенција значи дека ако се најдете во ситуација да менувате семејство тие ќе го сторат тоа за вас. http://board.iapa.org/Docs/02_organisat ... ctory.php4 Поздрав
Девојки, а мора ли да се биде полнолетен за ваква au pair работа? На пример, нели може на 16-17 год.?
Девојки, дај кажете дали вопшто има некоја сигурна агенција во Македонија што нуди работа во Италија. Јас се отепав барајќи, но неможев да најдам, ми треба ваша помош......
Јас се мислам за Аљаска Многу пари се заработуваат ама и многу се работи и незнам како би го поднела тоа психички и физички.Неможам да се одлучам никако...Месец и нешто било ама шознам... да не има некои кандидатки за таму летово?
Oди во Контекст, само таму ќе добиеш одговор. Си ја знаат работата... Ќе ти кажат се што можеш да направиш... Без да размислуваш...
Јас ке ви препорачам една агенција Германска преку која јас бев, но не само јас туку и 3 мој другарќи отидоа оваа година едната е во Леверкузен другата во Келн третата во Дортмунд , дури и едно другарче успеа да најде фамилија и отиде во Бон. Ништо не плаќаш, они плаќат за тебе, 1 година си таму, одиш на курс, 9 месеца.....
па има многу сајтови кај што можете да се регистрирате и семејствата сами ќе ве исконтактираат и после само ке си поднесете за виза. нема потреба од агенција . јас така најдов семејство во 2008 бев во англија и ми беше супер. но после ги укинаа таквите визи кога го сменија имиграциониот систем во британија. и сега нема. пишете во гоогле ау паир и ке ви се отворат многу агенции.
Jaс лично не сум била, но братучетка ми беше (од факултет им организираа) и отиде во Америка Во Флорида. Значи луѓево имале се, биле многу богати возеле ферари, ламборџини, џипови живееле во огромна вила, и после кога требало да одат на одмор на Хаваите и неа ја земаа, и тоа се они и плаќаа. Ама нејзина другарка исто така отишла кај некои Евреи (не ме сваќајте погрешно, немам ништо против нив) и воопшто не и било погодено значи кога требало да се бањаат прво се бањал мажот, жената, детето па таа девојката но во истата вода, и не смеела да ја смени! Првите пати се избањала после веќе не, се преправала дека се бања.
Да,тоа е изводливо.. Но што ќе се случи ако не се погодите со семејството и те избркаат на улица??? Јас знам за таков пример... Агенцијата е сепак гаранција дека имаш право на три семејства додека си на програмата. Ако не се снајдеш со три семејства, тогаш не си за програмата. Јас сум била два пати ау паир и верувај дека најбезбедно е да се оди преку агенција. За да ја провериш агенцијата дали е ОК, ќе си ја посетиш веб страната на интернационалната асоцијација за бебиситер агенции и ќе видиш дали ги бива или не. Поздрав
Договр со фамилијата, фотокопија од пасошот x2 , треба да потпунеш некој формулари ама тое е од нив, и да одговореш на две три прашања на германски. Тоа е се гуд лак ако одеш за по виза не е страшно
Фала срцка мноогу понеделник ме закажаа да видиме шо ке бидни, а за колку време отприлика ја даваат визата ?
Девојки дали некоја има заминато преку http://www.aupair-world.net/?ggl=de.. Ајде пишете искуство поздрав