Не знам зошто толку се мислиш, кога веќе ја познаваш фамилијата...секоја шанса што ти се пружа во животот искористи ја инаку подоцна може ќе се каеш зошто не си постапила поинаку. Јас првиот пат заминав преку лето како бебиситерка во Германија и требаше да останам 2 месеци, но фамилијата не ми се погоди и останав само 2 недели. Во 2009 по долго барање на интернет, најдов една фамилија и заминав повторно во Германија како Au pair. Договорот ми беше на 5 месеци, па толку и останав. Премногу сум задоволна од фамилијата, немам зборови имав преубав престој кој никогаш нема да го заборавам и секако се здобив со искуство +. Фамилијата ја најдов на следнава страна http://www.aupair-world.at . Навистина барав долго време, но вредеше. Наидував на многу фамилии, но некои ги одбивав бидејќи имаа куче ( а јас имам страв од кучиња ) . Мислам дека најбитно пред да заминеш е да се договориш со фамилијата околу обврските и слободното време, бидејќи од многу фамилии може да биде искористен твојот труд повеќе отколку што треба, а за тоа да не добиеш + надокнада. Моите обврски конкретно беа да го чистам домот, да пуштам машини ( за садови, перење + сушење ), да ги раскревам садовите, да пеглам и да го чувам детето после градинка. Сите овие обврски што ги набројав секако ги немав секој ден ( си ги распределував најчесто сама. ) Кога немав обврски претпладнето ми беше слободно. Детето го чував секое попладне, а во сабота секогаш различно. Позитивна работа беше што не требаше да готвам таква фамилија и си барав. Навечер од 19 часот бев секогаш слободна, бидејќи детето одеше на спиење најдоцна во 20. Би ги охрабрила сите кои што сакаат да одат да работат како Au pair. Јас 2 пати заминав без агенција, сама на свој ризик. Нема врска дека ако одиш преку агенција ќе добиеш подобра фамилија и сл. И во двата случаи не можеш однапред да знаеш на каква фамилија ќе налеташ. Моја другарка отиде преку агенција, но за жал фамилијата не и беше најпогодена. Остана пола година, а требаше 1 год. Единствена предност ако одиш преку агенција е тоа што можеш да ја смениш фамилијата, но верувам дека и тоа трае, не оди пребрзо додека да ти најдат нова фамилија. На самиот почеток е малку тешко, кога ќе стигнеш таму нова околина, ново семејство на кое мора да се прилагодиш. Но со тек на време се навикнуваш.
поздрав , штотуку најдов фамилија преку една интернет страна за работа како Ау паир во Германија , па сакав само да прашам во врска со мотивационото писмо кое што ми е потребно при аплицирањето за виза , Дали тоа треба да биде напишано на македонски и германски , или треба да биде напишано на македноски но преведено на германски од страна на обвластен преведувач? Ви благодарам однапред ! поздрав
Колку што знам мотивационото писмо треба да биде на германски напишано и тоа оди до фамилијата, а не за амбасада. Јас не пишував такво писмо, бидејќи не одев преку агенција. Другарката што отиде преку агенција пишуваше мотивационо писмо.
да знам за тоа дека се пишува мотивационо писмо (Liebe familie) до фамилијата , но кога барав информации за тоа кои се документи ми се потребни за виза , на веб страната на германската амбасада стоеше известување дека е потребно меѓу другото и мотивационо писмо преведено во 2 примерока на германски. тоа е сигурно нешто ново , затоа што пред 3 4 месеци истото не беше потребно.
Тајнаотровна имам едно прашање.. Дали ти кога си ја најде сама фамилијата исти податоци поднесуваше за виза како и преку агенција?!.. Јас сакам да одам еве сега ќе видам имам една мала шанса, но не е ништо сигурно. Мене ме плаши малку тоа така сама да заминам.. А исто така ме плаши тоа да не не ми ја одобрат визата
Најверојатно е нешто ново...ако не си сигурна јави со во германска амбасада ќе ти објаснат се поконкретно, ќе ти кажат што се ти е потребно за таков вид на виза. Да истите документи се потребни...оние што одат преку агенција мислам носат договор што го склучиле со агенцијата, јас го носев договорот што го склучив со фамилијата бидејќи немав никаков посредник ако ги имаш комплетирано сите потребни документи, ако си исправна нема зошто да те одбијат за виза :up:
тоЧно визата ја одобруваат ако ги имаш сите потребни документи!!! а инаЧе нема зашто да ти биде страв ако идеш сама . па сама треба да се снајдеш, сама нема да бидеш нели идеш кај семејството. Ке се навинеш брзо со нив , јас бев аупаир а и уште некоја недела сум променив 2 сеемејства и со двете убаво си поминав , брго се прилагодуваш и нема зашто страв После коа ке поЧнешсо курс , нели идеш да го усовршиш јазикот . Ке запознаеш пријателЧиња и така ..... Без страав
Bre velis si ja znaa rabotata ... aj te molam bidi iskrena ako voopsto znaes sto zna4i toa !!! Kako prvo ti si direktorka na Kontekst i na kutrite studenti im vetuvas brda i planini pred da apliciraat ... koga veke se opieni od vasite vetuvanja tie se sigurni deka vo Germanija gi 4eka bogatsvo i luksuz ... koga dojde vreme da se odi ti 60% gi ostavas sami da si najdat smestajm a na 40% sto im najdes ili im e skap ili ne im odgovara a tebe ne ti e toa gajle!!! No dali si se podzamislila deka tie student4inja se ne4ii deca i deka nivnite roditeli treba da znaat vo sto gi prakaat... a sekako i platite tamu ne im se isti kako obekanite ovde ,,, a da ne zboram za tie sto celo leto gi 4ekaat nivnite dogovori koi nikogas nema da stignat a ste gi uverile deka ke gi dobijat .... ako ne Ve biva otkazete se ... a ne da se pretstavuvas lazno na femina i da pravis lazni profili za da si go zgolemis rejtingot NEZASLUZENO .... nemoj te molam !!! [mod-kirilica:9gxrwfxm][/mod-kirilica:9gxrwfxm]
јас се пријавив на au-pair програма уште во мај во zip travel......и уште чекам... негде на почетоко на јули ми се јавија кажаа ми дека се е у ред со документите и дека останува само да им уплатам тамо на сметката 750 долари ( толку чинеше програмата) и дека штом ме избере семејство тамо во америка, ке имам интервју со нив на скајп и ако се прифанеме едни со други, ке одам кај нив. уплатив се на време, се беше ок од моја страна...па префрлија ме у контекст агенцијата нешто како демек таа агенција била главна у македонија и само она соработувала со америчката агенција интракс и дрн дрн уште чекам. ја планирав дека до сега 100 пати ке ојдев. факултето у мирување го ставив... нервата ме фака од овија наши агенции, абе македонска работа а па да се пријавев без агенција некако ми беше ногу сумљиво. вака има подпишано договор со овластена агенција и не дај боже ако нешто не е уред, ја си имам документ црно на бело, уплатница дека сум платила. тоа се ми е уред. знам подпишував и еден agreement у него на англиски се си пишуваше од а до ш, на мене шо ми е дозволено а шо забрането и на фамилијата шо и е забрането а шо дозволено...плус распрашував се кај познати шо живеат по америка, викат тамо ије фамилии минат низ сито и решето пред да добијат дозвола за да учествуват у au-pair. на мене само агенцијата ногу ми ја развлечка работата, ама ај...
Јас преку мојата агенција која бев не чекав многу временски , требаше да платам се вкупно на агенцијата 200 евра , плус за визата 60 евра , ама па брзо ми најдоа семејство , после јас си комуницирав со тоа семејство и ми се допаднаа и прифатив кај нив, Јас незнам кај тебе за колку време чекање станува збор?
Јас лично не сум била, ама многу мои кoлешки отидоа преку оваа агенција http://www.arbeitsagentur.de/nn_27908/Navigation/Startseite/Startseite.html Колку што знам ZAV ви е најсигурна.
Јас за Аупаир аплицирав преку оваа Агенција и они ми најдоа семејство . навистина се сигурни и брзи во пронаогање на семејство!!! И нормално се иде во проверени семејства http://www.aupair.com.mk/
Дали може да се аплицира за ау паир во Англија на оваа веб страна www.aupair-world.net или веќе многу тешко даваат визи за бејбиситерки во Англија? Мислам дека на страната на агенцијата контекс прочитав дека за Англија само со бугарски пасош примаат бејбиситерки. Јас сега се регистрирав на www.aupair-world.net ама не знам дали да барам за Англија, да не е за џабе ако не даваат визи.
Мене ми стои мала платата преку оваа веб страна. Пишува дека месечно се добива по 300 евра, тоа ми се чини многу малку. Точно дека не даваш пари за храна и сместување, но сепак малку останува за тебе Што мислиш ти?
Епа толкава е плата за Аупаир . ако најдеш семејство па да се договорите за повекје плата ... Иначе да ти неплакаш сместување , јадење, осигурување и затоа и толкава е платата
А авионската карта сам ли си ја плаќаш? Знам дека за au pair во САД семејството ти ја плаќа картата, ама за во Европа не знам како е.
Мене ми стои мала платата преку оваа веб страна. Пишува дека месечно се добива по 300 евра, тоа ми се чини многу малку. Точно дека не даваш пари за храна и сместување, но сепак малку останува за тебе Што мислиш ти?[/quote] Епа толкава е плата за Аупаир . ако најдеш семејство па да се договорите за повекје плата ... Иначе да ти неплакаш сместување , јадење, осигурување и затоа и толкава е платата [/quote] А авионската карта сам ли си ја плаќаш? Знам дека за au pair во САД семејството ти ја плаќа картата, ама за во Европа не знам како е.[/quote] Па да за во САД така е да Ама ние сами си ги плакаме картите додуша и не се скапи како картата за САД јас самата си ја плакав , а за вракање во Мк второто семејство ми ја платија авионската карта Беа премногу задоволни
Јас бев во Германија преку Контекст, значи немам зборови за нивната работа. Прекрасни луѓе, екстра атмосфера, секогаш достапни за совет... Фамилијата ми беше ОК, децата лигавки малку ама се на се огромно искуство. Ако ве интересираат детали тука сум да ви одговорам. Спојлер Леле девојко што се си изнакажала, самата си им доловила на луѓето за каков тип на човек се работи. Па што мислеше ти дека ќе направиш во Германија??? Ќе бидеш десна рака на Меркел??? Хахаха... Ти најдобро дома да седиш, а жената да не ја ставаш на форуми заради твој личен интерес. Леле ме изнасмеа какви небулози си пишала... А бре имаш договор и читај, па да му се невиде 2+2 = 4. Имас работни саати, имаш на договорот колку се плаќа по саат и што може да ти вети некој што ти не можеш да прочиташ сама ...