Значи конечно аплицирав во Контекс и сега од тогаш поминаа околу 2 недели, и да ви казам сум малку нестрплива.Освен тоа ме мачи тоа што немам возачка дозвола.Првиот ден само што ги поднесов документите ми пишаа дали ми одговара една фамилија, без да видат дека фамилијата трази задолзително возачка дозвола бидејки се надвор од градот, и ништо не излезе од моето одење и сега чекам фамиллија.Само ме интересира дали феминките кои оделе за Германија како бебиситери сите биле со возачка дозвола и отприлика колку време чекале додека им пронајдат фамилија од агенцијата.Да ви казам ме фака страв и нервоза дали ќе успеам да пронајдам фамилија која нема да бара возачка дозвола. П.С. Мислев да полагам во мегувреме за возачка дозвола но се предомислив бидејќи слабо стојам финанскиски,а и возачката нема да ми е од ќар ако немам искуство и треба одма да возам деца во странска дрзава.Тоа мислам да го направам кога ќе се вратам.
Здраво има ли некоја девојка која има работено како ау паир во Норвешка или Шведска? Колку вкупно плативте и преку која агенција бевте? Дали имавте проблеми со семејството или агенцијата? Колку време по поднесувањето се оди? Фала.
Zdravo feminki! I jas sum zainteresirana za bebisiterka vo Amerika i sakam da apliciram. Dali znaete dali se dobiva socijalen broj i kakvi se uslovite za prodolzuvanje vo istoto ili drugo semejstvo po istekot na taa edna godina?? Mnogu vreme pominalo od togas i bas me interesira dali si otisla i kako ti e tamu? )) Na tvoe mesto, pari kako-taka ke se najdat, bolje bi bilo da ne go gubis vremeto cekajki familija koja nema da bara vozacka. Se nadevam si otisla i se e ok!!! pozz )
Значи мене ми се случија еден куп работи и не сум во Германија. Ми бараа возачка дозвола и без неа си хендикеп,а јас уште немам .Шансите да отидеш таму како бебиситер без возачка се минимални.После тоа ми бараа да потпишам договор на една година бебиситерка, а во апликацијата убаво си стоеше на 6 месеци или на година дена.Јас си бев заокружила на 6 месеци, демек не можело така, а тогаш зошто ја прават апликацијата со такви опции да бираш па после ти се јавуваат и не бивало така.Јас си имав во меѓу време поднесено за бугарски пасош и таман ми одговараше на 6 месеци додека да излезе пасошот (тоа е одприлика Март догодина), да одам таму само за да научам јазик оти од бебиситерка тешко да спечалеш пари.Јас несакав да се обврзам на време од 1 година да седам во друга држава и да работам за минимална плата кога можам јазикот да го научам солидно и за шест месеци.Освен тоа имав долга врска од 8 години и некако со одењето настрана мислев дека може да влиае на врската и несакав да одам на толку долг период.Планот беше да научам јазик колку толку за 6 месеци, во меѓувреме да излезе пасошот и заедно со дечкоми да одиме во Германија на работа. Ама не се планирало на далеко.Не за џабе викат, скокни па кажи оп.Ништо од работата не излезе.Како што можеш да видеш по стикерот непланирано останав трудна, па свадба и се отиде во вода.Не дека се жалам мило ми е што ќе станам мајка, ама тој план не ни влегуваше како што би рекле старите ни во пат ни во кат.Ама тоа е тоа сега пак не се откажувам од Германија и други планови ми се на повидок, ама ако се остварат ќе се пофалам, да не бидам петле фалбаџиче и само фалење, а дела нема. Што значи 1500 ден што ги уплатив за апликација ги прежалив и сега за сега ништо не излезе од мојта Германија
ај ве молам за помош значи овде ја видов странава http://www.aupair.com.mk/ и ми се отвара но натаму не можам ништо да отворам и кога ќе го потполнам формуларот повторно не сака ај ве молам за помош, дали е можно странава више да не работи ...
^Многу малку е 300 евра плата. Јас оваа година бев во Германија не бев бебиситерка, но знам една девојка што беше и добиваше 800 евра плата и секако јадењето и спиењето од семејството. Општо земено сите добиваат по околу 800 евра.
за продолжување во истото семјество мислам зависи од семејството како ке се договорите и дали на нив тоа им одговара,знам бесе една познаничка бебиситерка во Америка и семејството и понудило да остане уште една год. ама она некела па си дојде... е сеа најдобро е некоја од феминкиве што биле да кажат како е што е бидејки и ја сум многу заинтересирана за ова Au pair во Америка и секој ден викам ке отидам во Контекс ама никако да отидам
Аплицирајте во било која агенција освен во оваа http://www.aupair.com.mk/. Јас аплицирав тука и морам да кажам дека агенцијата (ако може да се нарече така) е катастрофа. Како прво, кога отидов таму има што да видам, не ни личи на агенција туку е играчница што не е никогаш реновирана. Како второ, ме прашаше жената дали сакам во некој специфичен град и и кажав во кој сакам, но ниедно семејство не ми најде од тој град. Како трето, ми пиша мејл дека е најдобро да се аплицира 2 месеци пред да се замине во семејството и јас аплицирав почетокот на јуни за да тргнам во октомври ама ништо. Никаква услуга нема, сакаат само парите да ти ги земат. Ни семејство ми најде ни па отидов да чувам деца во друга држава. Затоа пазете во која агенција ќе аплицирате!
http://www.aupair-world.co.uk/ Јас сум зачленета овде и добив понуда од едно италијанско семејство.Би било супер ако може некој што имал искуство со овој сајт да каже нешто повеќе. И истотака ако може да споделите информација за тоа каква документација ќе ми биде потребна ако се одлучам да одам таму и слично.
jas isto barav semesjstvo na ovoj sajt megutoa ne bese www.aupair-world.co.uk , tuku na kraj samo .com , no spored dizajnot na stranata mi se gleda deka e istoto... i jas najdov semejstva no site baraat minimum 6 meseci, a ako nemas bugarski pasos poveke od 3 meseci ne mozes da sedis. zatoa preku agencii mozes da apliciras zasto tie ti ja sreduvaat rabotnata viza, no za zal treba na kraj da platis
И јас барам au pair од септември но многу тешко се наоѓа. Аплицирам на неколку страни но уште никој ми нема вратено Па се надевам до јануари среќата ќе ми се насмевне
Девојки мене ме контактираше една фамилија. (А само што се пожалив дека никој не ме контактира со месеци) Аплицирав на веб страна и ми вратија назад. Денес имав интервју со агенцијата со која фамилијата соработува (од Германија се они и видов на страната каде што се националните агенции оваа агенција е прва) ми рекоа дека ќе ми направат уште едно интервју и ќе ми кажат дали ме прифаќаат. Па може ли некој да ми каже дали аплицирал преку веб страна и колку се сигурни и безбедни фамилиите? Фала ви однапред
И јас направив профил на Аu pair world па чекам одредена фамилија да ме исконтактира...барем наредниве 2-3 недели. Некој ваљда до тогаш ќе го види профилот. Ако не после ќе пратам писмо до некоја од тие фаворитите. Туку, Але.Амбросио4 што направи ти? До кај стигна со таа фамилија и агнеција? Сподели искуство, јас сум нова во ова па супер ќе ми дојдат информации. Ако ти е непријатно во темава, пиши ми лична порака.
Епа јас имав едно интервју со агенцијата и едно со фамилијата. Поминав и на двете. Сега чекам фамилијата да ме контактира за уште едно интервју и да ми кажат дали 100 посто ме примаат А ако би одела би одела на 1 март. Па ќе видиме што ќе излезе.
Без разлка дали аплицирате преку веб страна или лично по агенции, гаранција за фамилиите нема. Агенциите им наплаќаат на фамилиите и ним им ја вршат услугата да им најдат соодветен работник, затоа вас ве чешлаат кои сте и какви сте а не нив. Да, дека има правила при кои треба фамилијата да се придржува, што обично се пишани по вие страни на агенциите, ама не значи и дека слепо се почитуваат. Затоа на интервју и вие ценете со кој човек си имате работа и бирајте ќе одите или не кај нив.
Да да...јас затоа кога пополнував наведов дека би одела во фамилија каде родителите се двајца (не е само таткото и децата, многу јасно) и после подолу кога се опишуваат какви се и колку членови се обично пишуваат која им е професијата. Имаше едни што ги читав дека работеле (биле сопственици на ноќен бар) и пошто они само трета смена биле, потребна била грижа на детето само во ноќните часови дур се на работа, а детето е бебе. И оваа фамилија ја скокнав... И такаааа... Нова сум, тек вчера се регистрирав. Се надевам скоро ќе ме контактираат. Пишете ако има некоја новост.
Нормално дека јас ја бирам фамилијата. Мене на интервјуто ми изгледаа добри, ќе правиме уште едно па ќе видиме. Неможам да знам каква е фамилијата се додека не почнам да живеам со нив. Јас прашувам дали се безбедни во смисол на земање таму пасош, организиран криминал, проституција итн.
Ха хаааа МЕ КОНТАКТИРАААА! Од Шпанија бе ! И тоа они мене, а не ја нив! хммм, ај ќе видиме сега што луѓе се и дали ќе биде нешто од ова
Има ли некоја феминка што била Au pair преку Контекст и дали некоја планира годинава да аплицира? Ако има некоја нека ми пише ЛП
А како се одредува преку страна дали ни се допаѓа фамилијата или не ? Има слики, некои податоци или како ? И дали треба ние на нашиот профил да ставиме наши слики можеби ?