На страните имаш слики и видеа од фамилиите (зависи од фамилијата некои не оставаат и јас нив не ги контактирам). После и ќе правите интервју на Skype и колку толку ќе знаеш дали ти се допаѓа фамилијата. И ти ќе треба да оставиш една или неколкуѕ слики на страната. се надевам ти помогнав
Девојки јас аплицирав преку Македонска агенција Lozan од Прилеп, но не знам колку е вистина бидејки сите знаеме дека има многу фејк агенции.. Искуство некое?
чупиња ај бе за машко нешто кажете можно е да се замини..полесно е потешко е би работел и како градинар шофер во фамилија и се благодарам
можеш да заминеш само малку подолго ке бараш фамилија,баш еден мој познаник замина непосредно пред нова година ама може скоро година бараше фамилија така да можеш да си се распрашаш има фамилии што сакаат машки бебиситерки
Јас знам дека само Контекст од Скопје има лиценца за да посредува за такви работи. Како и да е, јас со фамилијава со која сега контактирам, се најдов на http://www.aupair-world.net и супер се. Има на самата страна све убаво објаснето, може да си направиш убав профил, да комуницираш лично и како ќе се договориш ти, така да биде. Башка нема агенцијата да лапне процент. А со луѓево може (треба за да е све официјално) да потпишеш договор меѓу вас, црно-на-бело и така. Да не сум оффтопик, провери за лиценца на агенцијата.
Спремете CV, и пратете го овде, мислам дека е добра понуда за работа во Магазин ИН http://najdioglas.mk/home/view/2326/MAG ... A-VO-OHRID
Австралија нема специфична au pair виза па за таа работа се оди на working holiday visa која не може да се извади со македонски пасош.
Еве да прочиташ дека само една агенција во Македонија е лицензирана: http://iapa.org/members/members-list/ Другите немаат врска.. Подобро сама бркај си работа ако не сакаш да одиш преку агенција. Поздрав.
Ај малку да ја освежам темава до каде сте феминки со барањето семејства,замина ли некоја? аплициравте ли преку овие неколку стр. што се пишани по форумов или преку агенцииве?
Македонец, вработен во Обединетите Нации во Њу Јорк, бара девојка (ау паир) со возачка дозвола и добро познавање на англиски јазик да чува 7 годишно машко дете почнувајки септември 2013 год. за една година, со можност за уште една година. Нуди солидна заработувачка, и обезбедува виза Г-5 за легален престој. (http://travel.state.gov/visa/temp/types/types_2638.html, видете под personal employee). Ако сте заинтересирани, пратете лична порака со ваши податоци.
Девојки какво е тоа здравствено осигурување за кое ме прашува фамилијата(Македонското ли?) ?Имам профил на www.aupair-world.at и моментално контактирам со едно семејство.Ако може некој да ми пише за да знам за што се работи. И сакам да прашам тие феминки кои отишле на своја рака преку оваа страна или друга како проверуваат дека фамилијата е ок во смисла да не се крие зад работата како бебиситерка некоја трговија со луге( пу пу недај боже )
Sakam da odam vo amerika za bebisiterka preku kontex,ajde feminki ke ve zamolam da podelite iskustva so mene zosto jas malce se dvoumam
Citam i negativni i pozitivni iskustva ama sakam nekoj da mi kaze za plata kolkava zimaat,dali se isplati da se odi,viza dali davaat neznam ....kolku se plakja...od agencijata mi kazaa detali ama sakam nekoj sto vekje bil da mi kaze
ај ако сакаш пиши ми во лп што ти кажаа во агенција..ја колку што знам цената на програмата фака околу 600 евра,а платата е околу 200 долари неделно
Женски ај некоја што нашла семејство преку овој сајт http://www.aupair-world.net/index.php/family_search/ да ми каже искуство како поминала за колку време нашла семејство и заминала која е процедурата и дали се исплати повеќе самоволно да си најдеш семејство или сепак посигурно преку агенција?