Дали некој има искуство со оваа агенција http://www.aupair.com.mk дали се добри и ефикасни. Сакам да одам во Франција но, конкретно во Париз дали некој занае дали наоѓаат семејство баш во посакуваниот град бидејќи предходно имав лошо искуство со ау паир агенција...имаа опција да одберам во кој град сакам да одам, јас го одбрав градот во кој што сакав да одам, а тие упорно ми наоѓаа семејства во други градови па дури и други држави... и на крај се изнервирав и се откажав... Исто така сакам да прашам дали има ограничен рок за пријавувања или може да се аплицира кога било?
Здраво девоки.нова сум на форумот и имам прашање во врска со работата како Au Pair.Најдов работа како дадила во Минхен,па ѕатоа сакам да прашам какви искуства имате.Треба да чувам дете од 1 година,ме интересира дали курсот по германски јазик го плаќа семејството,дали купуваат месечна карта за превоз,дали тераат да им готвиш и чистиш?
Се е тоа во договор со фамилијата. Ако го носиш / земаш детето од градинка секако дека ќе ти обезбедат месечна карта за превоз...најдобро е да ги прашаш нив се што те интересира за да не излезе после не се договоривме баш така. И за курсот е кај секој индивидуално, некои плаќаат некои не. Повеќето очекуваат и помош во домаќинството...конкретно јас кога бев бидејќи детето одеше во градинкачистев во домот еднаш неделно ( со правосмукалка + џогер ), пуштав машини за перење и сушење алишта по потреба, пеглав по потреба значи само нешто што е навистина изгужвано...има фамилии каде што се се пегла и секако машина за садови скоро секој ден и ги раскревав. Овие обврски ги немав сите секојдневно, па така имав доста време се до враќањето на детето од градинка кое ниту го носев ниту го земав јас. За готвењето се договоривме уште пред да отидам дека нема да е моја обврска. Се случуваше понекогаш да отидам и да испазарам нешто за јадење но многу ретко, еднаш или два пати додека бев таму. Тие самите си купуваа се што е потребно еднаш неделно.
Дали имате информации за Интракс агенцијата, дали имаат лиценца, дали го исполнуваат тоа што го нудат? Гледам дека имаат програма за Ау Паир во Америка и програмата им е поефтина во споредба со таа на Контекст, па ако има некој искуство со нив, ако сака нека сподели. http://www.intraxmacedonia.com/
И јас сум заинтересирана па ме интересира повеќе, ако некој бил нека сподели што и како е бидејки јас многу не верувам во овие работи мислам да не е лага...
Дали, некој од вас имал искуство за бејбиситер во Австрија или Германија. Некое искусство да сподели. Позз
Јас имам искуство со работа како Au Pair, преку www.greataupair.com. Страната си е ок, си креираш профил, ке си одговориш на сите прашања, во однос на возраст, образование, способности, интереси и се со ред што има, може и слика да ставиш ако сакаш и ќе чекаш да те контактираат семејствата кои имаат потреба од Au Pair/Nanny/Infant Care/Pet Sitter... значи може со истиот профил да се конкурира за различни работи. Е сега на какво семејство ќе налеташ тоа ти е “мачка во вреќа“... Или ќе се погоди или не.... Јас немав среќа, за жал, бев во Франција кај американско семејство што привремено на неколку години живееше таму во луксузна вила на море... Значи многу богати и моќни луѓе, те искористуваат до максимум... До пладне си куќна помошничка (значи додека се децата на школо), после тоа дадилка... А децата во вакви семејства се обично лигави и размазени до немајкаде па крај не им се наоѓа... На нога си од утро до вечер... а плата 300 евра! WTF????? Пак ќе речам, можеби мене таква ми била среќата, ама не би ризикувала повеќе со ваква работа. Или можеби погрешив што заминав на своја рака, можеби преку агенции е поинаку, кога ќе потпишеш договор најверојатно имаш некоја сигурност.... Не знам, ризик е во секој случај.... Добро размислете пред да ја донесете конечната одлука!
Ќе може ли некој што знае да ми прати линк каде можам да проверам кои агенции се лиценцирани за програмата Au Pair?? Сакам да одам преку агенција, мислам дека е посигурно и поорганизирано (сепак за тоа се платени).Ајде ако некој знае линк нека праќа!!!! Фала мн
Блазе си ти, јас бев Au Pair во германија во 1999-2001 најубав период во мојот живот. 3 машки деца, но повеќе улогата ми беше како куќна помошничка отколку што ги чував децата. работев од сабајле до ручек, ручавме заедно, а после секој слободно, такашто јас одев или на часови сами си ги плаќав или на фитнес. Тогаш платата ми беше 400 марки и мени ми стасуваа за се. Сега се е поскапено, колку ќе ти плаќаат?Ако курсот чини 100 евра, а тие ти даваат 200 тогаш нема ништо да ти остане за да излезеш прошеташ итн. Договорете се барем нека ти го платат курсот. како и да е убаво е искуството, ќе се осамостоиш повеќе, а и ќе се запознаеш со многу различни луѓе. Поготово на курсот, обавезно да одиш многу ќе ти помогне да го усовршиш јазикот и да запознаш пријателства. Јас и ден денес комуницирм со мојата фамилија и со пријателите што таму ги запознав.
https://www.facebook.com/groups/611411452251334/ Еве една група А ова се правилата за САД http://j1visa.state.gov/programs/au-pair/ Незнам како е за Европа ама за САД неможе сам да си најдеш фамилија без притоа да имаш спонзорска агенција Дури и да ја најдеш фамилијата неможе врз основа на некаков договор со фамилијата да идеш во амбасада никогаш нема да земеш виза зошто е многу регулирана програмата Мораш да имаш спонзорска агенција или пак агенција од тука која соработува со ваква спонзорска агенција
Девојки јас си најдов фамилија за 2 дена! Од шпанија, сарагоса. Им се допаднав и треба да одам на почетокот на март. Сакаат да останам 6 месеци, т.е до Август. Сега единствен проблем е дали ќе добијам 6 месечна виза. Плаќаат 60 евра неделата, што се многу малку пари, но мислам дека ова ќе биди супер искуство за мене, и сум среќна и задоволна! Дали некоја од вас имала вакво искуство во врска со визата? Да ми помогне некако?
здраво девојки сакам да прашам неколку работи во врска со програмава.. 1) заинтересирана сум за бејбиситер за германија и ме интересира дали ќе ми платат курс по германски тие фамилијата или јас морам од свој џеб? 2) дали морам да готвам? 3) дали има некоја поволност и колку вие сте задоволни од оваа програма ..? фала однапреед
http://www.aupair-world.net/index.php/m ... d/profile/ на оваа страна може да си наоѓате фамилии без посредство на агенција исто така и си пишува посебно која фамилија што бара,дали е само чување на деца, или и чистење, готвење и колкава е платата месечно. Најчесто се со сместување и курс од нив (за германија) и околу 280 евра месечно или колку се договориш со нив.
Девојки сакам да аплицирам за америка за бејбиситерка но моментално немам возачка дали ќе може да аплициеам без возачка односно да направам апликација а во меѓувреме да вадам возачка?
Има некоја девојка што веќе работела во Америка како бебиситерка или сеуште работи да сподели искуство ? Фала
До пред 2 месеца бев во Минхен како Au Pair.Јас не бев задоволна и останав само 5 месеци.Пред да се започне со работа ветуваат се и сешто,ама кога си таму сакаат целата работа во куќата да им ја работиш,курсот не ми го платија јас самата си плаќав(еден курс кошта 260 евра).Се на се кај непознати најпаметно е добро да се размисли пред да се трга.
Од нашиве агенции не знам дали воопшто има некоја сериозна што посредува за Ау паир. Јас додека бев без работа вртев во Итракс мислам беше во Аеродром. И ми вика жената “Преведи документи, завери на нотар, извади си виза и кога ќе средиш се јави ми се да дојдам во канцеларија затоа што не седам постојано таму. А ако си најдеш сама семејство уште поубаво “. Многу несериозни. Па тоа преведување документи, виза вадење чини време и пари, и врз основа на што ќе барам јас виза. Можеби Контекст се добри, ама за студенти само и дел од прогрмите им се во мирување.