Зошто не беше задоволна? Што ти беше различно од договорот ? Како ја најде фамилијата? Се запознавте добро пред да отидеш?
Здраво девојки, Имам прашање не за фамилија и искуства таму, за тоа доста читав порано и јасно ми е се, туку има ли некоја девојка што сама си нашла фамилија на интернет а не преку агенција. И ако има како баравте виза (за ЕУ земји ме имтересира) ако има некоја девојка што добила виза во шпанија моѓе ли да ми објасни дали барала виза за туристи или работна. Бидејки прашував во амбасадата виза за 1 година како турист неможам да добијам, а работна пак во Шпанија тешко бидејќи се во криза па си сакаат нивни работници. Било каква информација е од помош. Благодарам.
Колку време пред да одиш се аплицира? Можам ли да одам само на три месеци или мора повеќе? Даваат виза ако немаш возачка? Споделете некои искуства од Шпанија.
Ако разбрав добро, се бараат само бебиситерки или се им работиш по дома? И дали работава е само за женски? Ако одам, би одела со дечко ми.
Може некоја што работела во Германија или Холандија Бебиситер да ми објасни подетално колку пари се вкупно ви излезе ? преку која агениција заминавте ? дали е потребно ЕУ пасош ?? дали само летото може да се замине ? Пишете ми во ЛП
како што се рашпрашував јас се цела програма кошта околу 950$ ...јас се мислам да аплицирам преку нив
Може некој подетално да ми објасни што е au pair? Дадилка, супервајзор, чистачка.. Дали треба да се знае јазикот во државата во која престојуваш? Колку отприлика се движи платата? Освен виза, што друго е потребно?
РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Грижа за децата, нивно облекување, капење, играње со нив, Подготвување оброци за нив, чистење на нивните соби, местење на детските кревети перење/пеглање на алиштата Возење на децата до училиште или до други активности Помош околу домашните задачи на децата Сите работни задачи се во врска со децата. Од бебиситерката не се очекува да извршува потешки задачи во домот РАБОТНИ ЧАСОВИ: 45 часа седмично. Во времетраење на 12 месечната програма, дозволен е 2 седмичен платен одмор. ПЛАТА: Минимум 195$ седмично. Сместувањето и исхраната е на трошок на фамилијата односно обезбедена сопствена соба во нивниот дом како и дозволено користење на храната. ДОКУМЕНТИ: 1.Пасош; 2.Апликација; 3.Две препораки за искуство во грижа на деца; 4.Диплома од средно образование; 5.Уверение за неосудуваност; 6.Медицински извештај; 7.Возачка дозвола; 8.Препорака за возачко искуство;
Јас сум заинтересирана да аплицирам за AU PAIR за во Америка. Ве молам ако некој има искуство да сподели како поминал, колку време останал, дали бил задоволен од плата, од фамилијата (исклучиво ме интересира за во Америка). Ви Благодорам. Ај нека ми пиши некој ЛП ако веќе има аплицирано за во Америка за 2014/2015
Јас моментално работам во Шпанија како ау паир. Дојдов без виза на 3 месеци со авион, но ако одиш со авион кажи дека ќе одиш на гости кај пријатели. За фамилијата немам зборови, дома ништо не работам храната е подготвена јас само ја сервирам, децата се облекуваат сами собата ја чистат сами, јас им помагам да учат англиски ( а тие мене Шпански ) Моја одговорност е само да им дадам доручек, да решаваме вежби за во училиште, да си играм со нив, да им помогнам да си го наместат креветот да ги нагледувам кога одиме на базен да ги однесам и земам од училиште и да им го сервирам ручекот. За викенд ме носат со нив на прошетки низ Шпанија, ме третираат како член од фамилијата. Инаку сама си ја најдов фамилијата преку https://www.aupair-world.net/, возачка не ти треба (има фамилии кои не бараат да имаш возачка). Ти препорачувам да не вадиш виза бидејќи работна виза не даваат (заради кризата преферираат да вработуваат Шпанци) а за туристичка треба да имаш многу пари на сметка.
Gali.. kako rabotis bez viza da platis ne e moznm jah sa sum vo austria aupair obavezno se plaka za viza kolku sto ti e dogovorot so familijata
Здраво дечки! Ме интересира за au pair дали некој има искуство за во Англија? Дали лесно даваат виза или не и каква е платата? Фала
Епа со туристичка на 3 месеци, пробавме со фамилијата и други опции ама немаше избор па отидов со туристичка.
Ladies, дали некоја од вас има искуство во Норвешка? Јас прашав кај агенцијата Контекст, но ми рекоа дека процедурата за виза била долга и дека тешко да се најде семејство од таму.
3000ден се плаќа за апликација, по добивање на семејство се уплаќа за виза 160$ + 35$ за SEVIS такса по наоѓање на фамилија (пред да ви испратат авионска карта) се уплаќаат 555$ (иначе програмата вообичаено чини 695$, сега имаат попуст до нова година) Јас сега аплицирам, ако има некој некакво искуство за споделување нека ми пише.