AwesomeBooks е онлајн сајт за порачување на користени и нови книги, нуди добро сочувани користени книги за поволни цени со интернационална достава од 3 фунти. Книгите се претежно на англиски јазик и целта на создавањето на ваков сајт е да им се најде дом на користените но зачувани книги Дали некој порачувал од оваа страна? Јас планирам да си порачам книги од Крис Картер користени, па ме интересираат искуства
Јас имам порачувано. Успеав да најдам две користени книги, едната за само 3 долари, другата за околу 5 (hardcover). Се гледаше дека се користени секако, и го имаа мирисот на стари книги, ама не паѓаа листови и беа во океј состојба. Тоа ми е доволно мене. За вакви книги дефинитивно се исплаќа, цените се одлични. Само ретко да се најде нешто што специфично го бараш. Јас околу 6-7 книги имам од таму порачано, од кои само две успеав да ги најдам користени. Сега последно кога нарачав, една од книгите не ми стигна, им пишав мејл и ми ги вратија парите. Моја препорака е да си ги нарачаш, одличен е сајтов, плус за секоја купена книга една донираат, што е одлично.
Малку застарена тема... меѓутоа би сакала да прашам за колку време обично стигаат книгите? Пишува за 2 недели, но дали тој рок се почитува?
Мене ми стигнуваат за околу 3 недели. Зависно во кој период ќе нарачаш, може да чекаш повеќе. Но, секогаш се фер и го продолжуваат рокот за рефундирање. Последно пред католички Божиќ им пишав бидејќи книгите ги чекав околу 4 недели. Ми кажаа дека поради празникот можно е да има задоцнување и да почекам уште малку пред да побарам refund. После неколку дена стигнаа книгите. Во секој случај, се исплаќа чекањето
Најмногу што сум чекала е пет недели, не им ни пишав мислам зашто и мене ме фатија празниците, ама ако многу доцнат можеби е паметно да се исконтактираат. Битно секако ќе ти стигнат книгите, фер и коректни се секогаш. Омилен сајт ми се за книги, ми има нешто посебно убаво во книгите земени на старо. Никогаш не се случило книгите што ги праќаат да бидат оштетени или неупотребливи.
Да ја освежам темава Имав нарачано 2 пратки - не ми стигнаа, а поминаа 2 месеци откако нарачав. Парите ми ги вратија. Супер почеток, прв пат нарачував... Во меѓувреме на 1 април направив нови 2 нарачки (скоро истите книги од првите 2 нарачки, и некоја плус ), денес е estimated delivery, ама не верувам да стигнат денес... дали некој друг нарачал периодов, што се случува со пратките, за колку време стигаат. Се надевам овој пат ќе стигнат, инаку ептен ќе се разочарам од странава
Имам прашање за ова тема. Денес нарачав книги по втор пат и во кошничката ми пишува Standard worldwide delivery for Macedonia 13 June - 22 June, а во историјата на нарачки стои Estimated Delivery date 19 May. Во информациите за Shipping стои дека шипинг за Македонија е 7-14 работни дена. Како што напоменав ова ми е 2ра нарачка, предходната требаше да стигне на 28 Април и им пишав email, ми одговорија дека тие немаат контрола врз поштенските/курирските услоги. Сега не ми е јасно како се воспоставени датумите на достава и зошто не се совпаѓаат.