Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AwesomeBooks

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MeckaCia, 16 ноември 2021.

  1. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    AwesomeBooks е онлајн сајт за порачување на користени и нови книги, нуди добро сочувани користени книги за поволни цени со интернационална достава од 3 фунти. Книгите се претежно на англиски јазик и целта на создавањето на ваков сајт е да им се најде дом на користените но зачувани книги :)
    Дали некој порачувал од оваа страна? Јас планирам да си порачам книги од Крис Картер користени, па ме интересираат искуства
     
    Последна измена од модератор: 16 ноември 2021
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.127
    Пол:
    Женски
    Јас имам порачувано. Успеав да најдам две користени книги, едната за само 3 долари, другата за околу 5 (hardcover). Се гледаше дека се користени секако, и го имаа мирисот на стари книги, ама не паѓаа листови и беа во океј состојба. Тоа ми е доволно мене.
    За вакви книги дефинитивно се исплаќа, цените се одлични. Само ретко да се најде нешто што специфично го бараш. Јас околу 6-7 книги имам од таму порачано, од кои само две успеав да ги најдам користени.

    Сега последно кога нарачав, една од книгите не ми стигна, им пишав мејл и ми ги вратија парите. Моја препорака е да си ги нарачаш, одличен е сајтов, плус за секоја купена книга една донираат, што е одлично.
     
  3. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Малку застарена тема... меѓутоа би сакала да прашам за колку време обично стигаат книгите? Пишува за 2 недели, но дали тој рок се почитува?
     
  4. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Мене ми стигнуваат за околу 3 недели. Зависно во кој период ќе нарачаш, може да чекаш повеќе. Но, секогаш се фер и го продолжуваат рокот за рефундирање.

    Последно пред католички Божиќ им пишав бидејќи книгите ги чекав околу 4 недели. Ми кажаа дека поради празникот можно е да има задоцнување и да почекам уште малку пред да побарам refund. После неколку дена стигнаа книгите.

    Во секој случај, се исплаќа чекањето :D
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.362
    Пол:
    Женски
    Најмногу што сум чекала е пет недели, не им ни пишав мислам зашто и мене ме фатија празниците, ама ако многу доцнат можеби е паметно да се исконтактираат. Битно секако ќе ти стигнат книгите, фер и коректни се секогаш.

    Омилен сајт ми се за книги, ми има нешто посебно убаво во книгите земени на старо. Никогаш не се случило книгите што ги праќаат да бидат оштетени или неупотребливи.
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Да ја освежам темава :D Имав нарачано 2 пратки - не ми стигнаа, а поминаа 2 месеци откако нарачав. Парите ми ги вратија. Супер почеток, прв пат нарачував... :D Во меѓувреме на 1 април направив нови 2 нарачки (скоро истите книги од првите 2 нарачки, и некоја плус :D), денес е estimated delivery, ама не верувам да стигнат денес... дали некој друг нарачал периодов, што се случува со пратките, за колку време стигаат. Се надевам овој пат ќе стигнат, инаку ептен ќе се разочарам од странава :(
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doumacon

    Doumacon Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Имам прашање за ова тема.

    Денес нарачав книги по втор пат и во кошничката ми пишува Standard worldwide delivery for Macedonia 13 June - 22 June, а во историјата на нарачки стои Estimated Delivery date 19 May. Во информациите за Shipping стои дека шипинг за Македонија е 7-14 работни дена. Како што напоменав ова ми е 2ра нарачка, предходната требаше да стигне на 28 Април и им пишав email, ми одговорија дека тие немаат контрола врз поштенските/курирските услоги. Сега не ми е јасно како се воспоставени датумите на достава и зошто не се совпаѓаат.