Првата ќерка - 39+4 природно Син ми - 39+1 природно Третата ќерка 39+4 природно четртото синче ќе видиме рано е денеска 11+5 сум
Првото го родив на 26. второто на 29. третото денот кога наполнив 31 не пуштија од болница баш на роденденот сега ова последното на 32 ќе го родам.
Ааа не доста се !! нека се живи и здрави само и нека дава Господ кај што нема. Четвртово испадна скроз непланирано и неочекувано и се решивме да го задржиме. Прво шок не мавна после се навикнавме па да скоро како ирски близнаци ќе бидат ! ќерками имаше 7 месеци кога сум останала трудна
41+0 со двете, двете со сила вадени, првото природно, второто царски. Сите ми викаа чекај процес сам да почне, јас одев на индукција. Сонував дека сум стигнала до 42 недела и сум рекла на тие што ми викаа чекај: Ете дека немаше сама да почнам да се пораѓам. И знам дека немаше...
И јас ако имам некогашш второ нема шанси со провокации. Подобро царски него провокации, така сум ставила у глава
Абе ако успеат ај.. И јас така си ја читав првата породилна приказна и имам пишано следно чекам сам процес да почне. И пак отидов на индукција, ама овој пат не успеа и царски се породив. Само среќа во несреќа е што немав болки. А психички отидов тие денови на скроз. Али вреди за природно ако успееш. Само моево тело ништо не памти од првиот пат
зошто не сакавте индукација. Јас читав за мојата состојба пишав наназад страници. Можно е да имам потреба….
Вториот пораѓај ми беше со провокација и за неполни 4 часа откако ми ја ставија се породив, лесно и брзо.
Зошто е најубаво процесот сам да си почне. Провокација на крај да за да ти помогне, ама јас одев ич отворена со грло 3 цм индукции да примам. Можеш да замислиш кое малтретирање е да се започне пораѓај без знаци за истиот. Јас лично болки како болки немав многу, ама непријатно е целото искуство. На ГАК ова. И 3 дена те форсираат. Ти како што знам во Ремедика ќе одиш, сигурно не е толку непријатно. Инаку јас ете физичкиот дел ќе го заборавам, цел психички момент со надносување и желба да успее се ме уби мене. А викаат и дека болките биле појаки со индукција, ама мислам индивидуално е тоа. Јас 4 прсти отворена со индукција немав болки, жени спонтано почнат процес 1 прст отворени рикале корнеле. Башка на ГАК кој доктор како дојде си употребува свои методи, јас 3 дежурства фатив, друго е еден доктор да те следи.. Сите работи што мене ми беа проблем мислам нема да ги има кај тебе. Уживај си, ќе биде како ќе биде, исходот вреди.