Не е прегладнето, тоа сигурно. Се задави, баш се задави. Го превртев наопаку, го удирав по грбче, па исплука. Од гаг рефлексот не се плашам воопшто. Мене ми е јасно тоа, ама толку ми беше трауматично и таков страв набив, секое седнување за јадење сега ми е престрашно. А продолжува исто да бута и покрај тоа што има во уста храна. Стварно не знам како да постапам.
Ова моево не сака мали парчиња да јаде, сака цело нешто да му биде во раче. Никако не сака парченца да стави во уста, само ги гмечи и фрла. Ама можно е и тука да лежи проблемот, морам да пробувам цело време да давам мали парчиња. Вчера беше подобро, не буташе друго додека не го голтне тоа што му е во уста, ама со џвакањето пак исто.
Ако му даваш комбинирано каша и парчиња, да му дадеш прво каша да се засити малку па, на пола кога ќе сте да му ги дадеш парчињата, ама ако е над 9 месеци секако мали парчиња и 2-3 на хранилка. Јас така почнав да правам и се подобрува џвакањето. Не почнав со парчиња од почеток и као ај да пробам и дадов големи парчиња ко за 6-9 месеци, ама големи залаци откинуваше и стресно и ризично ми личеше. По совет на @IRBBB и што читав по нет вака решив да давам, прво каша па после мали парчиња и ги нудам. Кашите сега ги пасирам, само месо блендирам, па следна фаза ми е ситни парчиња во кашите и плус парченца за сама.. и се надевам за месец два ќе постигнеме некое подобро ниво.
Пиши ако дадеш како ќе поминете. Јас дадов од купена кашичка. Често дома имам свеж па сакав да му ставам малку цедено сокче во овес ама не знам зошто се премислив. Поинаку не знам како. Блендирано? На парчиња не верувам дека ќе се снајде.
Јас имам дадено, вака беше сечен на тенко триаголниче, јас го држев парчето а таа грицкаше, шмукаше, и се бендиса. Само тоа ќошето горе што е црвстиот дел го засеков малку.
Parcinja i dadov kako sto kazaa na solid starts za 9+....generalno ok projde jadese ama pocna da i se lizga, a bas bite size i gi napraiv i se otkaza.
Поупорна да си. И јас ако му понудам и поголеми и помали парчиња, поголемите ги фаќа во раче, помалите ги пушта на земја или ги плеска. Ако понудам само мали, тогаш од нив си зема. Додуша не е многу умешен уште, тешко му е да ги јади, пробува да голтни без џвакање, затоа не го брзам. За џвакањето, ќе јадите сите заедно и шо вика Срна ќе џвакате силно, драматично, со отворени усти, да ве гледа.
Bas taka najselski skroz sprotivno na bonton Denes sedime kaj moite na rucek bebevo samo jade vecera za nea doduse i starive a lapce pleskaat bravo...samo im vikam dzvakajte jako site i pocinja grupno mljackanje
Ова со џвакањево стварно имало ефект и моево почна прво да џвака пред да голтне ама морам да го потсетувам џвакам гласно и после не имитира дури и замижува и прави фацки Многу е смешен Исто и јас давам прво каша па после ситни парченца зошто 2-3 пати баш се задави фино и ми е страв сега.
Со БЛВ пред 9 години, за првото дете почнав инстиктивно, кога не ни одеше со режим од педијатар. Експериментирав, пробував и барав што функционира за моето дете и дојдовме до лапање парчиња и неблендана храна. Со оглед на тоа дека имаше скромна литература, сепак си пронајдов одговори зошто моето дете не сака да биде блендано и безвкусно па така теравме. Со второво од сам старт БЛВ. Побарав стручна поддршка од кај мајактаката ама не можев да дочекам да ми одговори и навечер срчав, копирав и правев табели, лепев и создадов концепт на БЛВ од прв ден па така и почнавме. Еве сме, 7,5 месеци од прв ден на БЛВ. Чивечево само јаде се живо и диво. Од овошја и зеленчуци, сите меса, јајца, алергени, јаткасти плодови, глутен… се Значи ако сте нетрпеливи како мене, има аир и од тоа. Ќе си засукате ракави и ќе изгледате се од видеа за гагинг и давење разлика и се можно што ќе ви ја зајакне довербата во своите одлуки но и најмногу во своето бебенце. Најумни сме како бебиња, инстиктот за да преживееме ни е најсилен, најмногу си го слушаме организмот пто и колку му треба, верувајте. Само нудете упорно и за две недели веќе ќе имата човечуљак што знае што прави со храната
Јас денес прв пат дадов, на пола пресечени. Си ја фаќаше половинката и така јадеше. Исто, бебе е 10 месеци.
Дали некоја од вас прати БЛВ јадач во градинка? Моево за некој ден полни 9 месеци, а за една недела трга во градинка. Супер ни оди со методава и со парчиња и со самохранење со лажички, а во градинка кога зборувавме на темава, госпоѓата ми се изнасмеа со муабет - “е како не дете од 9 месеци ќе јаде само, па ни деца од две години не знаат да јадат сами” и ми кажа дека таму ги хранат традиционално само пасирана храна со хранење од учителките. Прашањето ми е какво е вашето искуство и како ова понатаму се одразило на самохранењето на вашето дете? Да не зборам што не дозволуваат да се носи млеко кое секако треба да е главна храна.
Vo drzavnite e taka i jas moeto kombinirano go teram. Ima jadenja sto znae deka i se davaat i sedi mirna ne prai problem,ima skroz sama koga jade. Mene mi e pomirna glavata deka kasi davaat,inaku ne mi se sigurni deka ubavo ke posluzat i ke mozat da gi gledaat da ne se podzadavi nekoe. Da e 1 zena na 3-4 dena ok da teraat blw ama vaka kaj moeto ima 18 bebinja na spisok. Posle godina i neso koa ke napraat im davaat sami da jadat i nema dete sto ide u gradinka i ne znae samo da jade taka da ne se sekiraj
Една од главните причини што ја запишеме во приватна градинка е ова. Од 6 месеци, од сам почеток јаде сама по блв. Во приватнава градинка ме прашаа како јаде бебето и ако јаде само само го оставаат да јаде и му служат парчиња. Здравје боже од април почнува па ќе споделам искуство.