Немам лично искуство, ама кога ја прашав Ката на обуката за истово, ми рече да не се грижам, детето ќе научи дека во градинка ќе го храни друг со блендирана храна, а дома ќе си јади само. Можеби почетокот ќе му е збунувачки, ама за многу брзо ќе се адаптира. Навистина е жално шо во градинките им даваат блендирана храна до 2 години, па и повеќе. Детенцето на моја блиска пријателка има нешто повеќе од 2 години, треба да чека август за да се формираат нови групи за да го префрлат од јасли во поголемата група. Дома јаде само, единствен проблем му е месо, не може да го џвака. Така да, од туѓо искуство би рекла внимавајте со месото.
Како се адаптираат, не знам, мојов не сака да го хранат во градинка, а и дома многу ретко може да прифати јас да му дадам со лажичка стандардна кашичка. Евентуално од лажичка од мене би каснал павлака/грчки јогурт, и тоа преферира он да ја држи лажичката. Сигурно колку што е детето помало е полесно да прифати нови работи. Мојов тргна во градинка на годинка, на почеток знаеше нешто да касне таму, ама многу често отсуствуваше заради настинки и еве сега е година ипол и не сака да го хранат таму. Ама на година ипол се нај picky со јадењата, така што не ме чуди. Можеби ќе се навикне, не знам.
Палачинки и мафини како им сервирате? 13 месеци е мојата ама незнам како да и стокмам на хранилка. Барав на нет не најдов нешто баш Тенкс
Jas bi sakala da pocneme ama nekako mi e strav, iako koga jademe nie sekogas zjapa vo nas kako da saka da zeme da stava vo usta...
Нема зошто да се плашиш, бенефитите се огромни, побарај ја Мајката Ката на инстаграм за обука и постави и ги сите прашања што ти се вртат низ глава. Моево е 9+ месеци, со БЛВ почнавме на 6 месеци и од оваа перспектива среќна сум што решив да не го хранам со лажица.
I jas bi rekla za pogolemo prvo na zalcinja ama ke si vidis. Mojata se podava za tanjirot so celi palacinki, saka sama da grize i da kine zalcinja...nejke jas da i kinam,a 11mes e
Денес дадов банана на бебе (7+++), поделена вака ко на сликата десно. Си зема со рачето да јаде, нешто ќе фрли нешто ќе згмечи, нешто ќе фрли на земја ама последното парче кога го зема одгриза поголемо залче и не можеше воздух да земе. Одма срипав ама дури да интервенирам он го искашла. Знам дека gagging е нормално ама ова не беше gagging туку почна да прави како да не може да дојде до воздух. Дали згрешив негде или дека одгриза поголемо парче се случи ова? Ви се случило ли и на вас нешто слично? Ептен се потресов.
Мене ми се нема случено вакво нешто со банана, со тиквица ми се има случено. Кога јаде банана му ја давам цела банана. Си ја држе во раче, т.е заедно ја држеме и си одгризува точно еден залак, не може да ја стави цела банана наеднаш во уста. Мали парчиња ако му давам си игра со нив, не ги јаде, а сум пробала на поголеми парчиња, сѐ што може да го бутне цело во уста ќе проба да ги бутне, а нема да може да го изеде наеднаш и ќе се дави. Вака да пробаш, друго не знам....
Дали има некој слично искуство да ме поучи што да правам.. Малово го хранев комбинирано, и по BLW и му давав да јаде јас ама секогаш пасирано или со парченца, не блендирано (еднаш просо му изблендирав само пошто се гадеше и толку). Се што ќе му ставев на послужавник од хранилка си јадеше без проблем ама сега откако е тргнат во градинка не сака ништо во раче да фати, како да се гади од текстурата. Исто и ако се обидам да му дадам директно во уста помало парче овошје или зеленчук, одма затвора уста или ако го лапне, го плука за секунда. Банана, јаболко, слива, јагоди, краставица, домат - све ова пробувано по повеќе пати изминативе недели, све одбива да земе. Ве молам ако знае некој што може да е причината за ваквата промена, дали е некоја нормална фаза или треба да се загрижам. Да напоменам дека нема проблем со јадење мафини, палачинки, лепче, т.е. ствари што му се посуви на допир.
Мали парчиња јаде ако јас му ги давам во уста ама не е тоа поентата нели. И твоето тиквицата ја искашла или? Ептен стресно значи
Во градинка мислам дека ги хранат со лажица, сами не јадат ако е во јасли. Бар мислам. Можеби тоа придонело за промената, не знам со сигурност. Во градинка мислам не јадат со раце, само со прибор. Дај му лажица, онака да видиш што ќе прави со неа.
Да, во јасли е и ги хранат они ама пошто и јас сум го хранела така паралелно со BLW не мислев дека би имале проблем. Ќе пробам со лажичка, фала на идеја.
Друштво ми треба совет, блв од старт или комбинирано или пасирано? Страв ми е од ова давење што го зборите. За 2 недели сме 6 месеци може ќе почнам порано. И дали обуката од мајкатаката ја земал некој како е задоволен или си терате сами?
Моево па нејќе ништо да стаби у уста не пасирано, со смоки пробав, со овошје со бисквити за бениња. Нопе. Не вреди.