Ако бананата била зрела, никаде не си погрешила. Едноставно се случуваат и ќе се случуваат такви работи додека да се научи да ги плука поголемите парчиња што ги откинува а не можи да ги совлада. Знам дека е стресно, милион пати ми се има случено, особено на почетокот. Со таа разлика шо син ми (исто ко мене) не знае да искашла и пробуваше да поврати, па требаше повеќе време за да го исфрли и секоја секунда вечност ми беше. Сѐ шо ти треба во тие моменти е сталоженост и присебност. Да знаеш да разликуваш симптоми на гаг и давење и да знаеш да пружиш прва помош при давење (ова сите треба да го знаеме, небитно дали блв или традиционална дохрана и дали е бебе или дете) за не дај Боже. Гаг рефлексот им е многу напред на јазикот, како растат така ќе се поместува поназад и ќе намалат тие епизоди. Колкав е мама? 12-13 месеци, така? Кај 11м син ми имаше еден период кога нормално си земаше храна во рачето, си носеше до уста и плукаше. Сѐ плукаше, и мало и големо парче, па не го ни заџвакуваше или ќе џвакнеше и плукнеше. Дури и на пасирана храна ако сетеше поголемо парченце го плукаше. Така што, можеби е некоја фаза. Исто/слично искуство има @kostovaivana и нејзината откако почна во градинка престана да јади сама. Можеби е до начинот на кој ги хранат таму. Кога ќе усоврши пинцета фат, маф ќе прави сѐ. Интересно ќе му биде, како мравки ќе ги собира од хранилка и ќе мели. Јас почнав од старт и да се вратам пак исто би направила. И за друго дете исто би направила. Почнав со дохрана од 6+/6++ оти претходно не беше спремен, не за јадење туку со стабилно седење. Ја земав обуката на мајката Ката. Воглавно се познати работи, секако дека има и нешто ново што ќе научиш, ама ништо шо не би го научила во текот на самиот процес на дохрана. Реално на инста има мноооогу профили за блв, што мене ми беа/се од голема помош. Од друга страна, огромна предност е што после завршувањето на обуката, останувате во контакт и Ката е навистина посветена и стои на располагање за помош за сите предизвици и проблеми.
Еве денес точно 13 месеци, блиску се нашите родени ајде ваљда ќе помине фазава, ме секира дека не внесува доволно витамини преку храна ама па и ме заплаши малку дека прави гадлива фаца кога ќе допре овошје/зеленчук со рачето, што не се случуваше претходно. Дефинитивно ќе да му е збунувачки со хранењето во градинка. Инаку уз недопирањето на овошје/зеленчук, сега имаме и фаза фрлање. Јаде палачинчиња на пример и ќе му текне ќе почне да ги фрла парченцата на земја и чека реакција.
Ни јас не можам многу да се пофалам. Главна храна ни е цице. И лебести ствари. 3 оброци има, некогаш јади повеќе, некогаш помалку. Ми е страв да мерам, оти тоа повеќе сигурно не е повеќе од 100тина грама. Ужинки нема, ужина му е цицање. Сега е во фаза кога не сака ништо да допира со рака, освен суви јадења. Исто, се гади од сѐ и ако има остатоци од храна на рацете мавта за да му паднат, се нервира. Сака да јади со прибор, за жива глава не дозволува никој да му дава храна. Можеби ако е многу гладен залак-два од друг ќе касни колку да засити глад и после сам се труди. А не знае ни да нацрпи во лажичка, ни да бодни на виљушка па ги носи празни в уста и по некое време се нервира и престанува да јади. Од блендирано или ситно пасирано се гади. Течности освен вода не сака да пие. Супа многу сака, па кога му давам супа дома е урнебес дека сам "јади". Си се пожалив и јас. За фрлањето храна не знам дали има помош. Пробано е и со игнорирање и со станување од хранилка и со зборување. И сега е научен за сѐ шо му зборуваме дека не треба да го прави, да го прави намерно и да мавта со прстето, демек го караме да не прави така. И ако го игнорираш, почнува да вика за да го видиш дека прави нешто шо не треба. Дур сум тука, дајте ми препорака за убав прибор за јадење. Да земам метален или уште е рано за метална виљушка (12++ е)? Имаме еден силиконски, лажичката е топ, виљушката има многу дебели боцки и ништо ситно не може да се бодни на неа.
Ми е страв дур мавта за да бодни да не се повреди некако. Ќе морам да се престрашам и да не го кочам. Фала мама.
@Mucika да не се повторувам, исто ко @IRBBB за БЛВ - од старт само БЛВ, обука од мајката ката и задоволна сум и профили на инста, особено Solid Starts.
Како давате парчиња на 16 месеци? Од 9 месеци некаде почнав парчиња да и давам, ама големи и си грицкаше, дали банана, смоки,бисквити, лепче, мафини, палачинки итн. Не и давам по блв метода, на комбинирано е, зависи што, некогаш блендирано, некогаш пасирано некогаш парчиња. Ама сега почна да бута во уста поголеми парчиња. Пример јагоди како да и ги сечам? Цели ќе ги напика не ги грицка. Една јагода на 4 парчиња ги бута нонстоп и не ги дожвакува, па цели ги голта. Пинцета ќе јаде додека јаде ќе и се здосади и ќе исплеска после се или ќе фрли. Сега и цели бисквити знае да набута и смоки и се по ред.
Јас мислам дека проблемот е до џвакањето, а не до сервирањето. Може да е резултат на несамостојно хранење мека храна со лажица, каде шо реално нема шо да се џвака, туку е лапни-голтни. Поработете на џвакањето, ако треба сите за време на оброк џвакајте гласно и со отворени усти За да сфати колку е важно да џвака. Исто, ако јаде со раце, давај прибор, со прибор секако ќе јаде побавно.
Да да проблем е џвакањето, не е до крај. Инаку ко нездрави сме за време на оброк, сите ко блесави џвакаме, да му падне мака на некој од страна да не види. Со прибор пробав , ама после бара само така, а тоа ми е проблем за во градинка, ќе престане да јаде таму, а сигурно нема со неа да се мафтаат. Нешто и давам сама со прибор, ама проблем после ми прави како што кажав. Ништо ќе тераме да џвакаме сите ко флекнати.
Moze nekoja druga faza mu e. I moeto e vo jasli pa jade i parcinja doma ama poveke saka da si igra pa ceka taa da so igra so igrackite a jas da ja ranam
@IRBBB ako mozes vidi vo ikea ima komplet plasticen pribor lazica viluska noz negde 5-6 komleta vo kesa vo razni boi. Nie sea ucime viluska i so toj bas super i odi. Nekad ja i bockam nekad i sama probuva
Сакам да почнам blw и се каам што не почнав од почеток сега бебе има скоро 9 месеци, му давам парчиња како леб намачкан со нешто, колачиња, бисквити ама главните оброци му се пасирани. Едно ме буни. Тој си јаде 3 оброци по 200 грама. Плус за добро утро и добра ноќ по 200мл. ад. Сега кога ќе почнам со парчиња си викам гладен ќе биде стално и ќе му го измешам редот оти од 200 гр. сега со блв може 100 ќе успее да изеде
Ke se navikne ili ke ti pobara pak pocesto. Davaj i ovosje zelencuk na parcinja ne.mora da e samo leb mackan
Еве да се надоврзам на @IRBBB. Блв од 6 месеци тераме со тоа што мојава никогаш не пројаде како што треба . Кога тргна во градинка почна да јаде ама одвај. И таму на секакви начини пробуваа да и даваат и на крај почна да јаде пасирано и да и дава некој. Почна и дома така да прави, парчиња кога ќе и наредам на хранилка секундарно се завршува на земја пошто е у фаза се да фрла а ако и давам јас си јаде и многу убаво џвака. Ама ете сама не сака. Пасирано и дома си јаде. Ама е смрт со оброците , едно исто јадење 5-6 пати ќе го јаде со сласт, после ко отров да и даваш. Среќа барем оди во градинка па таму ја хранат И јас пак би се одлучила за блв методот пошо дефинитивно е до детето, како сакаш храни го или ќе јаде или не. И на 6 месеци се многу попаметни него што мислиме и контаат дека е тоа храна и дека се јаде и ако е јешно детето ќе јаде. Ако не е ни кашички нема да сака. А блв има еден тон други бенефити. Еве на година џвака како возрасен пример.
Јас пробувам цела недела за појадок му давам парчиња, имам проблем со тоа што бебе е премногу алчно и го бута целото парче во уста, почнува да се дави и никако не плука тоа што му е вишок.. бркам прсти низ уста да му го извадам и не можам да го смирам од плачки оти сум му земала и така појадува саат ипол.
Јас почнав од денес за појадок прв пат му направив тостирано лепче и го исеков , краставица и јогуртче. Супер јадеше како за прв пат и доста изеде. Моето бебе е 7++ месеци и веќе сме почнати со блендирано од 5 месеци, сакав да проба и за ручек да му дадам сам да јаде. Му направив јајца и ги исеков според solidsstart, морков и јаболко на пареа додека омекнат. Јајца прв пат пробуваше се мрштеше како и секогаш нели кога пробуваат прв пат ама јас морав да му дадам неќеше да ја чепне храната правеше фаца како нешто гадно да фаќа и никако да отвори уста. Морав да му дадам друго нешто. Што мислите која е причината што неќеше самиот да јаде вториот пат? Дали може ако е многу гладен така да прави или ? А баш се прерадував сабајле кога си јадеше, имав пробано и на 6 месеци да му дадам сам да јаде ама ја фрлаше само и си играше со храната па баталив. Поискусните мајки help