Јас пак мислев дека ова е природен процес низ кој минат сите бебиња и сакав да прашам од кога може да се почне, а не посебна техника за исхрана. Јас мислам дека син ми би можел да јаде овака, гледајќи од видеата, он е спремен, ама не сум сигурна колку јас сум спремна и подготвена за тој стрес. Пред некоја недела му дадовме да проба парче лимон. Го шмукаше што го шмукаше и одгризал мал дел од крајот, приметив откако почна со гаг рефлекс, во паника го земав, го превртивме, мм го држи, јас брцам во уста и го извадив. После ова мислам дека ќе причекам со техникава, колку и да ми изгледа примамлива.
дали имаш линк од книгава? јас сакав да ја нарачам втората што е пола објаснување за блв, пола идеи за оброци, ама може и оваа да си ја читам дур ни дојде време за дохрана. @PurpleMind ризично е да се вади храна од уста кога бебе се закашлува, може несакајќи да му се бутне подлабоко во уста. сами се способни да исплукаат парче храна што не можат да ја совладаат. треба да се остане смирен во такви моменти и само да се бодри да продолжи со искашлување.
И ова има име и дефиниција? Го практикувавме.. Еднаш и' се спиеше многу и лежеше на масичката со главчето и пикаше в уста јадење... Фала ви што ме потсетивте
Ова е правилен и препорачлив начин на исхрана, за разлика од кашички. Не е помодарство, кашичките се помодарство. Поубаво е бебето од старт на дохрана да се учи дека храната има текстура и вкус, и да џвака со непцата, не мора да има заби. Во кашичките ќе измешаш три намирници и храната нема строго дефиниран вкус за да се прави разлика што е месо, што зеленчук, што овошје. А овде секоја намирница е посебно, обработена соодветно за возраста. Друго, кашичките водат до навика на јадење лапни голтни и недоволно соџвакување на храната што понатаму кај возрасни предизвикува проблеми со желудник. Трето, колку подолго бебето се храни со блендирана храна, потежок ќе биде преминот кон џвакање и ќе има поизразен гаг рефлекс. Четврто, кашичките се лоши за забите, се лепат на нив и создаваат наслаги кои тешко се мијат и водат до расипување на забите. Милиони деца во светот се хранат вака, не е нова мода, освен името.
Јас од 6 почнав вака, кашестите јадења со метод на 3 лажици, останато подготвено, исецкано соодветно. Во градинка некогаш сам, некогаш го хранат, но дома повторно ќе си има самостоен оброк. Мое мислење е дека вака е правилно за моето дете, несомнено за придобивките, но и соработуваше.
Од старт на дохрана се почнува со овој метод, значи од 6 месеци. На 9месечна возраст бебето веќе може да јаде само (под надзор) на овој начин. Во градинка не даваат каши, пасирано даваат што е секако подобра опција од кашичка. Со BLW бебето може порано да се научи да јаде со прибор.
Ни јас каши не му давав од старт. Освен ако бевме нешто во брзање. Јаде пасирано, а во градинка да, му даваат пасирано, ама со оглед на тоа што оди во државна и повеќе дечиња се, не верувам дека би му дале сам да јаде, се уште.
Редот во градинка не може да го менуваш, ама дома е убаво да се применува BLW. И со двете деца почнав со фингер фуд на 9 месеци, немав баш инфо за овој метод, инаку од старт ќе почнев. Ама каши секако не давав. Моите во градинка почнаа на две години, сами јадеа скоро се, освен со лажица, ама брзо ја совладаа.
Од 7+ почнав со овој метод.Не дека планирав нешто строго,бев доста релаксирана во поглед на дохрана,но ќерка ми почна да пројавува сама интерес,да фаќа сама со раче. Блендер дали 15 пати искористив,едноставно гмечев со виљушка. Околу давењето,има една кратка фаза која за сите е својствена и нормална,прават фаца ко да ке повратат,но знаат совршено да манипулираат со залчињата во уста. Не сметам дека е никакво помодарство,многу природно е бебе од 9+ да јаде парчиња,а не мазно блендирано. Иначе,дур работев во јасли(не сум во Мк),бебињата се примаа од 3+ мес,а на 6+ веќе беа седнувани на маса и јадеа сами.За 30 мин колку ке успеат-толку.Имаше побавни и брзи јадачи,но кај сите без исклучок се развиваше фина моторика,односно тој “пинцета фат”.
Веќе сме полни 6 месеци. Дали смеам да почнам со оваа метода со оглед на тоа дека малата сеуште не седи самостално?
Еден од предусловите е да седи самостално.На 6 според мене можеш да пробаш но не очекувај чуда.Ке каснува ептен малце,тешко дека воопшто и ке е заинтересирана да пофати храна,а ако веќе фаќа,ке буричка низ неа и ке ја фрла на под.Ова е малце фрустрирачки,но пак ке кажам,нормална и преодна фаза. Друго,нозете т.е коленцата треба да се свиткани под агол од 90‘,никако да висат. Прати го самото бебе,секое инсивидуално дава знаци во поглед на интерес.
Ќерка ми почна да јаде од 8м сама појави интерес и одеше многу лесно. Не ме фаќаа паники да не се задави само будно го следев секој залак. Одличен јадач е на секаква форма на храна. 18м е сега јаде се без проблем со прибор. Според мене нема ништо по природно од овој начин на исхрана.
Отвараш тегла нутела, ставаш пред бебето, имаш и бејби-лид и заштедено време од истражување на темата.
Бебе е 7+. Моментално јаде кашички, блендирани. Веќе фаќа сам, инсистира он да ја држи лажичката и да си става сам во уста - секогаш успешно ја погодува. Му давам да шмука круша, јаболка, банана, морков, слива и ужива. Седи сам самостојно и ги дава сите знаци дека е спремен за BLW. Прашањето ми е следно - дали прво да пасирам, па да давам фингер фуд или директно парчиња? Искрено не мислев дека е опција од старт да се почне со ваков начин на хранење, мислев дека е следна фаза - после кашички. Да знаев порано, веројатно директно така би почнала, но што е, тука е.. од сега ќе тераме вака
Денес му дадов банана, според препораките од инстаграм профил за овој тип на хранење. Супер беше сѐ до моментот кога му остана мало парче колку пола прст и легендава само го усиса парчето како шпагета. Он не изреагира, ама мене ми се скрати животот, веднаш му го извадив парчето и ја испасирав бананата. Што знам, можеби јас премногу паничам, секоја чест како останувате смирени и истрајни.
Мене од пасирано ми се дави некад од стрвност ми обеле косава. Од што сака наеднаш да ја изеде цела каша.Мислам банана така да му дадам цела ќе ја испика во уста. Да е жив и здрав ама изглеа со лажиче ќе се раниме долго
Јас му давам испасирани храни да ги граба со рачето и да ги пика во уста, тогаш пак не можам да се сносам со хаосот.
Неколку дена по ред, ќерка ми одбива да јаде каши. Изигравам кловн и уште мислам фали на трепки да се наместам и пак нема да јади. Ај си реков ќе јадам и јас со неа, може така ќе јади но напусто - таа се тегни по мојата храна Пробав и' дадов парче морковче и без проблем си го јадеше така.. Сакам да почнам со Blw методот, но таа уште не седи стабилно исправена во хранилката е наместена на 45° и се тегни сама по масичето се исправува на неколку секунди но не е тоа тоа. Баш читав и кај мајка Ката дека за почнување со Blw методот, препорачливо е бебе да седи стабилно само. Не знам што да правам дали да чекам дури да седи сама стабилно или да почнам со малку парченца, совет?
Вадење со прст од уста, строго НЕ! Можеш голема беља да направиш! Ако е големо парчето самото бебе ќе го исплука, а ако ти му брцнеш прст може несакајќи да му го бутнеш надоле и да не може да го исфрли и да почне да се гуши. Банана е лоша за почеток, слатка е и нормално е дека ќе се полакоми да ја бутне во уста цела. Мој совет се благ компир, авокадо, макарони, палачинки, пити и слично...