Ние почнавме од одма, нема оброк од по 100 и кусур грама, нема воведување вкус 3 дена, освен алергени, нема пазење на намирници по месеци, освен мед. Само има правила која храна како се служи. Не знам како би изгледало сега да почнеш, некој ако ранел комбинирано нека те советува. Инаку да, ставај му во лажиче и давај му ја лажичката сам да ја земе и ќе се шлапа, ако утиња ептен уста насочи го. Работата е што нема да изеде колку што јадел кога си го ранела. Освен кашести работи како житарки со лажиче сама да "јаде" (пошто ова по мене не е јадење, туку учење ) друго давам се парчиња соодветно спремни, авокадо, банана, кајсија, праска, пасирам на крај по потреба и со лажиче сама пак да "јаде". Ок сме со кг и крвна слика затоа оставам да гњави храна. Види што можеш од парченца да му даваш, ние планираме денес да глодаме ребра. На солид стартс на сајтот и на апликацијата има детално која намирница како се служи на која возраст. Јас бањам, ретко ми се случува да избришам само после јадење. Вчера два пати јадеше два пати ја бањав.
Нема врска лажичето, не мора да јаде со лажиче. Пробај со бисквити искршени да си ги топи, лепче и сл. Јас му правам мафини, проја, палачинки или овошјето/зеленчукот на парченца и сам си зема со рачето и јаде. Исто и месото му го цепкам и си зема. Според мене малечко е уште, ќе му треба некое време да си го усоврши фатот, али ќе си вежбате, зашо да не.
На почетокот кога бевте со блв, што правите со се што им паѓа од рачиња доле? 4 ребренца имаше сите 4 и паднаа, на крај не знаев што да и дадам. Мм вика абе оди заплакни го
Му ги враќам назад. Секако цело време го лижи подот и лапа играчки што се на земја, а после секое јадење чистам под хранилка.
@Speechless остави го да се шлапка, нека ја истражува храната и нека учи да јади. Во меѓувреме нуди му лажички. Ако не сака во раче да ги земе, оставај ги на хранилка. Едно-две ќе земе случајно, после ќе сфати што треба да прави. За чистењето има многу неред, можеби не толку на почетокот колку околу 9-10 месеци кога почна намерно да фрла храна и во далечина. Што се однесува до бебе, сега е топло, седни го голо, полесно ќе ти е така за средување отколку облечено ако е. Јас постилав/м мушама. После секое јадење ја чистам, ако е многу валкана ја перам во туш кабина и после тоа прскам со дизентал. На почетокот ми беше шубе и фрлав, ама после кога увидов прво колку месо на пр треба да спремиш за да понудиш, па уште колку паѓа и се фрла... Почнав да давам од тоа шо е паднато на мушама. Ако добро размислам откако почна да лази, нема нешто од земја шо не е лапнато в уста, од трошки леб до мравки
Ама оно не јаде ни пола лажиче не се собира. Ама интересни се коа мцкаат од тоа коската. Само пази на острите ќошиња. И јас не сакам свинско искрено за мене не па за бебе.
Не ни планирам. Сега за сега само телешко, пилешко кога ќе најдам домашна кокошка тогаш, а и за риба мислам дека е рано.
Jas od 6-8.5/9 mes negde pazev za mesoto telesko samo jadese i na 9 proba i riba i svinsko za badnik/bozik. Posle se olabaviv se i davav jer sekako u gradinka trgna taka da...pileskoto tamu sekako ne e u dvorot na gradinkata cuvano
А колку често им даваат таму пилешко? Додуша општо, шо им даваат? Не сум запознаена, ваљда пред да појде ќе ми кажат.
Kojznae i toa sto jogurt e...ete si ima glaven kuvar potpisan Jogurt e zatoa sto decava se sto ne jadat ke im kamufliraat so jogurt i proaga valjda polesno ko sto sum razbrala