Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Ми требаат типс енд трикс. Скоро сме 7 месеци и едвај фаќаме ред уште, не сме нешто многу разјадени ни разџвакани. Ме интересира како ви изгледаше еден ден ако сте правеле целодневна негде надвор од дома или па сте биле негде на ден два? Дали спремам храна од дома што може да стои и да ја дадам таму, ако нема столче дали во скут или во количка или да си барам столче транспортно? Еднаш пробавме во скут не ни одеше, па ај во количка и до маса ја залепивме и не ми беше по кејф нешто се нанервирав и дента си остана само на млеко. И сега буквално не можам да мрднам од дома од што не можам да се организирам. Ај месецов проаѓаше и со млеко, ама ќе треба да се разјадува нема да можам да и скокам оброк. За на одмор па мислам дека нема ни да отидам од што нема да се снајдам со јадењево. (facepalm) Се надевам се фаќа редот не е ваљда дека само се готви, брише, мие, чисти и за 2 саати опет на ново. :worried:
     
  2. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.332
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Мама ако бебе јаде, ќе јаде и во скут и на земја и во количка.
    Ако е како моево што јаде се околу а не сака храна е тогаш исто ти се фаќа.

    Јас обично кога сум излезена темпирам млеко да дадам пошто нема шанси без лажење уста да отвори.
    А за ден два некаде земам готови каши или пак житни инстант.
     
    На Tea SK, nevermet18 и Mucika им се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Кога сме на друго место обично му носам готова каша, или бисквити и овошје нешто.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.145
    Пол:
    Женски
    Од 4++ почнав со готвење, бришење, миење, чистење и за 2 саати опет на ново. Мислам дека само за неа готвам овие 3 месеци (facepalm)

    Инаку, ние кога одиме надвор ја темпирам за млеко, бидејќи ќе бидеме лом и јас и она и се наоколу. Еднаш пробав да и дадам каша надвор.. неуспешно. Се друго и беше поинтересно, уста не отвори за јадење :?:
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    Јас за надвор и носам готова каша, шмукалче или овошје, зависи кој дел од денот е.
    Сега за на одмор планирам да и земам 3- 4 готови каши со месо, зашто не ми е безбедно месо да мкнам од тука, а таму не знам дали телешко ќе најдам чисто. Јајца не планирам да и давам, зашто тука само домшни и давам, а таму тешко дека ќе најдам. За останатите оброци планирам една палента, еден гриз, еден ориз, некое шмукалче, бисквити и овесни да земам од тука. Овошје, зеленчук ќе си купувам од таму и ќе комбинирам.
    Е сега јас сум во предност што поголемка е мојава и јаде скоро се ние што јадеме, тестенини, салати...
    А за хранење во количка или на столче обично ама така многу е немирна, се качува на маса...ќе видиме како ќе е...
     
    На nevermet18 и Mucika им се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Значи нема олеснителна околност. :D А таман фативме ред со доење уживанција да не се замараш, сега само во кујна сум :D. Ај бар се тешам дека до прва година млеко им е уште основна храна. Па и да не се храни ко дома таа недела ке цица ќе пие вода.
    Инаку јас ја оставам сама да јаде со лажиче или парченце, за каша срам ќе ме фати негде да го направи хаосот што го прави дома :sweat:.
    Е на земја не сум пробала да се раниме уште :!: ова е топ за во природа и плажа. :D
    Фала мами:hug:
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Не мора да биде all or nothing. Под BLW се подразбира да го дадеш водството на детето, на било кој начин. Можеш да даваш кашести производи (овесна каша, испасирано (со вилушка) било што, житарица со урда, грчки јогурт/павлака, итн) во наполнета лажичка, со тоа што ти ќе ја држиш лажичката и ќе ѝ ја доближиш до устата, без да пикаш, ќе чекаш сама да отвори уста. Значи пак она ќе води, а нема да се направи неред.

    Можеш да земеш бустер седиште што се прикачува на било каков обичен стол и да ви биде за на одмор и за на гости, ако сте подолго време.

    Ако сака да ја држи лажичката, ќе имаш 2,3 лажичка на масичката, за играње и за јадење.
     
    На Anaksunamoon, IRBBB, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Zimas gotovi kasi smukalcinja stogod.
    Koa veke bese blisku do godina sto jademe nie toa i ona...doma ili vo kafana. Mozda imaat malce sol kafanskite ama za eden obrok niso nema da i bide. Eve denes bevme celodnevna vo mavrovo...bebe e 15mes skoro. Dorucek doma,uzinka smukalce hippis po pat, za rucek imav kasa gotova ama izede negde 100-120gr i posle jadese od naseto leb,patlidza,kompirce da se dojdade ne mi saka kasi veke, nazad smukalce pak i doma vecera.
    A doma se gotvi so mn malce sol i jade se isto koa e vikend.
    Ne mu se sekiraj tolku tie den dva tri treba i tebe da ti e ubavo,ako teras blw strogo ke treba i za tebe duplo poise obleki da nosis i dzoger posekako
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да пробам BLW со второво дете, има добар фат од кога е родена, носи работи во уста од еден месец, седи во хранилка, заинтересирана е за храна, џапа од мојот тањир од 4-5 месеци. Од она што прочитав, спремна е.
    Ама мама ја мачат многу прашања, па се надевам на помош од вас.
    Прво, колку работи нудам на еден оброк? На пример, пробувавме ориз, го расеавме низ цела дома, со раце, јас полнам лажички, на крај завршивме да ѝ нудам зрно по зрно. Не беше баш некој оброк. Требаше ли да ѝ понудам и нешто друго, на пример морков или брокула?
    Колку количински да понудам? Знам дека не треба многу, велиме дека пробуваме вкусови и учиме да јадиме, ама да не ѝ биде тешко на стомачето?
    Дали уште се следат препораките за воведување по една намирница во тек на три дена? Или само за алергените?
    Вода нудите во тек или после јадење?
    Цицање пред или после јадење?
    Негде прочитав комбиниран метод (BLW и хранење со каши) не било препорачливо (различни мускули се користеле и не било безбедно) што мислите вие паталци?
    Од желба да не завршиме како со првото дете нејадач, многу стрес си правам со јадењево.. помош?
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.578
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам да одговорам од моето искуство и тоа што имам читано на темава.
    БЛВ не значи да се јадат само парчиња, секако дека се јадат и каши, со таа разлика што бебето е тоа што го води процесот на хранење. Дури и родител да го храни детето, ако тоа е кога детето само ја отвора устата и со оброк се завршува тогаш кога детето не отвора уста повеќе. Исто така можеш да му даваш каша со лажички, кои на почетокот ти ќе му ги полниш и даваш во рачињата, а тоа само ќе ги јаде. Оваа метода е добро да се прави со повеќе лажички наизменично (барем 3) бидејќи често не сакаат да ги пуштат од раце тие лажички што веќе ги имаат дури и да се празни. :)
    Во однос на препораките, само силните алергени (јајца, млеко, јатки, кокос, риба, сусам, соја..) се воведуваат по 3 дена, другото не. Јас мешав сѐ од почеток, освен алергените. Ама ако ти се чувствуваш подобро со 3 дена воведување или одлагање на алергените (по новите препораки најдобро е да се воведат меѓу 6-8 месеци), така прави.
    Вода обавезно после јадење, за да нема остатоци од храна во устата. Ама ако има потреба и во текот на јадењето, кога прави пауза, ако има гаг рефлекс. Со тек на време ќе научи само да пие и ќе си ја зема чашката кога ќе е жедно. Вода давај му од отворена чаша, чашка за ракија на почеток е супер.
    Оброк давај му 30-60 мин после цицање. Ова ориентација нека ти е, ти најдобро ќе си направиш проценка кога е најдобро. Важно е да не е бебе сито од цицање па да не јади, ама исто и да не е прегладнето за да може да џвака полека и долго, да не јаде лапни-голтни.
    Во однос на количината на оброците, во тањирот јас не ставав многу храна (може да го хиперстимулира и да предизвика контраефект), ама секогаш имав на лагер уште храна, бидејќи реално особено на почетокот храната завршува сегде освен в уста. :D
    Не се плаши од преоптеретување на мешето, ако бебето е тоа што го води процесот, не може да се претупа со храна, гарантирам.
    За оризот да може да го фати и јади најдобро е додека е топол да формираш топчиња од него и така да стегни за да може бебе да фаќа во рачето и да го носи до уста. Другата варијанта ти е да го даваш со лажичка. Зрно по зрно се сомневам дека бебе може да фаќа, а и да може ќе изеде 10 зрна и ќе се измори и откажи од јадење.
    На солид страртс имаш насоки како да ја сервираш храната соодветно за возраста, многу ќе ти послужи.

    Друга, мноооооогу важна работа е оброкот да е заедно со цело семејство, при што ќе јадете иста храна. Да ве гледа како се јади, џвака (ќе џвакате сите со отворени усти), многу ќе го мотивира тоа бебето.

    И на крај, без притисоци, тоа е најважно. Мислам дека најмногу игра улога дали детето има желба за храна или не, а не методот на дохрана.
    Ви посакувам успешен процес и мнооогу убави оброци со лапкање. :sun:
     
    На *katja*, nevermet18, Anaksunamoon и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    На почеток не пренатрупувај премногу избор, нека се 2 работи на избор, ако едната храна е за со лажиче, другата да е парченце. Ако оризот е кашест, тогаш и го подаваш на лажичка да, си ја зима сама, ако треба и даваш насока кон усте, другиот избор може брокула, нека биде колоритно, брокулата има добар фат/грип да не им паѓа.
    Месец ипол вака јадеме, од 6 месеци почнав, уште нема некој оброк и не очекувам, сега дури нешто почна да се разјадува, главна храна и е млеко. Можда и така мислам затоа што не знам колку изела реално, нели 90% е насекаде рашљакано, особено со кашести работи, биди спремна на ова. Имаш поголемо детенце, баш мислам дека ќе им биде забавно.
    Ставам 2 парчиња максимум или 5-6 лажици кашесто, не преполнувам тањир, по потреба и додавам, пошто го гмечи, паѓа, се шлака и го снемува, кога веќе парчето не е во соодветна форма го менувам со друго.
    Кога јадат сами не може да се прејаде и да и е тешко, тоа е и еден од бенефитите, поготово сега на почеток кога стварно 1 трошка им влегува во уста.
    По блв може да се меша се од еднаш, освен алергени, тие се воведуваат 5 дена без ништо ново во тие денови. Ако тебе не ти е згодно да мешаш, можеш бар по 1 ден, 3 дена ми се мене премногу.
    Вода нудев после јадење, сега некогаш знам и дур јаде, да видам дали можда ради тоа не јадела. На почеток после јадење нуди од отворена чашка. Прво цица па минимум после пола саат да е јадењето, а максимум саат ипол, не треба да е прегладнето, и треба да е наспано. Јас и давам после спиење да цица па после пола саат саат јадеме.
    Комбинирано каши и цврсто смее ама да јаде и да посегнува само, ранењето од страна на родител со каши и плус само да зема парчиња не е препорачливо. Мускули се вежбаат со коска од манго, пченка, свинско ребро, ова сме пробале не ми текнува друго.
    На почетокот јадевме заедно, после ми се виде тоа многу стресно пошто сме раштркани со време периодов и сега јадеме кој како стигне со нејзе, ако имате еден оброк во денот кога јадете заедно тогаш нека јаде и бебе.
    Мислам па дека со блв нема шанси да стане нејадач, solidstarts на инстаграм е баш креиран заради дете нејадач и ми е премногу корисен и профилот и апликацијата.
    Мене уште ми е страв дека не јаде доволно, ама ни еднаш не сум ја натерала со сила, ако видам дека нема интерес не јадеме. И има такви денови, нешто не и е погодено и тоа е, нема да се стресираш и нас некогаш не ни се јаде. Затоа и нудам да цица и цица поише него на 5 месеци, од мене што ми е страв :D. Сега на 7 ипол месеци почнав да гледам разлика во јадењето, скока кога ќе ја ставам во хранилка, веднаш се џапа по тањирот, така да има напредок. Има јадења што ги преферира ама стално давам ново и исто ти препорачувам да не форсираш исто само затоа што знаеш дека тоа ќе го јаде.

    @IRBBB да ти го дадам бебо да го разјадеш па после ќе си продужам јас?:D

    Е мене тоа би ми било најлесно пошто по цел ден само чистам и готвам, некој да ми го научи до 1 година да јаде и да воведе алергени.:D

    Инаку бевме на ручек со поголемо бебе, на мојата и подадов корка лебче и почна да си ја џвака, другото не знаеше што да прави, прв пат се израдував што почнав блв.
     
    На nevermet18, Anaksunamoon, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.578
    Пол:
    Женски
    Моево кој да го разјади? :wasntme:
    Јадач е на секои 3 месеци. На 6, 9, 12 јадеше по цел месец ко да нема видено храна, останатите два месеци поминавме сѐ - фрлање храна, мачкање, гмечење, мачкање по себе, потурање со вода, фрлање храна, фрлање прибор, отпор за седнување во хранилка.. Трпение само. Еве чекам да наполни 15м и пак да почни да јади. :D
    Има периоди кога навистина се грижам дека не јади многу, да не не му е доволно, од друга страна пак ме радува што знае колку му е доволно и во тие периоди на "намален апетит" тој не се осврнува ни кон цицање и ми одбива и омилена храна. Битно вода пие како камила. Сите чаши што ги гледа, редум ги накрева за пиење. :D

    И мене на почетокот ми беше тешко, маж ми викаше по цел ден си в кујна. Спреми доручек, постави маса, чисти, спремај ручек, постави маса, чисти, спремај вечера, постави маса, чисти... :drunk: А кога ќе ми текне колку бев возбудена дека ќе јади цврста храна и едвај чекав да почнеме со блв. :sweat:
    Ама ќе влезеш во шема, ќе почнеш да готвиш однапред, да замрзнуваш храна, да користиш остатоци од храната за следен оброк. А со тек на време и бебе ќе престане да шлака околу. Син ми моментално има 14++ м и јаде доста педантно, не превртува тањир, не шлака храна (вода секогаш му е игра број 1,па затоа во чашата му оставам малку вода и по потреба дополнувам) и под него е чисто, освен супа ако јаде. Тогаш хаос е мал збор. :worried:

    Алергените и мене ми беа стрес. Бев убедена дека ќе има алергија бидејќи е со егзема. Имаше период кога јавуваше реакција на одредени млечни производи, па дур сфативме шо е работата имавме стагнација со воведување други алергени, ама бидна. Сега мислам дека сѐ има пробано.

    Допрва ќе видиш колку ќе се радуваш. Кога ќе џвака месо шо поголемо дете учено на блендирана храна не може да го совлада, кога ќе користи прибор, кога ќе сте на ручек, прослава кај шо не мора ама баш ништо да влечкаш од дома оти ќе јади исто ко вас и тоа само... :nod:

    Пакувај бебка и праќај ваму. Заедно со тие ребренцата, уште ми се во мисла. :sun:
     
    На Anaksunamoon, Mucika, Madrugada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    @IRBBB @Mucika царици сте :inlove: Многу поприродно ми е BLW отколку пасивно каши да бутаме.. па недајбоже некоја баба телефон да ѝ бутне под нос.
    На почеток на 6ти месец со батко јадевме варено ѓеврече, со сусам, тврдичко, и бебе се бутка да ми го земе. И скршив малку :$ и одма во уста, подобра глодалка не сме сретнале. И тогаш ми светна дека детево има потенцијал "само" да се храни. Ко зборам вака маж ми се зеза дека може и сама да си зготви, дур се молиме со батко да касне нешто |( од тогаш забележувам дека ѝ е јасно кога се јаде, се тегне кога јаде некој да стигне до тањир да брцне раче. Мајка ми преѓеска јадеше кикирики и гледа во тањирче, па во уста, па пак во тањирче.. дури се тегнеше до кај неа па дури ѝ ѕирна во уста :D
    Многу се надевам дека нема да имам проблем со ова дете, иако ме плашат другите кои ќе треба да ја хранат кога ќе се вратам на работа
    едит: кажете прибор од кај земате, сакам нешто цаканко ама ми е страв од Али експрес, дали се безбедни, гледав нешто како овие подолу ама не знам дали вредат:
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 25 јули 2022
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.624
    Тоа ти е ко да отидеш во кафана и да нарачаш шопска и они да ти ја изблендираат во каша, оди јади ја да те видам :D. Не дека се сите лоши, вчера една каша што направив сите јадевме и беба и јас и маж, прсти да излижеш :D. И батко ќе се разјаде вака.
    Мене најискористено ми е моментално чинивчето од kidsandco.mk mushie со прегради. Убаво лепи, не дека не може да го одлепи, ама ми се свиѓа и материјалот, не знам што бои имаат на лагер. И чашка земав од кај нив, ама ако најдеш силконска помала некоја подобро, таква не сум нашла. Со цевка земав ваква заради тегчето.
    Лажички имам секакви, и таму немам преференца да ми се едни најдобри. На urma.mk има со кратки дршки, oralessentials на инстаграм имаа со дупчиња не сум ги пробала.
    Screenshot_20220725_155553_com.android.chrome.jpg Screenshot_20220725_160213_com.android.chrome.jpg
     
    На Anaksunamoon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Мајки, да ве прашам од кога почнаа вашите бебушки да јадат сами со лажица/вилушка?
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.578
    Пол:
    Женски
    Околу роденденот почна да изразува желба да јади со прибор, не сакаше да допри храна со раце. Со виљушка од старт му одеше подобро, со лажица сѐ беше хаос, храна имаше секаде освен в уста. :^)
    Сега има 15м и и со лажица може убаво да јади, не умешно како нас, ама може сам да се нахрани.
     
    На lovely91, nevermet18 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Овоа сака да ја држи лажицата, ама ја држи обратно свртена, не дозволува да му покажам, да му помогнам и на крај се исфрустрира и не јаде. (facepalm)
     
  18. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Моето е 11ипол месеци, со парченца храна одлично му оди, си јаде, научи да џвака ама со прибор имаме проблем. Вежбавме неколку пати со повеќе лажици ама ретко лажицата да ја стави во уста, ја држи лажицата и со другото раче зима од неа и јаде пак со прсти :D во полош случај се мачка по глава или тропа со неа.
    Кога му давам каши една лажица има во него да ја глода, а со друга му давам јас.
    Во последно време научи што правам јас и пробува и тој да ја брка лажицата во чинијата ама тоа му е игра, не ни пробува воопшто да “јаде”.
    Постои ли некој трик или не се очекува на оваа возраст да почне да јаде со прибор? :)
    Секако не мислам да јаде како што ние јадеме ама нешто барем блиску до нашето :D
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Исто. Лажицата мора да му е во рака, ама нема шанси да јаде каши, манџи или што и да е со лажица или вишулка... Само парчиња јаде веќе еден месец. Сам. Не дозволува да му се меша никој. Нити во рака да му дадеш ниту во уста да му ставиш. Може само да му го ставам на послужавник јадењето и тој сам, шо ќе исфрли, шо ќе стави во уста... И исто пробува мене да ме храни. Па и најсмешен ми е кога ќе извади од уста јадење, изџвакано целото и мене ми го боднува во уста. :D
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.578
    Пол:
    Женски
    Ехее и мојов колку се нервираше. Ќе седнеше да јади цел полн со ентузијазам, ќе пробаше да сркни неколку пати безуспешно и почнуваше да вреска и да бара да стани. Нема шанси друг да му даде и тоа е. Ист е и сега. Приборот го држи на врвот и тоа со прсти, не со цела дланка и нормално дека или не може да зацрпи или не може да лапни. Ама со вежбање ќе се усовршуваат сѐ повеќе и повеќе. Сега си помага и со другото раче ако е гладен. :D

    Супер си е мама, битно да ручка.
    Во 7ми скок се очекува да почне да има интерес за прибор. Важно е да не ги кочиме и да им даваме тоа што сакаат да вежбаат, ама без форсирање.
    Јас се нервирам шо не сака со прсти да јади, ма никако да не му се валкани рацете (освен ако е течност можи да се шлака цел ден како прасенце) па макар и гладен седел. Со раце само бисквити јади. Дури и чоколадо да е завиткано во фолија, ако почни да му се топи в раце, не го јади. |(
     
    На Ladybug98, Jordanovska-K и nevermet18 им се допаѓа ова.