Синко појадува и руча во школо, маж цел ден на работа, со кого бебето да го седнам на маса? Ние на Бадник последно јадевме сите заедно. Се убаво, ама возраста е проблем. Се мислам дека некаде околу 8 ми месец се поспремни за ваквиот начин отколку на 6 месеци. Јас би одела постепено.
А кој ви вика на 5 мес да давате парчиња на бебињата? Мене ова модерново BLW, голо дете седнато на хранилка да шмука макарони на 7 мес ми е глупост ама па никогаш блендер не сум употребила. Плус кај си отепан целиот бебе што чуваш, уште да џогирам јас после бебето што шлака храна на земја 3 пати на ден, да бањам бебе 3 пати на ден, шанса нема. Кога почнав јас со храна со ќека ми на 5 мес, зашто беше костур невиден од млеко само, пасирано и давав од старт. И нема BLW, со сила со лажица и бутав, со лажење, со пеење, со глупирање. Памтам тогаш со @IRBBB се закачивме на темава. Е кога почна веќе да прифаќа храна асално, таму после 8,9 мес почнав со парчиња. Ама се тоа постепено. Ја хранев со лажица јас, за да знам дека ќе биде најадена и ќе се поправи колку толку, а и давав и по некое брокулче, батат на хранилка да се занимава. Сега на година ипол јаде апсолутно се како возрасен човек, користи вилушка успешно, уште лажицата и остана да ја усоврши за течни јадења. Глејте таму да си олесните колку можете, и без форсирања ни едно ни друго. Се што е претеризам не е убаво. Ни бебе на 6 мес да јаде ко возрасен а до вчера на цицка било, ни детенце на 2 години блендирано да јаде. Баланс во се треба да се има.
Првото дете на 9 месеци само си кажа дека сака парченца, одбиваше мазни каши. Сам јаде од тогаш, еве до денес ништо со таква кашеста текстура не сака.
Да ми се задави дете пред очи оти сум сакала современа мајка да сум - не фала. Се во свое време. Секој си е одговорен за своето дете
Не се лутам воопшто. Драга моја,може немам прочитано многу за овој метод, ама јас колку толку имам некои искуства, животни би рекла, зашто не сум пресна мајка. Првото дете до 2 год јадеше свежо готвена храна, без шеќери, сокови и сл. Сметам дека благодарение на тоа, тој сега на своите скоро 9 год, сок може дс се напие(ретко) само во игротека, смоки и чипсови многу ретко јаде, благо забранувам јас. Ама затоа јаде секаков зеленчук и овошје на претек. Али не е тоа темата. Од 10 деца 7 почнуваат со пробување храна на 5, 5и нешто месеци, некои и побрзо. Гарантирам! Мојата рутина од почеток на дохрана и со првото а сега уште повеќе со второво, бидејќи сме повеќе членови е да се јаде на маса, сите заедно, колку што даваат можностите. Децата обавезно јадат во исто време, заедно. Едното на стол, другото во хранилка. Е сега, на 6 месеци бебево не може да јаде рибанка со јајце, јајце варено со краставица и павлака, не може да јаде мекица, манџа или сарма, салата зелка, цвекло....Се ова јаде брат му. И кажи ми, како јас нема да губам време во готвење и спремање кога јадат различна храна двајцата? Не знам, вие може можете без проблем да ги оставите во хранилка и јадењето пред нив, а вие да обавувате други работи. За мене тоа е ризик, морам да го надгледувам. И пак велам, ако детето само не пројави желба, јас не би го практикувала овој метод
Дете може и на 10 години да се задави. Бебе може да не го видиш нешто да лапне и така да се задави. Сигурна сум дека многу мајки даваат цело јаболко на деца под 5 години, а е една од најчестите храни за задавување и се препорачува после 5 години веќе да се дава во таа форма. И такви храни има едне куп. За грозје или вршли па да не зборам. Задавување се случува од неправилно сервирана храна за соодветна возраст и не соодветен начин на кознумирање, во одење, играње, возење, трчање и тн. Затоа сметам дека секој родител треба да има обука за пружање помош во НЕ ДАЈ БОЖЕ таква ситуација, затоа што булвално од се може да се случи и во најмалку очекуван момент.
Не е современа мајка во прашање, туку еве се менуваат препораките и секако дека и начинот ќе се менува. Придобивките се поголеми на пример. Ама пак ќе кажам, треба прво мајката да е спремна. Јас сум за баланс и постепено. Еве сега најнови препораки се децата после 6 ти месец да јадат буквално се, освен мед и јаткасти. Значи најновите истражувања покажале дека така треба да се воведува. Колку од вас тоа го прифаќаат? Еве во Мк како прво педијатрите не прифаќаат новитети, а не пак родителите. Овде ќе се ставам и јас, оти се уште не можам да се опуштам иако доктор ми кажа да и давам се.
И мене така ме советуваа, дека може да јаде се. Во Систина. Следи докторката најнови препораки, обуки, предавање и цело време се едуцираат, затоа и верувам и така правам. После зошто даваме пари за приватни прегледи. ( ама тоа е друг муабет)
Ти нема парчиња стек да му сервираш за да се задави. Поентата е постепено да нудиш на начин соодветен за возраста и спремноста на бебето. Посебно подготвеноста на бебињата се следи. Ете некои се спремни порано, некои подоцна. И тоа е ок.
И јас читам и следам нови препораки ама не планирам да се водам по нив и да дадам се на бебе, зошто? Затоа што не сметам дека секоја храна е лесна за мешето и не гледам причина да му го оптеретувам. На сопругот и мене ни е тешко од некоја храна, а не на бебе. Цел живот е пред него да пробува и да јаде, нема зошто да се брза. Можеби зошто во наше време не се пазело, па сега имаме и јас и сопругот проблем со варењето на некоја храна.(може и не, не знам)
Точно, ама не може да знаеме и повеќе од докторите нели. Сепак како народ не сме отворени се уште за многу работи. Ама тие препораки се правени врз основа на истражувања, тим научници стојат зад нив, цела Европа се водат според истите. Ама нам, во ива категорија се ставам и јас, ни е тешко да прифтеме или со страв прифаќаме.
Инаку blw е враќање кон природата. Блендерите и кашите се мода, не blw. Оти генерации наназад пораснале на храна со текстура, пасирано и парчиња, а новиве генерации се сите со каши. За жал. Секојдневно ги гледам последиците од тоа да се растат бебиња со каши.
Ботулизам покрај мед негде читав и лук во масло или нешто слично (не ми текнува) исто може да предизвика, затоа кај мене тоа е забрането до 2 год. Јатки се даваат ама во форма на путер или мелени. Се согласувам дека се треба да јадат, ама да не биде тоа пример свеж лук во 6ти месец. Да се разграничи полесната храна да се дава на почеток, а потешката покасно. Мала беба велики гурман ми беше мн од помош, нутриционистка е и се води по нови препораки да се дава се, а сепак внимава да не се преоптерети стомакот на бебето. Со алергените само многу да се внимава односно да се воведува прво мала количина па да се зголемува. Јас од матичниот добив "амин". Во ремедика ме тераа 350 гр оброк да давам на 9 месеци, а на 7м да има 3 оброци . Во систина ми потврдија дека не само европа туку така е низ цел свет, само кај нас се останати стари препораки. Нормално е како се осеќаш најудобно така прави. А за да се осигураш покрај докторите што е најисправно е само со читање литература, собирање информации од интернет и тоа.
Негде читав, кога излегле блендерите, немале доволно продажба и ги измислили кашите за бебиња, направиле таква маркетинг стратегија за да им се продаваат блендерите. И веројатно од тогаш се форсирала таа индустрија на каши, ги увиделе последиците па се враќаат на првичното.
И ова е дискутабилно...колку доктори толку препораки. Еве мене ми рекоа на 7 месечни бебиња не сум смеела да давам цврста храна, само сокчиња од...wait for it...вода и лимон. Доктор, специјалист, началник на одделение. После зашто се информираме од форуми, зашто ненормални доктори шетаат низ државата.
Aма нивно си е да мантраат како да го хранам дали преку каша или со парчиња. Моја работа е како ќе го нахранам. Полно меше и нему и мене ми е битно. И немој некој сега да ми скокне со глупава паралела од типот зошто одиш на лекар ко сама си бираш, или сама лечи си го и слично затоа што тоа е различно со начин на хранење ко баба и жаба. Данке
Кога сме кај полно меше - со каша многу полесно се прејадува бебе и се шири желудник непотребно, за разлика од јадење со текстура кога е вклучено џвакање. Детето со џвакање си знае кога му е доста, а со каши лапни голтни побавно доаѓаат сигналите за ситост до мозокот. Доста е од мене, ваше е што ќе правите.