@Annath знам дека ти имаше поголемки деца. Зарем им даваше храна по овој метод? Никогаш блендирано? Како порано не блендирале? Еве јас сум 33год.па мајка ми ми правела кашички во соковник. Да, немало блендер ама имала соковник и така успевала да направи јадење. Знаеш зошто? Затоа што на брат ми( постар 5 год од мене) старите баби дома, му давале печено брашно со вода, ,,водичка,, од гравот, манџата, зелката, потопено лепче во мрснотии...Кога сфатила дека може нешто да смени, пробала на тој начин. Јас не сум воопшто против овој метод, напротив може е полесно, ако јас мислам обратно. И пак велам, доколку сакаше ќе давав парчиња.
Јас од давење никогаш не сум имала страв.Не знам дали е наивност или искуство во прашање.Трето е и со неа гледам дека се е буквално поинаку.Од хранење до пелени,премногу е самостојна. Само првиот месец додека пробуваше вкусови беше на блендирано.После тоа пасирано со вилушка , и за две недели парчиња.Од 7-8 месеци јаде месо сецкано,грашок-ориз цели зрна,банана исто на пола исечена,мафини,палачинка,компир-морков-батат печен цел,бисквити. Сега е година и 5 месеци веќе сама држи лажица и вилушка.Не јаде совршено( и паѓа доста и на земја) ама сум презадоволна.Ја седнувам на столче и ниска маса,тањирчето и водата пред неа и сама се храни. И вода од сам старт почна да пие од обична чаша а не шише.
Почнав да вртам очи на секое "најново истражување" пошто ќе се извртат сите можни начини на хранење на деца, битно очи си вадат мајките постојано која повеќе прочитала за најново истражување и дали јајце се дава на 11 или 12 месеци. Па ќе дојде период кога ќе сфатиме или научно истражување ќе докаже дека можеби нашите неуки баби најдобро знаеле како се растат деца, така излегува. Битно метод го викаме, фенси име му дадовме и ќе дрвиме по нет сега колку сме информирани и напредни со нови методи. Барем до новиот метод кога ќе ни кажат колку сме биле глупави што по стар сме растеле деца. Смешки.
@Bridget си прочитала ... Таман сакав да те викнам ама ај реков недела е одмара жената А само да знаеш кога ќерката беше бебе дека каква строгоча имаше за глутенот аооооо мајко моја тоа се чекаше 7 м да има како кој знае шо да му се дава на дете а уствари леб. За леб сум се тресела ко лист. Ебате ненормалната жена Коа ќе ми текне како успеале ко ќурка да ме смотаат за ЛЕБ ми иде да се самозапалам
Ма трагично е, женава е началник кај што лежат болни деца. Па уште ми се искара како сум го клукала со каши.
Моите се големи, да, големиот за месец ќе полни 12, малото има 6 години. Не сум давала блендирано никогаш, на почеток пасирано, а околу 8ми месец почнав парчиња да давам, бисквити, леб, меко овошје, варен зеленчук. Блендер немав, и уште немам, само рачен пасатор кој го користам за смутиња и пасирање на зеленчук за чорби. Не знам за твојата мајка, може имала соковник, моите немаа никаков апарат, каши не верувам дека ми давале, можеби пасирано. Јас тргнувам од тоа што сум го учела на факултет, не зборам на празно, отсекогаш сум со став дека од бебе кога се почнува со дохрана, храната треба да има текстура, за да научат децата дека постои и друг вид и тип храна освен млекото. Џвакањето е важно, затоа што помага и за правилен развој на мускулатурата и вилиците, правилно поставување на забите, како и правилен развој на говорот. Се' си има зошто, ама пак ќе кажам, ваше е да правите како сакате и како што мислите дека е најдобро за вашите деца.
Па не е нов метод, не е очи да си вадат мајките, туку еве Анатх и медицински објасни за една од придобивките. Значи не е нова мода, туку да, ново истражување, кое покажало дека бенифитите се далеку поголеми од блендираната храна. Не мора на се да се гледа дека е натпревар на мајки и да се рола со очи. Ете за глутенот, сега се форсира на почетокот за ако има детето проблем, да може полесно да се поднесе додека се уште се дои. Пак си има свое зашто. И се разви убава дискусија, убаво е да се слушнат искуства, мислења во врска со начинот. Јас никаде не гледам натпревар. Затоа не ја уништувајте темата со препокувања и боцкања.
Сигурно нема да си кажам мислење на темава затоа што тебе ти изгледа на боцкање. Не ве ни читав салам, искоментирав за методот. Најдобар метод жими газов. Драматизирање и етикетирање и драми правење од најобични работи. До вчера да кажеше некоја дека дава парчиња храна на бебе односно храна за возрасни пошто читам и за тоа е, на клада ќе беше, сега преку ноќ сите просветлени. На трендовите се потсмевам, не на друго, пошто ни едно ни друго не е за wow, види што е измислено. Мелено месо само да јаде на 5 месеци, нема проблем, само модерна мајка да сум.
Што драма има овде? Споделуваат мајкиве искуства. Педијатрите го форсираат начинот. Тебе ти дошло да се потсмеваш. И точно не е ново измислено, ама е нов метод и доста мајки, особено оние со прво дете, се збунети. Патем коментиравме за слабостите и предоностите, оти еве ќе се согласам со тебе, не е совршен. Нека остане на тоа дискусијата, нема зошто да се носи во насока дека е тренд. Не, не е.
Педијатрите форсираа многу работи низ годиниве кои мајките слепо ги прифаќаа за да после одредено време се фрлат во канта ко неважечки и погрешен начин на одгледување. Конкретно за ова, треба да се пази постојано да не се задави. Каков начин на хранење кога родителите треба да се под стрес постојано дури бебево само јади? Си има време за се, ако почне на 5 месеци само да се храни може факултет на 12 години ќе заврши. Да, трендови се.
Методот го поддржувам и не е нов, можеби кај нас почна во последно време да се зборува, но не е од вчера. Се прави повеќе неред, ама од страна на детето се препорачува, каши само преоден период од млеко на вкусови и секако треба да се внимава кои работи може да се даваат, а со кои работи треба многу да се внимава до многу постара возраст како грозје на пример. Ама ако детето покажува знаци на спремност, тогаш да. Поголема самодоверба, повеќе истражување, и со уста и текстури и со раце, помалку одбивност кон храна.
Па затоа дискутираме. Конкретно, еве на мене докторката прво тоа ме праша дали јаде сама, дали и давам парчиња. Јас не се согласувам дека мора од 6 месеци, сметам дека прво бебето мора да научи да јаде, да проба вкусови и постепено да оди промената на текстурата. Би рекла да се следи детето и неговата спремност. И секоја храна не ни може да се дава како парчиња. Секој тренд, препорака мора да се зима со резерва, да, ама пак, не треба и толку отпор да пружиме на новитетите и препораките.
Супер придобивки, ако не се задави нели успат. Ко да ако почека неколку месеци да проба морков, ќе заостане од останатите и нема да знае текстура на морков на 5 месеци. Отсекогаш имало мајки кои давале храна за возрасни на бебиња, што јадат тие тоа и бебето. Ако е меко се пасира со вилушка, ако не, во блендер. Ама тоа беше шок за модерните мајки. Сега истите модерни мајки немаат проблем со храна за возрасни и тоа парчиња да се даваат. Мене ми е сеедно, отпор ама ич немам кон тоа кој како си го храни бебето.
Добро де, кажи мислење за методот, страв од давење, ти има смисла, ти нема смисла, не мора да се дереш на една обична тема за бебешки каши. Мислам не знам што очекуваш да ти кажам, дека има мајки што само за да се модерни би си ги задавиле децата...па за една количка да купуваш особено ако си прв пат мајка ќе земеш да истражиш повеќе од тоа што треба, а не пак за ваква работа. Истражувано е, се сфатило дека има придобивки и затоа се препорачува, а ризикот од давење ако се следат насоките и спремноста на детето сигурно не е толкав колку што изгледа на прв поглед, инаку со кој памет би препорачувале доктори. И нема ништо лошо во тоа нешто претходно да ти било шок, сега да го прифаќаш, што е лошо да смениш мислење за нешто. И да, боцкаш, и ја тераш темава во расправање.
Дерење е со caps lock, јас си пишувам со мали букви, плус никаде извичник немам, така да...си замислуваш.
Па ваљда и ти некогаш имаш оброк, можете заедно да јадите. Една од поентите на ваквиот начин на исхрана се заедничките и исти оброци, нормално прилагодени за бебето според возраста. Секое бебе е индивидуално, некое е спремно порано, некое не. Секако дека нема да форсирам бебе шо не можи во хранилка да седи исправено да јади. Овој начин на исхрана има многу бенефити, ама не се почнува неспремен. Јас уште се чудам на ставот на твојот педијатар дека основа на секоја храна треба да е компир или ориз за да напредува бебе. Битно е да става во килажа, а не дека реално ништо хранливо нема ни во компирот ни во оризот. Ама твојата ќерка ми е пример дека и бебе/дете шо не престанува да јади во текот на денот може да е поситно и со моторче во газето наспроти син ми шо уште е нејадач и е над просек со висина и тежина за возраста. Инаку, под хранилка постилав мушама шо ја чистев под туш после јадење, бебе никогаш не било голо туку со блуза лигавче шо ја чистев заедно со мушама та, сѐ на сѐ 10 минути. И како се пробува храна на 5 месеци? Легнато бебе под агол од 45°? Пошто јас гарантирам дека на 5 месеци бебе не може да седи само во хранилка со илјада потпори нека е. И во полулежечка позиција нели се зголемува ризикот од задавување, без разлика дали даваш пасирано, блендирано или пак вода со лажичка. Зошто да не може да јаде јајце, павлака, крставичка, цвекло? Може, ако е соодветно подготвено за него. Манџа со запршка нема да му дадеш, ама нели кашичката му ја правиш од месо и зеленчук? Епа јас варев, тргав настрана за него и во остатокот ставав запршка и сол. Зелка дури сега после година и пол почнав да давам, свежа како салата. Манџа со зелка не сум дала, со причина шо ни ние не јадиме. Сарма можеби еднаш или два пати, и тоа сега. Иако во градинка им даваат од јасли. А од кај заклучи дека оставаме дете само во хранилка? Јадиме сите заедно. Пројавувањето на желба исто е еден од условите шо треба да го исполнува бебето за да се почни дохрана со овој метод. Ако нема бебето интерес, џабе е желба на родителите. Јаткасти се јадат. Мед, сол и шеќер не. Блв не е метод на јадење на парчиња. Блв е метод во кој бебето го води хранењето. Блв не значи да не јади бебето каши, ниту пак родител да не му помага на бебе доколку безуспешно се труди да донеси храна до устата. Блв е метод во кој нема изигравање кловн и пуштање цртани за да го полниме желудникот на бебето со 150 или не знам колку грама каша оти така треба, туку да пратиме сигнал кога бебето е веќе сито. Да, немаш евиденција колку грама изело бебето, ама шо е тоа важно кога тоа не е гладно? Плус, до годината главна храна е млекото, сѐ друго е дохрана. На крајот на денот, секој носи одлуки за своето дете шо мисли дека се најдобри. Ако не ви одговара, не применувајте го овој начин на дохрана. Едноставно. Едит: ко шо рече @Mucika за прва помош при гушење треба да сме едуцирани сите родители, оти сѐ може да е потенцијален "гушач" и кај бебе и кај дете.
@IRBBB очигледно е дека не знаеш што е дете нејадач, не кловн, на нозе ако треба ќе стоеш за да јаде. Точно, млекото е примарна храна, ама и не е. После 6 тиот месец, активни се, и им треба храна. Гладно бебе е нервозно бебе. Имав едно што не јадеше. За мене е битно колку ќе изеде. Не сум за целосна слобода и он да го води процесот. Ми се допаѓа што се учат да ја јадат храната во формата каква што е. Јас лично би балансирала, постепено ќе менувам текстура.
Верувај ми, знам, го имам дома. Прави така како што ти се чувствуваш најдобро и како шо мислиш дека е најдобро за твоето бебе. Нема правилно и погрешно.
Aj малку да престанеме да го гледаме овој начин на исхрана како “модерен метод”, зошто не е, само што името така го прави да изгледа. Ќе го пишам моето искуство. Ќерка ми уста не отвараше за вкусови, почнавме од 5 месеци. Од 6 месеци-оброци, каши. Повеќе од 5 лажички не јадеше. Не кловн, театар, цртани, бутање лажица на сила и што сѐ не пробав и на крај бебе да заоѓа од плачење, јас уште толку. Начин ли е тоа?! После таков “оброк” цицаше ко да нема јадење видено. Крвни слики мислам секој месец правев, од страв да не ѝ удри нејадењето на здравје. До 9 месеци така. Почна да не качува на тежина. А никогаш не даваше знаци дека е гладна. Мене и млекото ми се намали од толку нервози, ад не прифаќаше. Немав друга опција освен да ја оставам што сака да прави со храната. Со каши почнав, пасирано, ама сама со раце да јаде, страв ми беше парчиња да давам. После неколку дена почнав веќе и парчиња да давам соодветно за возраста послужени, нудев 3 варијанти сама да избира што да јаде. Во рок од 10 дена друго дете имав! Од дете што јадеше по 5 лажички до дете да празни чинии и да бара уште. Ѝ земав лигавчиња со ракави, мушама под хранилка и ниту еднаш не ја имам пресоблакано и туширано 3 пати дневно. Секое чистење после јадење не ми одземаше повеќе од 5-10 минути. Сега на скоро 2 и пол години, точно знае што сака, што не сака, точно знае колку и кога е гладна. Не прави веќе лом, ретко да извалка облека. Говорот ѝ е како за 3-4 години (може не е ни сѐ до начинот на хранење ама сигурно дека и тоа игра улога). Оброците заедно ни се уживање. Не е БЛВ метод, БЛВ е да му веруваш на детето. Зошто некои работи и развојно се поврзани со исхраната и се важни. Развивање моторика, рака-око координација, учење текстури и така натаму, да не набројувам. Да јаде без дистракции, колку што сака, да изгради здрав и убав однос со исхраната. Искрено имам пријателки што не веруваат во овој “метод” и ги хранат децата како на почетокот и јас што ја хранев ќерка ми, на сила, со таблети и цртани. На една од нив детето им е 5 години, оно без таблет не седнува да јаде. Не знае ни што јаде, не погледнува во чинијата, механички јаде, а кога треба со лажица да јаде мајка му го храни додека гледа цртан. Не знае убаво ни лажица да држи. Другата до година и нешто детето супер јадач, сите каши маф, ама откако прооде, она мора да трча со тањирот по него низ соба, да го моли да јаде. Истите тие ме правеа будала што сум оставала дете од 10 месеци само да јаде, па како тоа јадело парчиња. И сега секој ден ми пишат абе како да го седнам детево да јаде, како успеваш твојата сама да си изеде цел оброк. Трета до година и 2 месеци ги хранеше со каши и почнаа самите парчиња да бараат и да јадат сами. Значи кога-тогаш сите поминуваат низ таа фаза кога детето почнува да јаде само и во парчиња. Дали на 6, на 10, на 15 месеци..не е важно. Важно е оброкот да биде уживање, а не стрес. И за детето и за родителите. И да не премине во навика да детето јаде механички, зошто подоцна во животот се манифестира во лоша навика. А најлесно за менување на навики е кога децата се помали.
Јуле, јас додека броев грамови по оброк колку изела, по 60 грама да изедеше на 7 месеци, среќна бев. И што кога сѐ беше со плачки и нервози, 90% од оброците такви ни беа и на крај 2 месеци не мрдаше со килажа. На 8 месеци имаше тежина како за 5-6 месеци. Кога престанав да бројам, нормално, после некој период како се учеше така сѐ повеќе и самата си јадеше, сама си знаеше кога ѝ е доста, во наредните 2 месеци качи цело кило. А појма немам искрено количински колку јадеше. И од тогаш не се замарам ич, сега супер си е. Како растеше така сѐ помалку лом правеше. За џвакањето, мојата имаше само долни кецови кога почна да јаде парчиња. Многу ми беше страв, иако се изначитав 300 статии дека ако храната е правилно сервирана нема да се задуши. Потскокнував да бидам искрена на секој гаг рефлекс првите пати, ама си ставив во глава дека е скроз нормално и дека на бебињата тој рефлекс за враќање на храната им е многу напред на јазикот и како растат се поместува сѐ поназад. И искрено ни со растење заби мака не видов, сигурно со самото џвакање си ги чешаше непцата, не знам. За нередот- само лигавки со ракави и голема мушама под хранилка. Со влажно поминуваш после јадење, и тоа е тоа.