Важно е како не е важно. Така требало, на 6 м да дадеме да си џвака јаболко. Баш не сфатив дали може барем варено да е или да не треба свежо да го џвака.
ем не си сфатила ем скокаш цело време. За почетници на блв , храната треба да се распаѓа меѓу прсти кога ке се стисне.Не сме толку глупи цело јаболко да дадеме на бебе да гриза.Се вари,па се пасира.Тек после 9-10 тиот месец може да се ренда свежо откако бебето ќе усоврши џвакање или откако ке се појави прстохват.
Тебе јасно ти е дека џабе објаснуваш, ко слеп за стап е работава само да се везе нешто - кАкО Не Ќе Му ДаВаМ На ЗлАтОтО мОе кУбЕтИ Да ЏвАкА оД 5 МеСеЦи?! Јас почнувам вака од следниот месец пошто 7ипол е и ништо не јаде сем цицка, па баш се мислев со кубети да почнам тврдо печени, а за главно јадење кременадла да му дадам да глода од коска. На 6 месеци не се ни бленда тоа е за 4 месечно што морало од Х причина да почне со дохрана. Големо е доволно да развива осет и вежба текстури. Парчиња се воведуваат постепено според развој и спремност на самото бебе понатака. Тоа секој нормален и учен педијатар ќе советува и без спомнување фенси шменси имиња на методи. Сакале вие прифатете го тоа или не, така би требало да е, без разлика дали по блв ќе го оставите детето само да јаде или не. Тоа што ние мајките како што може да си го уназадиме детето оти - јАс ЗнАм ШтО е НаЈдОбРо За МоЕтО дЕте лупање во гради - никој. Како да ви кажам, ама не, не знаеш/ме. Затоа се консултираме со експерти околу здравје и развој. Е сеа одењето со глава во ѕид само на вашето дете може да се одбие, ама нели големи сте, вие си знаете. Е што е битно на 5 години што ќе научи да џвака? Е да, ич не е битно, ехеее битно ќе научи, кое не научило.
Може помош? Јас почнав со ќерка на 4++ од Х причина. Блендирано. После продолжив со пасирано, јаде колку толку. Парчиња јаде селективно. Нешто сака, нешто не сака. Како да ја научам на парчиња на се? Јас стварно не знам.. Не се плашам дека ќе се задави воопшто. Има осет, плука кога не може да голтне.
Јас многу добро разбрав, (а гледам и ти не си разбрала иако дојде да ме просветлиш) врати се две страни поназад можи и ќе разбериш. Јас тука читам шо се збора методот ( ) нема да го прочитам пошто не ме интересира.
Абе никаде не пишува дека мора со парчиња да се почне. Скроз ја уткаш поентата. Еве сега пак да имам бебе, пак со каши ќе почнам ама да изигравам кловн, да бутам лажици на сила и да пуштам цртани за да испразне чинија-не. И ќе го охрабрувам да чепка ако покажува интерес, да осети текстура. Па постепено ќе давам и покрупно па и парчиња. Не е тоа за понапредно да си го правам детето, туку развојно си е тој период таков. Бебињата сакаат да чепкаат, допираат сѐ и сешто, така учат. А со храната и разните текстури што можеш да му ги понудиш можеш да му го овозможиш тоа. Инаку има за парчиња за секоја возраст како се служат, од 6 месеци па натаму.
Ух.. баш и не сум пример, сите премини ми беа тешки, ама толку знаев тогаш. Со првото, почнав со подметнување парчиња во пасираното. Пример ориз никогаш не пасирав, ептен на почеток само, него го давав цел, пола морков ќе испасирав пола на парчиња, така со цел зеленчук пола пасиран пола парчиња. Ама тоа во манџички, никогаш не и дадов само така парчиња, тогаш и не бев многу информирана. До година ипол така правев. Па и сега не сум, баш сега читам да се информирам пошто ова дете лажица ќе види и уста не отвара, а 7ипол е и не знам до кога може вака на цицка само да тера. Мислам тој би вака до 5 години сигурно. Не циркус, уште на глава што не сум застанала, џабе е, не отвара уста. Исто не разбирам како познава што е храна, пошто по под се што ќе начека ќе пикне во уста, ама ако види храна ја фрла со рака одма. Пред 2 дена прв пат сам пројави желба, валда, дур грицкаше ќерка ми и ја дрпна пуфулетата, ја погледа и ја стави во уста. Ама тие се за над 1 година и го оставив само да видам што ќе прави и вака ми изгледа ко да ќе ја јадеше. Па сеа собирам инфо до 8 месеци има фора да пројаде и после секако ќе одев на премин кон парчиња, има и заби веќе.
Не знам дали идејата ти е да јаде парчиња или сама да јаде, за првото немам совет баш, нуди и постојано и со време ќе пројаде. Ако сакаш да ја учиш сама да јаде Мајкатаката ти е професионалец за ова прашање. Со оглед на тоа што веројатно ја вбројуваш во категорија нејадачи може да ти е ставрно од помош. И мојата не јаде којзнае колку ама има добар раст, повеќе е селективна во јадењето, така ја категоризирам веќе. Затоа и можам да ја оставам некогаш да јаде некогаш да не јаде. А што е тоа што јаде, а што не сака и како и го даваш, дали ти или сама да зема? Можеш да пробаш и гооолеми парчиња да и нудиш поинтересни им се од малечки, ама за сама да јаде, пример голема брокула или голем карфиол.
Има бебиња кои до 7, 8 па и до 9тиот месец (знам личен пример) не сакаат храна и се на ексклузивно доење и имаат нормален развој. Нормално пробувале мајките да дадат храна ама ако не ја сакаат бебињата не им бутале со сила. Не секое дете е исто, затоа е препорачано да се следат знаците кои укажуваат дека детето е спремно за др. храна освен млекото.
Како може дете млеко што пие гладно да е? Еве ти мој пример погоре го објаснав. Додека ја хранев на 1001 начин за 2 месеци качи 200 грама. Дури некогаш и намерно ја изгладнував и не ѝ давав да цица за да јаде повеќе, џабе. Кога почна сама да јаде за наредните 2 месеци качи 1 кило. А не ни мерев колку јадеше.
Фана, од она што го имам читано, храната се спрема соодветно. Баш некни ми излезе за јаболкото. Не се дава свежо, не знам од каде инфото, туку како што објасни Џој, сварено до степен да се распаѓа. Првото дете не сакаше храна, борба беше секое лажиче плус. Он немаше проблем со текстурата, брзо премина на пасирано, па и парчиња. Он не јадеше. Не спиеше ноќе оти како да ви објаснам, доењето не го задолуваше скроз. Активно дете кое оди од 10,5 месеци, само млеко му беше малку. Инаку се развиваше одлично, беше слаб да, ама немаше проблеми со развој, со имунитет е одличен. Храната која ја јадеше беше зеленчук и овошје. И јајце. На дете не јадач се ќе пробаш. И секаков начин на исхрана.
Имав и ваков пример во фамилија. Внука ми скоро до 8 месеци беше на доење само. За разлика од мене, мајка ѝ не ѝ буташе лажици на сила. Килажа најнормално си качуваше ко по книга. Ниту крвта ѝ ослабна, здраво бебе. И си почна да си јаде. Секое дете различно е.
Ќерка ми тотално никогаш нема ставено нешто у уста шо не треба. Само цуцлата си ја пика. Заби извади на година дена, веројатно затоа претходно не ставаше ништо у уста па ни глодалки. ( Иди научи едногодишно дете да глода мме ) Е тоа е проблем за храната. Ни храна не става. Сама не фаќа со рака, воопшто. Ако и дадам јас парче банана ќе јаде. Ако и ставам у рака го гледа, го гали, го фрла. Почнав да ја учам со лажица и вилушка да јаде. Ако веќе не сака со рака, а ми докажа 500 пати дека не сака, да го скокнеме тој дел. Не мора да фаќа со рака ваљда. Читав тука на некоја од членките детето е иста пицајзла за храна и ден денес. А знае што е храна, што не. Пааа, и едното и другото. Пример месо парчиња не сака. И сама да јаде па ич. Нема никаков интерес за храна а секој оброк е со нас на маса. Едно ѓеврече не сака у рака да стави да си јаде сама... Ќе ја заследам мајкатаКата да видам шо има да ми помогне. А нејадач е... Риба не сака, никаква. Ама апсолутно никаква. Ориз денес ќе јаде, после наредните 4 пати нема да го јаде. Спањак јадеше со сласт, еве и тоа не го сака веќе. Јас само со јадењево ќе си пукнам жими се Не можам да сфатам како сака да јаде, шо сака да јаде и на крај завршуваме со леб и павлака аман
Имам дете во фамилија кое од кога е родено, заради слаб раст е форсирано и млеко, понатака и храна. И буквално ранењето беше еден голем циркуз, цртани не палеа пошто е тоа бебе нели, ама едниот од родителите беше аниматор за детето да се насмее да отвори уста и да му се пикне лажичката. Милион испитувања беа направени, нема никаков здравствен проблем. Сега е големо и има аверзија према храна, не сака ништо да проба, кога ќе проба се е неубаво, не сака да јаде. И што е најтрагично сега може да седи без јадење и е коска и кожа. А бебе, каде основен иснтинкт за живеење му е да јаде и кое ништо не разбира, нема да седи гладно. Толку имам да ви кажам од тоа бутање на храна со сила.
Скроз е така. Заради овие причини почнав сама да ја оставам. И мојата ситно растеше, јас од страв дека не напредува бутај со сила лажички. Само контра ефект направив. На 8 месеци аверзија имаше во хранилка да седне. И буквално преку ноќ одлука донесов дека веќе нема така да ја хранам зошто знаев дека никаде не води тоа. Првите денови не сакаше ништо со рака да допре. Само на доење беше. Со тек на време почна прво да чепка ама ништо во уста не ставаше. За 1 недела од тогаш имав бебе кое одвај чекаше да седне и да јаде. Најдобрата одлука што ја донесов ми беше тоа, до ден денес никаков проблем со храна и со пребирање немаме. Омилена храна ѝ се манџи. Грав, леќа, грашок, компир манџа, боранија..Сѐ со лажица што се јаде. Нормално има работи што не ги сака, пример патлиџан свеж за жива глава не сака ни да го допре. Ама па луѓе сме, и ние не јадеме баш сѐ.
Ама пак терате во друга насока, што врска има начинот со бутање храна на сила? Нас никогаш не давав на сила, мислам нехуман е чинот. Син ми од страв храна да не е, ништо не ставаше во уста. Ова бебе се што најде бута во уста. Значи едното со другото немаат врска. Сеедно како ќе го хранеш бебето, сила не треба да се применува.