1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас спомнав дека е подобра опција да го оставиш само да јаде, него да го храниш на сила, зошто една членка поназад имаше пишано дека ако треба и на сила ќе го храни само за да јаде. И се провлече муабетот во таа насока.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Некогаш децата ако не сакаат да се „испрљаат“ со храна е затоа што во процесот на ранење се цело време бришени или ако капне веднаш да се избрише и тоа им прави чувство дека храната е прљава. Нема везе, може и да не е тоа случај, може си е пицајзла што викаш :). Ама ако се бришете така на секоја лажичка гледај да ја оставиш да се раскашави.

    А координацијата рака-уста со храна како и е? Смоки, бисквити си и дала? Ми личи дека на текстура не е многу навикната, месото е каде каде поразлично во текстура од било кој друг зеленчук или овошје. Невозможно е на таа возраст да јаде само со лажица и виљушка, мора нешто и со рака да фати, не се откажувај од тоа. Да пробаш со резистентните храни, ги ставив погоре во слика, копан, коска од ребро, коска од манго/ананас, да се разџвака малку, а ќе земеш и ти и тебе да те гледа :). Мене ми сметаше кога ќе треба да јаде само дете, да седнеш и да го гледаш ко во театар. Mојата најмногу јаде кога сме сите на маса и она е игнорирана (не правиме eye contact:D). Пробај со голема брокула (цела топтан не да ја сечеш само исчистена), како натпревар кој има најголема брокула и ќе земете ќе касате и вие. Друго, направете ручек кој може да го јаде и она, нешто со печени компири (надолжно исечи ги како дебел помфрит), па земи компир во твојата уста и приближи и се со намера да го касне од твојата уста или па уште подобро ако ти го земе со рака и си го касне сама, ова е многу успешен начин ама е за помали, ма да мојата и сега така да и се приближам ќе го земе. Е вака би се научила на координација, ќе се научи да фаќа со раце, ќе почувствуав текстура и поубаво да џвака и после ќе нема проблем ни со парчиња јадење ни со сама јадење, а со надеж и дека ќе се разјаде се. :)

    Тоа што викаш дека еднаш сака еднаш несака е асполутно нормално, не си го врзувај во крпче дека не го сака, многу е нормално, ама за да го превенираш во иднина мора да го нудиш, пак ќе ти повторам нормално е. :) Е сега е веќе тодлерче па може да пребира, ама деца до 1 година не се пребирливи јадачи. Важно е да не престанеш да нудиш. И да не јаде риба ти сепак имај ја 2 пати неделно, со ручекот ако не се најаде ќе се најаде со ужинката. Ако си открила дека сака ориз и спанаќ немој тоа да и го даваш постојано пошто си нашла храна што ја сака. Таква грешка правев, не сакала банана нема банана, не сакала патлиџан нема, е после реков не го јади ама еве ти го во чинија и чат пат ќе го касне.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.692
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да ги прашам мајките кои добро го имаат разработено овој метод, што со деца кои не сакаат да држат храна во рака? Не деца ,бебе кое не сака да биде извалкано, не сака да има ништо на рачињата, и од неговите раце нема шанси да стави храна во уста?
    Навистина ова прашање ме интересира, зошто еве моево бебе се ќе стави во уста, ама храна никако со своја рака. Ни со лажица.
    А имам пробано скоро со секаков вид храна.
    Едино, пред некој ден, брат му јадеше кашкавал, се отепа бебе од плачење да му го земе парчето, тогаш прв пат стави во уста нешто. И му се допадна.
    И да, 10 ипол месеци е.
     
  4. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Да, ама тука играат многу фактори улога. И моето има периоди кога не јаде, не форсирам и не се потресувам. Оти ако ја се стресирам, стресирам автоматски и дете и можам многу полошо да направам. И такви примери знам, па не само што не се постигнал добар ефект, туку напротив. Има моменти кога татко му го моли нешто за јадење и ја морам интервенирам да прекинам, за да не постигне спротивен ефект. Он е молен и форсиран за јадење и уште има трауми. Напорно ми било и тешко, ама сум трпела и не сум покажувала. Колку ми било напорно фрлањето храна на под или пак цела акција од готвење, сервирање за ништо, па после чистење, пресоблекување и се така во круг, толку ми е сега убаво кога самостојно јаде буквално се и само бара. Не за џабе се вели дека трудот и истрајноста се исплатат.

    А за време и ја не сум имала време т.е. сум била сама со бебе, далеку сме од нашите, не се дојдени откако е родено, така да напорно е, да, ама пак мене исто ми претставувало огромно задоволство да пазарам, да барам рецепти односно начини како да приготвам сервирам и да седнеме заедно да јадеме. Верувам дека ако сум го сфаќала сето тоа како напор немало да издржам.
     
    На IRBBB, JuLleE и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    И одоговорив нешто слично претходно на членката. Бебињата не треба да се бришат постојано затоа што им прави чувство дека храната е прљава и не сакаат да ја пипнат во рака. Пример кога бебето почнува со цврста храна, без разлика дали се парчиња или каша, ако се намачка или му покапе некаде, храната треба да се остави. Ние сме навикнати кога му даваш со лажиче и тоа му прокапало на устето одма да го дособереме со лажичката или ако се брцнало со рачето во уста или во кашата одма да го ибришеме или на хранилката или на под ако паднало одма чистиме, тоа е една од причините зошто некои бебиња/деца не сакаат да допрат храна.
     
    На IRBBB, LiquidLuna, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Време му треба. Мојата беше таква. Сѐ во уста ставаше освен храна. Што ќе ѝ понудев прво гадливи фаци правеше додека го гледаше јадењето, не допираше ништо и почнуваше да плаче. Ја седнував со мене кога ќе јадев и јас, зимав од тањирот нејзин и ставав кај мене во уста. Она ме гледаше, пратеше сѐ. Пак ништо не допираше. Па ќе земев парче (или лажичка со густа каша) кај мене во рака и ќе ѝ го покажев, ќе и речев: сакаш? И така секој ден, почна многу брзо да се опушта. Прво од рака ми земаше, после почна и од тањир да си зема. Имаше моменти кога ќе фатеше нешто и одма го фрлаше на земја. Ама и тоа им е дел од развојот. Истражуваат каков звук прави секоја храна кога ќе падне долу. И тоа помина. Полека само и без нервози. Мали се, време им треба.
     
    На IRBBB, LiquidLuna, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.136
    Пол:
    Женски
    Јеп. :nod:

    Тоа јаде. И леб јаде. Сега почна да сака да фаќа лажица додека јаде. Кога е празна ја става у уста лажицата. Знае дека се храни со тоа.

    Ова е пробано. Јаде се што јадеме ние. Вкусот не и е проблем.
    Инаку она нас не храни. Ако имам пола смока у устата, она ми ја пика со рачето. (facepalm)
     
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Ама чим јаде леб, става лажица, тоа е, ќе се научи, да не мислиш ти со нож и виљушка другиве дека сечат. :D На крај се сведува на упорност, трпение, учење, покажување, вежбање и да си ги преброиш влакната на главата:D. Ама ете можеш и Ката да ја прашаш. А полно лажиче не го става во уста?
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Што да се купи?
     
  10. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Дете што јаде само. :D
    :wasntme:
     
    На Mom's_life, pamelche и Mucika им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.136
    Пол:
    Женски
    Немам веќе :drunk:

    Јок :shake:
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Идејава што се фура на темава е дека бебето само знае колку е гладно и колку му е доста, нешто што уште возрасни не знаат да проценат, ама бебиња нели се далеку поразвиени од нас. Што е ок кога се работи за доење, само кажува, но и таму има мерки дали премалку или премногу јади, не се остава секогаш на нивна потреба.
    Демек ние ако го храниме ќе му се слоши од јадење пошто не знае нели уста да затвори ако не е гладно или не му се свиѓа, или не знаеме колку е соодветна грамажа за бебиња туку така шибаме во уста безвезе. Ама ако му дадеш комир, само ќе изеде толку колку што е гладно. Не повеќе ако му е ептен вкусно, не помалку ако не му е по ќеиф. Точно знаат колку, ахам.
    И компирот или морковот требало да е ептен варен да се распаѓа, како на пример...пасирано?
    Бебиња од 5 или 6 месеци ќе сфатат дека ти хранилка чистиш, раце им миеш или алишта фрлаш во перална извалкани од храна затоа што храната е нешто гадно, па затоа аверзија развиваат кон храна. Оооок, не знам што да речам. Гладно сум, храната е одлична, ама нема да јадам оти ја видов мама како чисти па којзнае што има во кашава штом таа се потресува толку.
    Ова ми се чини има корен од некои либерал булшит ставови каде сите уште во утроба сме самостојни личности со свои ставови и никој не смее да ни наметнува ништо.Сите сами си знаеме што е најдобро за нас, па зошто да не уште на 5 месеци? Нешто ко трендот да му дозволиш на дете да шлака нон стоп по ѕидови пошто утре Пикасо ќе стане, Боже сачувај граници некакви и авторитет да му покажеш, диктатор.
    И вие што форсирате, колкави ви се бебињата, 9 месеци, година дена?
    Главно јадење дотогаш ви беше доење или формула а методов само ко експеримент ви беше меѓуоброци, игра?
     
    Последна измена: 13 февруари 2023
    На Sesil, oblace1, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  13. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Гладот е основна потреба и ако некој возрасен не знае кога е сит, тогаш најверојатно му бутале храна како мал против своја волја. Ако некој јаде умерено, полека, не може да не осети кога е сит, освен ако нема некоја дисфункција.

    Некој претходно спомна за цицањето. Бебето знае кога му е доста млеко, исто е и со храната, верувале или не. Ако нешто не му е вкусно и нема да сака да јаде, ќе побара за побрзо време од вообичаеното пак да јаде, или пак ќе надополни со цицањето.

    Компирот и морковот не треба да се распаѓаат, треба да се варени како за нас, и не не е исто како пасирано.

    Пикасо нема да е, ама ќе има убаво и слободно детство. Тоа понатака ќе му донесе само позитивно нешто во животот, негативно не може да е. Иако ја лично не дозволувам да црта по ѕидови, јер ставам граници (читај давам насоки), кои му се потребни за да знае кај да тера во животот.

    И да, нашето расположение и тоа како се однесуваме ние, влијае на децата од уште многу мали. Ако мајката е нервозна или стресна бебето/детето не може да не осеќа. И возрасен ако е гладен па се изнервира може моментално да снема апетит, децата се уште поосетливи.

    Типичен став за наш менталитет: што знае детето, мало е. И се така додека да се живи родителите. А всушност детето уште од самото раѓање е своја единка на која и треба само помош, а не некој да ја командува. Самото мото на Марија Монтесори и нејзиниот начин на едукација е „помогни ми да си помогнам“.
     
    На kozuf, Skyler, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Нашите трауми од доминантни и контрол фрик родители треба да си ги оставиме на страна пошто очигледно водат до други крајности како што гледаме денес.
    Не гледам посебен бенефит од овој метод. Сите набројани се само теорија што упорно се врти, слобода, самостојност, креативност, среќно и задоволно бебе...што би значело дека обратното од овој метод е што? Опресија, силење, истрауматизирано бебе?
    Продажба на производ, тоа е продажба на тренд. Преувеличувај позитивни ефекти, минимализирај негативни.
    Глупости.
     
    На oblace1, fana и LadyD им се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Како одиш од баби до жаби тоа чудо едно. Не, ќе застанеме во 19 век, либерал булшит било, ок. Ништо веќе нема да се менува пошто тука ќе застане развојот на човештвото. Што сте запнале дека се фура нешто или дека се форсира. Кој тоа може да те натера да му праиш нешто на дете што не сакаш.
    Ти не знаеш кога си гладна, кога си сита? Сериозно? Ти се десило да прејадеш дете и да поврати? Исто јадеш на секој оброк количински во исто време?
    На последново прашање не знам да ти одговорам тие што форсираат нека ти кажат. Ама еве ние што не форсираме, од 6 месеци постепено се додава цврста храна, а доењето не се крати.
     
    На IRBBB, Annath и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  16. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    На Али експерес :rofl:
     
    На IRBBB и Tiny Love им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кога се враќаат трендови и начини на исхрана и одгледување деца од порано и на секои 10 години се менуваат па се повторуваат, во која група ќе ги ставиме? Застарени или модерни?
    Значи доиш до година дена ама од 6 месеци воведуваш постепено друга храна. И што е тука wow?
    Значи ко сите други бебиња само едни јадат пасирано и блендирано пошто мајките не сакаат да се потресуваат на секое јадење дали ќе им се задави детето и дали ќе изреагираат правилно и ќе заврши трагично, други сварената храна ја јадат со раце. Wow. Ама едните бебиња контролирани и дебели и заостанати во 19 век, другите слободни, модерни и најадени точно толку колку што треба.
     
    На oblace1, Celltica, velesanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Ама џабе се расправаме на темава. Абе кој како што му одговара така нека прави. Ако некоја мајка смета дека бебето од 8 месеци треба да изеде 250 грама каша па по цена и “во врат да му ја тури” која сум јас да наметнувам мои ставови? Сите сме различни, и ние родителите, а и бебињата, кој како што му одговара така нека прави, ако сакате до 5 години блендирано давајте.
    Само една интересна работа што е иста кај сите бебиња е дека колку и да биле големи лапачи на почеток кога почнале со цврста храна, секогаш доаѓаат до период кога стануваат пребирливи и не сакаат да бидат хранети од друг. И тоа скоро баш кај сите се случува на 10+ месеци, кога бебето веќе осознава многу работи и сака самото да си истражува, или кога ќе прооди па не му е интересно да седи во хранилка и да биде хрането, а наместо тоа сака да вежба одење или да си игра на земја. Ама нели, не смее гладно да седи детето па ајде ќе пуштиме Кокомелон да зјапа детето како хипнотизирано за да го најадеме. Или тато кловн ќе изиграва, мама ќе бута лажички, па нели е боље, ем за 5 минути ќе биде нахрането, ем нема да се испрља (facepalm)
     
    На Skyler, IRBBB и Annath им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Форсирање храна на деца кога не се гладни е сосем друга тема.
     
    На LadyD и fana им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.336
    Допаѓања:
    249.356
    Во крајности ја носете темата.
    Начинот не е нов, само што ете има име и стана поатрактивен во Мк. Инаку се настојува детето само да јаде и така и ги учат и во градинка.
    Што е лошо во тоа да се менува текстурата и да се научи детето само да јаде џвака?
    Придобвките се секако поголеми, нема врска со либерали и не знам што.
    Контрола на храна треба да има и дете треба да јаде соодветно. За ова јас не ни размислувам дека треба да и оставам она да го води процесот. Она треба да јаде се, оти има потреба од тоа.
    Јас планирам полека да премине на пасирани. Утринската ужина ќе биде овошје на парчиња, потоа ќе следи ручекот кој еве ќе се обидам да биде пасиран. Вечерата зависно, ако е некој инстант каша, палента нормално е каша да е, палачинки на пример е во парчиња. Зборот ми е јас одлучив да балансирам, да учам постепено, соодветно на возраста.
    Не очекувам дека на 6 месеци ќе јаде сама кога сега почнува да се учи да јаде. Ама нормално како расте, така и се менува начинот.
    И мислам дека генерално сите се водиме по ова, ама ете, битно ќе се препокуваме.
    Ниту на 6 месеци да даваш бебе само да јаде парчиња е ок и да оставаш да одлучи колку и што ќе јаде, ама исто пак и со кашата во раце да трчаш по две годишно дете за да го нахранеш.
     
    На ladystardust, eli25 и LiquidLuna им се допаѓа ова.