Ама очигледно не сфаќате дека “модерниов метод” како што го нарекувате, не е против каши. Сте слушнале, не сте дослушнале. И јас се вбројувам во тие што им е страв дека ќе се задави па давав каши, малку погусто приготвени да не ѝ паѓа од лажицата или да не се лизга од рачето, ама сама да јаде. Со тек на време се охрабрив и почнав и парчиња, зошто една те иста текстура ја вртев, досадно ѝ беше. Еве јас лично, која сметав дека мајките изводат за фолоувери на инстаграм што ги тераат децата од 6 месеци да јадат сами, дека ова е нешто модерно и глупост, потпаднав под влијание на истиов метод, зошто ќерка ми уста не отвараше, а никогаш не изгледаше гладна. Немав друг избор, или тоа беше, или да јаде со сила. Многу читав и се уверив дека БЛВ всушност, не е бебето да јаде парчиња од 6 месеци. Многу подлабока тема е. Кој го интересира, сѐ си пишува на интернет.
Нема потреба да го студирам методов, главното е напишано во две-три реченици. Кога почна да го применуваш методов, на 6 месеци?
Ама кај заклучи дека си ги мериме и дека некој нешто форсира, упорно го вртиш тој муабет, секој си прави ко што му чини. Нема да одам офф топик, ако сакаш коструктивен муабет за блв пошто таа е темава ок. Било пасирано, блендирано, целта на блв е да се водиш по бебето, а не дека мора парчиња да му сервираш. Друга тема се бенефити или не од сервирање парчиња. Не се 10 год во прашање, јас не знам ни баба ми, ни мајка ми да се воделе по бебето, туку давале колку да завршат работа со јадењето. 50% од давење не се случува со храна, се знаат кои се ризици и се одбегнуваат.
Не, на 9. Пишав поназад детално и зошто, и од таму се разви и дискусијата за форсирано хранење, кога една членка имаше пишано дека ако треба и со сила ќе му бута лажици, само за да се најаде детето. Не мораш да го студираш “методов”, ама очигледно сите што мислите дека е некое помодарство, сте заглавени со фактот дека блв е метод по кој мора бебињата да јадат парчиња од 6 месеци. А не е така.
Жално и контраефективно е да му се „лупа“ јадење на бебето/детето без разлика каква е текстурата на храната. До 14 месеци ќерка ми беше претежно на каши ама во ниту еден момент не ја исфорсирав да ја доврши порцијата, така што не мора одма да го поистоветувате таквиот начин на исхрана со присилба. Со едно се согласувам - секој нека си прави така како што му одговара. Од мое лично искуство, ќерка ми повраќаше од парчиња, а не од прејадување со каши. Парчињата (меки и ситни) и' ги подметнував во кашите за постепено да преминеме на поцврсти текстури, бидејќи немаше теорија сама да посегне по храна. Не знам ни сама колку пати понудив ама секој обид завршуваше со храната расфрлана насекаде по подот. Е сега да ја чекам со недели да одлучи да пројаде така со нејзината тежина на долна граница не доаѓаше предвид. На преминот кон 15ти месец, глеј чудо - детево како преку ноќ да проџвака макарони, мафини и палачинки првично понудени како експеримент. Сфативме со мм дека е спремна полека да преминува на храната што ние ја јадеме. Поентата ми е, без разлика по кој метод сте одлучиле да ги храните, не треба да ги форсирате или вие сами да се потресувате. Следете ги. Ни Трајка, ни фемина, па богами ни СЗО не го познаваат вашето дете така како што го познавате вие.
Постојано се потценува "стариот" метод и се напаѓаат мајки како форсираат храна и прејадуваат деца, еве и колку да завршат работа со јадењето, што не ми личи баш на наивно споделување на искуства и секој нека си прави како сака. Плус, ретко која од вас почнала на 6 месеци со храна каква што пишува дека треба да се почне, битно совети се даваат. Ахам, значи не се парчиња храна за да научи да џвака можело и каши, сега не е ни на 6 месеци а убаво си пишува откако ќе може да седи со мала помош колку што прочитав, значи тебе како ти одговара така е, битно да напишеш дека си и ти дел од трендов. Чекам да напише некоја дека почнала со методов на година дена.
Сигурна сум дека, ако имаш деца, и ти си почнала некогаш да ги оставаш сами да јадат. Значи и ти си поминала низ трендов. Не секој родител е психички спремен веднаш кога ќе почне со вкусови да даде парче. И не секое бебе е спремно да џвака на 6 месеци. Некои веднаш даваат парче, некои постепено преминуваат од каши во сѐ поцврсто, ама сѐ додека бебето си го диктира темпото и начинот на јадење, се интересира за храната, сѐ додека нема молење за уште едно залче и додека се јаде во хармонија, е тоа е всушност “трендов”. Нема голема филозофија. Не знам што толку го правите кој знае што, а не е. А за парчиња и на педијатар да одиш околу година дена ќе те праша дали му даваш и ако не, ќе те советува полека да почнеш.
Значи пак го сведуваш методот на начин на кој тебе ти одговара. Секако дека следев развој и спремност за храна и многу други работи. Тоа не значи дека сум се придржувала до методов, точно си пишува што и како е.
Да, баш на начин на кој мене, на моето дете и на моето семејство му одговара. Има мајки похрабри од старт даваат парчиња, има мајки како мене не толку храбри што ќе почнат постепено. Важно е да му се верува на бебето и да се пратат неговите инстинкти и потреби и истите да се задоволат. Всушност тоа е и поентата на методот, другото тоа што си читала се само насоки.
Скроз се согласувам, ама и жално е од друга страна да ти посегнува бебето,еве да речеме на 8 месеци, по бананата што ја јадеш, и да си речеш ахам, сакаш банана, ама не може вака да јадеш (пошо нели бебе е, нема заби), чекај еве ќе ти ја испасирам, и му ја даваш истата таа банана пасирана после 30 секунди и нејќе да ја проба. Па нормално, една сменета структура за него изгледа исто како сосема друго јадење да си дала. Така ги перцепираат работите бебињата. Поентата ми е дека не мора СТРОГО парчиња да бидат, ама ако покажува интерес за парчиња бебето, зошто да не му се дадат? Нормално, послужени во форма за возраста. Еве на пример ако правиме муабет за парчиња, на бебе од 6 месеци му се сервира поголемо меко парче зошто фатот му е со цела шака. На 9 месеци сервирањето е на ситни коцки зошто тогаш му се развива пинцета-фат со палец и показалец. Не дека нема да ги развие и преку игра со играчки на пример, ама еве зборам за случај каде детето категорично одбива каши и сака парчиња. Ќерка ми беше повеќе по каши и ден денес повеќе сака такви оброци што се јадат со лажица и количински повеќе јаде така послужено, него парче месо и компири на пример. Не ја ‘силував’ јас парчиња да мора да јаде. Истово го зборев со мајката Ката (која е сертифицирана за методов) кога почнав сама да ѝ давам да јаде и самата ми кажа дека детето си е такво, не гледај други деца, ќе ѝ даваш каши густи да може со лажица да си нацрпи, ќе вметнеш на ситни парченца месо и полека, полека ќе даваш сѐ покрупни. Сум давала едно исто јадење на 3 различни начини послужено во оние тањирчињата што се со прегради, за да видам што преферира, она секогаш го празнеше делот кај што е каша, за парчињата многу не се интересираше. Зборот ми е, секое дете приказна за себе, а секоја мајка не може да знае што е најдобро за нејзиното дете додека не ги проба сите опции (зборам за бебе-нејадач). Зошто кога имаш такво бебе ќе се запрашаш каде грешиш и сѐ ќе пробаш. Ете кај нас проблем не беа кашите, проблем беше што сакаше сама да јаде, а јас не ја оставав, зошто повеќе си играше со храната, па ја фрлаше лажицата итн. Е кога почнав скроз сама да ја оставам и да не ја молам да јаде, друга приказна беше.
Не можам да поверувам дека успеавте да се скарате и во оваа тема Јас откако дознав за оваа метода пред некои 3,4 години, многу сакав кога ќе имам дете да се храни вака. Но страв од давење преголем и си почнав со каши, постепено давав и парчиња. Сега јаде комбинирано,брендирано скоро ич освен готови каши, или со вилушка малку ќе испасирам или парчиња. Некогаш јаде сама, почесто ја ранам. Не сметам дека постои правилно и неправилно. Ве читам 'како е нормално бебе да јаде храна за возрасни'. А што јадете вие толку посебно што не е за бебе, освен зачините ете? Јас најчесто кога спремам ручек, преферирам да е за сите исто. Пилешка чорба и за нас, тоа и за бебе. Пред да зачинам вадам за бебе па си зачинувам. Или печена риба со зеленчук, исто се само без сол и вегета. Или било што друго. Секако не и давам да јаде чипс или смоки што јадеме ние, или пак благо. Тоа се знае си има без зачини без шеќери 'грицки' за бебиња. Посебно за тие како моето што цел ден мора да 'мезат'. Освен свинско (?), мед, шеќер и сол друго се давам на бебе. Не ми е јасно зошто толку ги осудувате мајките што ги хранат вака бебињата - модерни мајки. Пре би 'осудила' мајка што на 6 месечно бебе дава чоколино кое е преполно со шеќер, отколку мајка што го соблекла бебето на памперс и му дава само да се храни и да развива моторика.
Само Тагни ме кога ке потврдат дека печено брашно со вода е хранливо за деца или има било каков бенефит.
Omg А со што да ги хранале по твое на пример? Имало адаптирано млеко на козја основа без лактоза и без не знам што? Смешки.
Не можеш да споредуваш за пред 60 години и сега, сѐ е толку напред отидено мислам дека нема поента да се навраќаме ни на “ние како пораснавме па што ни фали”. Многу работи се сменети, истражени и докажани.
Тотално не си разбрала. Тогаш било така. Не знаеле подобро. Така мислеле дека треба. Ама денес на сите истражувања да кажеш дека бабите подобро растеле деца, поздраво и посоодветно од новите "трендови" е смешно.
Смешно е да си ЕКСПЕРТ а не баба и денес да кажеш дека престрашно е да дадеш глутен пред Х месеци возраст, а по една година да речеш ма давај се. Парчиња давај глутен давај лимон давај месо воведи на факултет пушти го во друг град оти е самостоен. Свашта
Јас како мајка на прво дете искрено најголема потешкотија гледам со исхраната. Прво почнав со пасирано, па блендирано. Доручекот го јаде без проблем но увидов дека "мора" цртани да се уклучени. Ручекот никако не оди ни со зеленчук ни месо. Не е од оние бебиња за да можам да туркам лажички а и па не сакам бидејќи само се фрустрирам и неа и себе. И сега, читајќи ве тука овие неколку дена, што и да правам се чувствувам дека некаде грешам. Се опседнав со тие грамажи колку јадела/што јадела а пак ништо не се постигнало. Од друга страна, имам многу случаеви од другарки кадешто децата јаделе само пасирано, количински премногу, престимулирани. И сеуште го имаат тој проблем. Муабетот ми е да не ја должам многу, мисла ми е дали ако сега сакам да си олеснам би ми се наплатило тоа во иднина па да МОРА да е уклучен ТВ, да трчам со лажица, нејадач, аверзија и што уште не. Никогаш не се работите црно-бели. Збунувачки информации од педијатар, групи, експерти и што уште не...на крај на ден секој сака најдобро за своето дете.
Не е тоа поентата. Поента е дека светот се менува. И треба да има еволуција. Некогаш мислеле дека едно нешто е добро ама се покажало дека не е. И веќе тоа е исфрлено. По чии препораки ке се одлучиш да го растеш детето, од храна до воспитување, вежби за моторика, фина моторика, говор, и се поврзано околу детето е твое. Едно е сигурно, експерти во своите области држат до ставовите. Не ги изнесуваат пред да се сигурни. А промаја експерти јас лично не ги ни сметам за експерти. Галмџии само. Од мое досегашно искуство, многу работи се покажаа како целосно точни ако советите се применети соодветно а не модифицирано.
Мене пред 7 години педијатар ми рече да почнам со парчиња пред него и да го оставам сам. Ако не послушав ќе седеше гладен, се гадеше од каши. Имаше 9 месеци и се почна да јаде така. Палента и гриз правев во калапчиња мали и така јадеше од пред него си земаше. Месо на многу ситни, зеленчук добро сварен, се што инаку пасирав претходно. Можеби има улога тоа што од прва кашичка му давав така пасирано со текстура, па сакаше да џвака. Баш гледав слики денес, хаос на хранилка, измачкан цел ама си јадеше се. Под хранилка ставав нешто обавезно. На година сам сркаше супа со лажичка, шпагети јадеше сам. Никогаш не сум го ранела, не ме оставаше. Самото дете си одбра таков начин на исхрана. И сега ќе следам како сака таа, а кашите што ги спремам дома не се целосно мазни, да се навикнува на текстура.