Како јас да сум го пишувала ова пред година и пол. Не сакав да ми биде кошмар секое хранење, а и се плашев дека ќе се продлабочи проблемот ако не превземам нешто. Броењето грамови и изедени лажички преголем притисок ми ствараше, веќе не се издржуваше. Плус и килажа како што не качуваше, опседната бев. Цел месец чепкав по интернет, пробував да ѝ давам комбинирано, парчиња на послужавникот на хранилката, а во меѓувреме да ѝ давам јас каша..Никаков резултат. Плус имам трауми од што имам гледано како децата на мои блиски (кои се поголемки од ќерка ми) јадат на секаков можен начин (или воопшто не јадат)- еден оброк 3 саати со бркање низ соба со тањирот, со таблет, со молење и слично, многу се плашев дека и мене ќе ме чека истото. А и веројатно ќе ме чекаше, гледајќи по темпераментот на ќерка ми, да не превземев нешто. Мене искрено најмногу ми помогна мајката Ката, ја исконтактирав на инстаграм, зошто не наидов баш на разбирање од околината, па дури и од сопругот кои ме убедуваа “ајде бе што разбира тоа, бебе е”- вклучувајќи и од тие блиски што не можат да ги натераат децата да им седнат на маса за да јадат. За 2-3 недели сите си легнаа на брашното и после месец, кога видоа дека стварно тоа што Кате ме советуваше и го применав, има ефект, редовно почнаа да ме прашуваат за совети како да прават со нивните 4-5 годиншни деца, како да ги натераат да јадат без дистракции. Мајка, ако ти ствара секојдневни фрустрации хранењето, ти ја препорачувам Мајката Ката. Она ќе ти даде дневник да водиш неколку дена, или сега мислам и на камера се уклучува, за да воочи кај е проблемот и најправилно да те советува. Кога јас се опуштив на оваа тема, мислам секој може.
Два месеци неуспешни поминаа со пробување со каши блендирани и пасирани. За некој ден е 7м. уште е на ексклузивно доење, пет лажички не му се имаат собрано да вкуси. Се решив BLW и веќе пет дена пробувам само со овој метод. Стига до тоа да ја фати храната и да ја фрли. До тогаш само ја гледаше. Читав дека може и до 15 дена да трае додека да почне да става во уста. Но, од искуство кога почнале кај вас? Каков бил почетокот посебно кај бебе нејадач? Планирам да го седнувам меѓу секоја дремка и да му ставам храна на хранилката, правилно ли е така? Кнап сум со време за месец и пол се враќам на работа, до никаде не сме.
Мојот искрено не правеше проблеми за јадење на почетокот. Сам почна да се пружа да јаде сам. Али секако дека нема одеднаш да се научи сам да јаде. Некаде после 1 год и 2 3 мес почна да јаде со вилушка и со лажичка. До тогаш со раче. Али секако дека не можеше цел оброк да изеде сам. Инаку за месец и пол до три оброци ќе стасаш. Јас би нудела 2 3 пати на ден. Јади и ти со него, грицкај, шљапкај со устата, давај му да грицне, да проба. Само да нема дистракции. Без играчки, без тв, само бебе, храна и ти. Нешто тој сам со рачето ќе пробува, во меѓувреме ти ќе му ставаш во усте и така.
Така правам. Ги читав препораките. Ништо не му ставам сега во уста, ќе чекам да почне сам. Само му подавам ако помине одреден период на безцелно зјапање во парчето храна.Тој има аверзија кон се што не е цице. Каде се две рачиња кои се молат да ти пратам. Пресреќна ќе сум ако е така.
Ново му е и прво со раце истражува. Затоа прво гледа, па после фаќа, фрла..трпение само ќе почне и во уста да става. Иста и мојата беше, само што јас кога почнав така не ме оставаше ни да ѝ ставам во уста лажичка измеѓу додека си играше со храната, па кренав раце и ја оставив што сака да прави. Многу брзо почна и во уста да става, ама фрлањето долго траеше. 3 залчиња стави во уста-едно фрли долу правеше. Не ја карав само ѝ кажував дека храната треба да стои на масата. Или кога ќе почнеше да фрла повеќе ѝ велев “гледам дека си завршила, ајде сега ќе станеме” , и ја станував без разлика колку изела. Седни до него земај од неговото тањирче и полека јади, да те гледа. Нуди по 3 опции и не ја преполнувај чинијата зошто многу храна послужена поголема возбуда им прави. Ако не си спремна на парчиња во ред е и кашички само погусто приготвени, кога ќе ја дигнеш лажичката да не паѓа. Земи 2-3 лажички со дебела дршка и ротирај ги, нацрпи му и покажи му ја, нека посегнува само да ја зема. Можеби ќе ја земе, ќе ја стави во уста и веднаш ќе ја фрли, нормално е. Во таков случај не реагираш, веднаш му ја даваш другата лажичка и ја земаш таа што паднала долу. Многу трпение и посветеност од твоја страна бара, ама искористи го тоа додека си на породилно, за месец и пол друго дете ќе имаш.
Фала. Така правам, пр. денес понудив компир, морков и брокула на парчиња. Не сум ставила сè уште каша за да зима сам, мислев прво да пробам со парчињата, ама ќе комбинирам ако не. Каде има да се купат лажички со дебела дршка? Ги следам, го симнав апот на solidstarts, одлични се.
Офф искрено за лажички јас кога бев во таа фаза немаше ич избор на такви кратки со дебела дршка мислам има на dr.browns, во bebebox, kidsandco…Jас имав од bebebox такви лажички.
MKD 90.23 30%OFF | 2PCS/Set Pre-Spoon Baby Spoon Set BPA Free Silicone Self Feeding Utensil Baby Weaning Spoon for Kids Ages 6 Months+ https://a.aliexpress.com/_mtgXl6A Јас овие ги имам, за ич пари од али.
Ај ако сакаш провери го линкот ми дава некој ерор, не ми отвара. Да видам и ја што чудо се овие. @Kolache na mama скроз исто со јадењево. И мојов фрла. А со истото лажиче одма потоа вода кога му давам отвара уста цел се возбудува и не се буни. И ја дојдов овде да прочитам нешто плус, не знам што да праам веќе идеи немам. Иначе ја јадам и шлапкам пред него и тој исто шлапка со празна уста, сачувај боже да стаи нешто внатре. Ќерка ми е жив терс ништо не јаде, ама бар кашички јадеше.
Фала. Нарачав уште вчера неколку баш за ич пари. Мислев од тука за побрзо, ама па што ќе брзам со мојот нејадач, ко божем до лажицата е проблемот.
За методов читав и за поголемото, ама тој јадач од блендирано на пасирано на парчиња дур да трепнам стигна. Го читам кашите што сум му ги правела, ужас, ама кога дете е јадач нема лоша комбинација. Е за ова мора да го применам асално. Има добри совети тука и корисни инстаграм профили па прашувај, споделувај ќе се бодриме некако. Да не се враќам на работа за брзо немаше да имам волкав притисок, вака сум во трка со времето. Инаку денес му испржив жолчка ја стави два пати во уста и со секое имаше гаг рефлекс. Језиво. Овие ги нарачав: https://a.aliexpress.com/_mrwHxs https://a.aliexpress.com/_mt3IGtC
Ги знам овие, ги имам видено низ маркети. Треба и ја сериозно да седнам и да прочитам и сериозно да почнам со методов. Сега те прочитав дека може и денови да трае да фрла се додека конечно проба, па ај да се охрабрам оти како тргнал ќе треба до забаваче да се доиме. Малку ми е страв дека парчиња, а тој и вака како се гади просто нема нешто што бендисува. Веќе и не знам дали некои намирници да ги рачунам за пробани од неколку лижнувања само. Нели жолчка се даваше по четвртина на почеток? Леле не знам… мислев потерс од првото нема шанси да има 2-3 пати на ден нудиш ист оброк или различно?
Не рачунам дека нешто имам воведено, ништо не е тоа од пет лажички за два месеца, а и тие пет кои исплукани, кои повратени. Само алергени ќе ги воведувам по два дена, останатите ќе ги мешам. Нема шанси да ја изеде цела жолчка направена како кајгана, ако лизне биди среќна за почеток. До сега нудев исто два пати на ден, од денес планирам за доручек парчиња, а за ручек каша (сам да си зима со лажичка/раце, можам да замислам што ќе е тоа). Кратко сум на овој метод, за една недела до сега уште е на лут поглед и фрлање на храната, со исклучок на вчера со жолчката.
Ај сега пробај MKD 90.51 30%OFF | 2PCS/Set Pre-Spoon Baby Spoon Set BPA Free Silicone Self Feeding Utensil Baby Weaning Spoon for Kids Ages 6 Months+https://a.aliexpress.com/_mOfHAWK Истите се како тие од вториот линк на @Kolache na mama Еве уште едни MKD 94.55 25%OFF | Baby Spoon Fork Set Food Grade Silicone Sticky Spoon Children Cutlery Training Spoon Feeding Tableware Soft Kitchen Accessories
Алергените повеќе дена воведувај ги, пошто по малку земаат, да си сигурна дека е внесен. Инаку, морам да кажам, пошто сакав некој со мене да биде брутално искрен и да ми ја каже реалноста на блв, затоа што тоа што го гледав/гледам на интернет немаше благе везе со реалноста. Можда тоа беше случајот со нас. Упорно се трудев за секој месец да најдам видео каде што го има некој снимено целиот оброк додека се рани бебето и да го видам магичниот прогрес, а не делови и склопено видео само од моментите кога брцка и јаде, никаде немаше видео дека 80% од храната е на земја, дека детето изело 20грама, не викам дека не е тоа во ред, пак би го поминала истото, едноставно сакав некој да ми каже дека така треба, дека тоа е нормалното и дека сме на прав пат. Пак ќе речам, можда мојот случај е таков, можда други бебиња јадат повеќе, не фрлаат, не одбиваат храна и сл. Можда кај некои деца има прогрес за месец, два или пет, јас прогрес видов близу година. До година, па тоа беше еден ролекостер буквално, јаде, па не јаде, па фрла се што е послужено, па не сака ни да пипне и тн. На крај се испостави дека е нормално и дека така треба и дека детето буквално знаело што прави, пошто си има супер раст и развој, ама јас цело време мислев дека не е во ред, затоа што сликата што ми беше прикажана беше „нашминкана“. Ми е криво само што тој период ми помина многу стресно, а можев да бидам опуштена.
Фала на искреноста. Почнав со овој метод како давеник за сламка. До сега пробав сѐ, уште ова ми остана. Секое мислење ми значи и ми е од голема помош/мотивација.
Ти го оставаше само , без да и даваш друго? Мене педијатарот ме советуваше дури она се занимава со парчињата јас да и давам да јаде. Никако да не ја оставам само на тоа што ќе го стави она во уста. Не би експериментирала да ја оставам гладна и така е ситна и да чекам цела година за напредок. Иако мојата покажува интерес и секогаш е со парче храна на хранилка, јас ја хранам да сум сигурна дека изела. Мојата уште малку 8 месеца ќе биде , па и кога ќе биде поголема , пак јас ќе ја хранам.
Ја оставав, ретко кога и давав, не ме ни оставаше да и давам и таму немаше интерес, просто кога не сакаше, никако не сакаше да јаде. Едниот педијатар ми викаше дека не може сама „доволно“ да изеде, што се докажа спротивно од тоа мислење. Другиот педијатар беше поопуштен, ми викаше дека се е тоа нормално, истражуваат, секој нешто сака, нешто не сака и никако да не давам на сила. Ама немав проблем со растот, она по природа си е голема и голема се роди, а и цицаше цело време, тек накај 10ти месец почнав да кратам подои божем да се разјаде, јок ни тоа не запали. Али секој случај е сам за себе, ако така ве советувал педијатар и ти така се чувстуваш поопуштено, апсолутно не се труди да менуваш нешто и мислам дека супер правиш да одржиш баланс. Мене и карактерот ми е таков опрезен ама да ми бил умов сега, ќе беше полесно.