Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас искрено не знаев за ова додека моето не наполни 5 месеци. Од 4 месеци почнав со кашички, блендирани и пасирани. Но за среќа малото прифаќа секакви текстури, уште од 8 месеци давав парченца со лажичка, а многу често и сам го оставав со рачињата да гмече. Прифаќа и сам да јаде, но искрено немам секогаш време и нерви да го чекам да заврши и да гледам се хаос.
     
  2. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Само што направи 9 месеци ми одби каши
    Парчиња и крај ! ако го види тањирчето со каша вришти пишти и врти со главата

    И даваме и ние до пола јадење пола сама си јаде
    Некогаш и скроз ја оставам ќе и наредам пред неа и си зима
    Имаше на почетокот како нагон за повраќање ама се случи само два три пати
    Они си имаат добро развиен инстинкт за тоа
    Парчињата во секој сличај ги правам тенки и убаво сварени,уште има само кецови кога ќе пораснат и другите запчиња уште полесно ќе е
     
  3. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Не е малку страшно со макарони и палачинки?
    Пробав со грицки за бебиња, одлично ни оди!
     
  4. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Нема страшно не страшно, не дозволувајте вашиот страв да го кочи детето. Ако оно е спремно за ваква исхрана информирајте се добро и дајте му насока.
    Оди кај мајката ката на инста прашај ја за се шо не ти е јасно верувам ке ти помогне многу.
     
    На Oneo и PurpleMind им се допаѓа ова.
  5. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Какви грицки? Пример син ми од 7ипол јаде сам, грицки немам дадено. Имам купено, немам дадено. Купив хип и лино смоки и тие другите глупости што ги имаа и сите тие се со огромен ризик од загушување. Тотална спротивност од правилата на блв.
    Со палачинка и макарона не може да се задави, дури и да се задави тие се лизгави и по некоја логика треба лесно да се ослободуваат.
    Само храбро мајка, гушењето кај децата е најчесто од предмети, поретко од храна.
    Најчесри гушачи од храна се живо јаболко/круша, лижавчиња, бомбони, гумени бомбони, јатки, пуканки, грозје.
    Внимавај како ја служиш храната, тоа е најбитно. Добро послужена храна според возраста така шансите од загушување се 0
     
    На Филотеа, IRBBB и PurpleMind им се допаѓа ова.
  6. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Чекај сега, ме стави во мисла... Јаде од оние огромните смоки за бебе, од пченка, без сол. Се топат во уста. Сакаш да ми кажеш дека може од тие да се загуши? Како?
     
  7. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Од тие Лино дадов да проба, на 8ипол месеци. Гризна големо парче и проба да го голтне. Парчето му се заглави позади зашто нели е лепливо. Фактички му се активираше гаг рефлексот ама заради тоа што е лепливо, ми се залепи за горниот дел од устата и не можеше да го исфрли надвор. Пробуваше и да го голтне, после некое време ваљда се растопи доволно и го голтна. Од тогаш немам дадено такви работи.
    Ама ако твоето бебе има усовршено како да ги јаде ваљда нема проблем.
    Сакав да ти кажам мене оваа сцена ми беше засрашувачка.
    А пример од макарона кога му се активираше гаг рефлексот, зашто е лизгава одма ја исфрла. И не се плашам од макарони зашто знам дека ги исфрла лесно. Истото важи и за другата храна што ја спомнав погоре.
     
    На GoldenFrida, Филотеа и PurpleMind им се допаѓа ова.
  8. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Жено, ти и уште неколку други мајки на инстаграм ме престрашивте, му дадов банана, си јадеше детето најнормално. Плус добив зелено светло за јајце да воведам, ќе правам палачинки, ќе давам макарони и јас. :D
     
    На Butterfly1107 и IRBBB им се допаѓа ова.
  9. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Епа ние се префрливме на парчиња целосно. Мака мачев со каши, не отвараше уста.
    Полека почнав со бејби палачинки на 7++ претходната недела и ручекот почнав на прчиња да го давам. Се преродив, нема веќе молење за храна. Сега воведов и вечера, обично само вечерата ќе биде кашеста форма, нешто со кисело млеко и слично ама не го одбива, барем вчера не правеше проблем.
    Се познаваше дека е спремна. Инаку нема ниеден заб. Ја оставам и сама да си зема и кога и е поголемо парчето сама го враќа.
    Едит: има 8 месеци
     
    На azelea, BabyD0ll, LucyLu и 3 други им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.597
    Пол:
    Женски
    @rainbow_bb почнавте со дохрана мама?
     
  11. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    да, ама не сме full blw затоа што подлизнува од парчето што ѝ го сервирам па го фрла на земја или само го смачкува со рацете, па давам и пасирано со лажичка за да ѝ се рачунаат нештата како пробани вкусови. најчесто не ни прифаќа да биде ранета, затнува уста и забите ѝ се како штит. сѐ друго е поинтересно: лигавчето, појасите од хранилката, дрвјата низ прозор… најмногу количински што има изедено е кога ѝ полнам лажички за сама да ги земе и стави во уста (имам неколку различни и ги ротирам).

    до сега највеќе успех во парчиња сум имала со праска (обожава! цела ја тамани сама), банана, сладок компир и морков.

    чекам да воведам уште некои намирници, па да можам да спремам исти доручеци и за двете (модифицирани за неа секако) и да јадеме заедно истовремено, можеби така ќе биде позаинтересирана (секогаш мљацка кога нѐ гледа како јадеме).
     
    На CareTee и IRBBB им се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.597
    Пол:
    Женски
    Здравје во план сум кога ќе почнеме со дохрана по методов да тераме.
    Пробувањето на вкусови е класично, како со кашичките, така? По 3 дена нова намирница.
    Кажи ми, посетуваше некоја обука? Или од интернет статии почна?
    И колку е сѐ хаос после јадење? :D
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Супер знам кое олеснување е моето дури на 16 месеци, стално одбиваше јадење што му нудев во кашеста форма се дури не ми пукна филмот и го зедов со мене в скут, ама тоа е кога ти е прво дете и без никакво искуство, сега веќе в хранилка му оставам нешто ќе пикне в уста нешто ќе гмечи ќе истражува, камо да знаев порано
     
  14. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    сѐ од интернет, мами. :D јутуб и solidstarts.com
    јас така воведувам по 2-3 дена.
    она е цела лом, долу на земја не толку, ама сигурно хаосот ќе се зголеми кога ќе почне повеќе да јаде. :D
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.597
    Пол:
    Женски
    Ќе те барам за совети штом почнеме. :nod:
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Onaa majkakata ne drzi nekoi obuki?
     
  17. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Да. 3000 денари обуката е 1час и половина до 2. Со додатно пратење и консултација низ процесот. Објаснува се за БЛВ и за нутритивни вредности за правилен раст и развој
     
    На GoldenFrida, Pacient srna и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  18. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    162
    Здраво мајки,
    Каде да барам идеи рецепти за блв? Пример, за вечера најмалку имам идеи и се завршувам давајќи и гриз или палента..
     
  19. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Многу сум заинтересирана за методава и би сакала пробам коа ќе почнеме со храна. Ама сакам и комбимирано да давам, некогаш кашичка, некогаш пасирано некогаш вака. Сакам да знае се да јаде. Е сега ова блв од кога се почнува, од прво пробување вкусови или како?
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.597
    Пол:
    Женски
    На ElenaRbd, Pacient srna, kostovaivana и 1 друга личност им се допаѓа ова.