1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Сега ги доближува до уста парчињата, ќе лижне, по грешка некогаш нешто ќе влезе во уста и одма плука. Со кашите иста приказна, уста не отвара. Значи до нигде. :headbang:
    Вие? :)
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.612
    Пол:
    Женски
    Ни до уста не носи. Сабајле ми е полесно кашичка да понудам и малку да го залажам за две-три лажички. После на два пати давам парчиња. Ама ништо. :doh: Се надевав ќе споделиш нешто попозитивен исход :wasntme: Во тебе глеам надеж и за мене. :D
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Мајки дали имавте успех со blw методата со вашите нејадачи? @Kolache na mama @Yowannty
    Во слична ситуација сум па ме интересираше вашето искуство. Фала ви
     
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Заинтересирана сум за методата. Знаете некој македонски сајт или профил каде што има подетално објаснување како и со што се почнува?
     
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Majkata Kata на инстаграм.
     
    На Anaroz1 и Anturium им се допаѓа ова.
  6. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    И ти ја препорачувам solid starts апликацијата и инстаграм профилит.
     
    На Anaroz1 и Anturium им се допаѓа ова.
  7. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Моето е скоро 9м. Дури пред една недела почна да јаде доручек од 100-130г. Ручек преку два дена максимум од 50г. Стандардни блендирани каши. Како парче јаде леб и бисквити. Од методов ќе издвојам јадење пред бебе, драматично џвакање и нудење повеќе пати на ден. Но, не само парчиња, туку и каши, пасирано, сѐ, па ќе видиш што ќе упали. Само упорност.
     
    На VirgoStar, marijaaa20 и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.612
    Пол:
    Женски
    Немав никаков успех со оваа метода. Како и да е, секој ден му давам работи што треба сам да ги држи и јаде, што се поцврсти за да вежба џвакање. Моето на пример доручек нема оти на утро воопшто не прифаќа храна. Ручек е така така, кога има кога нема, вечера има и тогаш најмногу јаде и дури без многу зезање. Сеедно, цело време нудам оброци за да го сфати и разбере процесот. 9 месеци и недела е. Само упорност и трпение. Остави на детето да си направи распоред, место да форсираш, на некои им е потребно така за да го прифатат полесно преминот кон цврста храна.
     
    На marijaaa20 и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  9. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Нејадачи во која смисла? Генерално не јаде или повеќе ја истражува храната што му ја нудиш? И патем колку месеци има?
     
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    Бебево мое изгледа сака само да јаде. Кога и давам каши прво се буни не сака да јаде, па и давам мали парчиња сварено јаболче за да ги јаде со раце, па дури кога ќе се разјаде така ми прифаќа лажичка. И тоа некогаш мора да и ја дадам лажицата со каша за самата да си ја стави во уста.
    Најмногу ми протестира за месо, па сакам да и направам ќофтенца, да видам дали повеќе ќе сака така да јаде. Некој рецепт да споделите?
    Инаку страв ми е, ама гледам по интернетов им даваат. Некоја мајка да сподели искуство?
    Бебе е 8 месеци.
     
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Парчето да биди големо и дебело колку 2 твои споени прста, а конците да бидат сечени по должина за да не може да откине парче туку само да го шмука сосот. И месото да е сочно, да не е суво како на сликата погоре.
    [​IMG]

    Мелено можеш да дадеш и како сос со фусили.
    Ќофтиња правев со мелено, малку рендана тиквичка, кромидче и презла/брашно. Само гледај и тие да не се многу суви.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    @IRBBB Фала на одговорот. Гледав на солид стартс за големината на парчето месо, пусто страв ми е ама ќе морам да го надминам. Затоа си реков можда побезбедно е како ќофтиња.
    Ти даваш целосно според блв или комбинираш?
    Фусилите може да се други макарони?
    И како правиш, тестенините со сос на хранилка ги оставаш и само да јаде? Ти се има задавено?
    Извини за глупиве прашања. Не планирав да пробувам блв како главна метода за хранење, ама изгледа натаму се движиме со бебе :wasntme:
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Моето дете е веќе 2 години. Инаку од 6 месеци почнавме со блв, давав и каши ама наполнети во лажички сам да јади. Јас никогаш не сум го хранела, уста не ми отвораше.
    Фусилите се најдобри за таа возраст, другите може да му се лизгаат низ рачињата и да не може да ги донеси до уста. А и полизгави се, што значи со поголем ризик.
    Да, тестенините со сос, истурени на хранилка. Очекувај хаос.
    Додека беше мал многу често имаше гаг рефлекс.
    Ми се има задавено сега поголем, со грицки оти скокаше и јадеше.
    Гледај во хранилка да е секогаш да е исправено, да нема дистракција од страна и најдобро е и ти/цело семејство да јадите заедно. Џвакајте драматично, подавај му во рачињата, покажувај му како треба да јаде.
    Нема глупави прашања, само глупави одговори.
    Ако можам уште нешто да ти помогнам, тука сум.
     
    На Iris-1234, Coco31, see.emily.play и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Мајки како да ја поттикнам да јаде разновидна храна сама? Сама јаде само варен морков, помфрит, банана, смоки, бисквити и леб. Секоја друга храна, буквално се останато завршува на земја. Се сум пробала и со зачини и без, и помали парчиња и поголеми... ќе проба едно, две залчиња после се на земја. А не е дека не е гладна, после и давам кашишка или нешто од горе пишаното (леб, бисквити..) и јаде. А не сакам гладна да ја оставам. 13 месеци е
     
  15. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Ние имавме период кога преферираше да јаде одреден вид храна. Она што мене ми успеа беше да му ставам неколку работи на чинија, од кои дел што ги сака, дел што јас сакам да ги јаде и нешто ново или во нова форма.
     
  16. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Прашањето не знам дали е за тука, ама како поактивна ми е темава. Од каде набавувате прибор за јадење? Каде можам да најдам убав силиконски прибор освен во kidsandco?
     
  17. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Јас имам од кидсендко, од Твистшејк и од EzPz (од Америка ми донесоа).

    твистшејк ми се најпогодни за кога одиме надвор зашто имаат и капак, а од ezpz сум препрезадоволна и ги користам дома.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Али експрес. За сега сум задоволна
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Фала девојки.
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.612
    Пол:
    Женски
    Ја пак овде. :D
    Дечково изгледа на крај одлучи дека сака сам да јаде. Јипии за мене. :dance: Е сеа за појадок му давам кашичка оти ми е полесно, а некогаш и за вечера. Ама, проблем ми е жолчката оти ја немам воведено. Комбинации од типот кисело млеко/грчки јогурт и жолчка и палента и жолчка не ми проаѓаат. Пробав и чисто само жолчка и тоа ми го исплука. Е сега има пробано кифличка премачкана со жолчка повеќе пати, ама тоа не верувам дека е доволно. Ќе сака некоја ако има искуство и време да ме советува како да ја воведам целосно жолчката да сум сигурна дека е воведена, оти ни зеленчук пасиран не ми проаѓа па не можам да ја комбинирам.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.