1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Колкави сте и дали има нешто омилено?
    Јас клот цело јајце го воведов како кајгана за да сум сигурна дека ќе внеси доволно.
    Можеш тестенини со сос од варено јајце/жолчка и крем сирење ако имаш воведено млечни или со авокадо, секако ќе ги шмука тестенините. Можеш преку палачинки со јајце, кифлички, макар што колку ќе внеси баш така не знам.
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.680
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    10 месеци. Вишна, цреша и Јагода обожава само. :D
    Кифличка премачкана со жолчка има пробано неколку пати, ама така не знам дали и колку воопшто пробал жолчка. Тој тек сега се пушти за јадење до 8 ипол месеци исклучиво на цицка беше. Па воведувањево ми е гз преку глава. Се одново и по повеќе пати воведувам. Пробува макарони не ми текнало со нив да пробам. Макар ич немам прегледност колку воопшто јаде, он и носи во уста и џвака и голта ама и многу фрла и плука и поима немам колку јаде, дали јаде. Хаос.
     
    На see.emily.play и IRBBB им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Леле мојот на таа возраст малинки ко термитче јадеше. :D
    Да пробаш матено јајце/жолчка над него наредено овошјето и испечено?
    Или варено па измешано како каша. Колку и да звучи нелогично некоја комбинација, битно е да внеси доволно за да знаеш дека нема реакција.
    Или матено јајце со малку овесно/хељда брашно колку за густина да пробаш палачинки да направиш (без други состојки за да има поголема количина на јајце) а горе измачкана со чиа џем од овошјата шо ги сака.
    Исто ако сака спанаќ/блитва/коприва можеш и така и со јогурт или кисело млеко да измешаш.
    Намаз од жолчка со авокадо или изгмечена со малку вода колку да не е прегуста, намачкан на тостирано лепче.
     
    На see.emily.play и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.680
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    Аииии сака тост лепче со путер и моцарела. Така ќе пробам да вметнам жолчка. Супер идеи ми даде. (y)
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Женски
    Уште немам ни купено прибор, ни дадено вкус да проба, ама страшбо голем фан сум на методава. Едно нешто што никаде не успевам да го откријам е дали морам да чекам 6месеци за BLW? Прво си давам вкусови кашички, оброци кашички и после почнувам со парчиња? Или друга ви е стратегијата?
     
    На Anturium и strelec231992 им се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Блв се почнува кога бебе седи самостојно. До 6м е препорака бебињата да се само на млечна исхрана, значи најмалку 6 месеци старо. Блв значи дека процесот на јадење го води бебето, односно не го раниш, туку го оставаш да се рани само, со тоа што го учиш и му покажуваш како се прави тоа. Храната може да биде и со парчиња соодветно спремени или каши со полеплива структура и на лажичка би ги подавала на бебето. Обично се почнува со 1 оброк кој би бил според мене надоцна до 12ч заради можни алергиски реакции.

    Воведување вкусови.. со 1 лажичка па 2 па 3, лично ми е многу безвезе ствар и ми нема никаква логика, тоа никако не би го правела со или без блв. Ако збориш за воведување на вкусови во смисол на нови намирници тоа се прави од сам старт кога се почнува со блв. Затоа што реално мн малку внесуваат од храната, се препорачува алергените да се даваат барем 5 дена наместо 3 и со нив да се внимава во однос на тоа 1 залче, па 2, па 3.
     
    На Doktor F, IRBBB, Pocahontas.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    И јас го имав истото прашање. И мене ми нема смисла ова со вкусовите на намирници кои не се алергени. Значи ако детето не седи самостојно го ставам во алтернативна позиција и му ја подавам лажичката со каша/пасирана храна? И првото јадење пак го давате само една намирница на пример јаболко или мешате повеќе намирници?
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Која е алтернативна позиција?
    Мора да седи 90-90-90 степени колкови-колена-глуждови. Нема друга позиција. Ако не седи се уште самостојно, пробај со поткрепа


    Јас од старт мешав намирници шо не се алергени, а алергените ги воведував со други намирници шо не се алергени, а ги мешав откако ќе ги воведе.
     
    На Pocahontas.93, Doktor F и Tiny Love им се допаѓа ова.
  9. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Гледав едно видео од физиотерапевти за позиции за хранење за деца кои што уште не седат самостојно. Имаа објаснето дека може лажичката да се дава да ја става во уста. Ама сепак тука храната ќе треба најмалку да е пасирана, не може парчиња да се даваат.
    Знам дека еден од условите дека детето е спремно да почне со blw e седење со минимална поддршка ама јас не поддржувам седење со поддршка, така што најверојатно ќе го почнеме по јавување на самостојно седење. Не наидов на информации за почеток на исхрана ама сеуште не сум истражувала подлабоко.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали храната е блендирана, пасирана или на парчиња, бебето мора да седи под агол од 90° бидејќи така е најмал ризикот од задавување со храна.
     
    На Madam S, Mandela, Pocahontas.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Тој беше аголот само го држеа под колена за да не е теретот на кичмата.
     
  12. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Самостојно седење може и на 8+ месеци да биде.
    На ортопед кога бевме на 5 месеци ми рече дека на хранилка може да го седнувам кога ќе почнеме со дохрана. Секако не е долго седење. Во други случаи да не форсирам седење со поддршка.
     
    На Pocahontas.93 и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    Досега само ручек и давав парчиња да јаде сама, доручек и вечера каши попари...арно ама веќе интензивно почна да ми ги одбива и бара да јаде со раце, сега треба и тие оброци да ги готвам. Може да се користи прашок за пециво?
    Ако имате некој рецепт за мафини, проја, погодни за блв за бебе под една година, споделете.
    Инаку кога се спремни да јадат со лажица сами? И ја давав лажицата, и покажував што да прави, ама само си играше. Бебе е 9++
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми на 13-14 месеци покажа интерес за лажица. Година и пол е сега, конечно знае да ја погоди устата ама тешко и оди полнењето на лажицата :D
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Мене најбрзи и најлесни за правење ми беа американски палачинки. Најчесто ги правев со јајце, овес и банана, а пред да воведам јајце само овес и банана. Додавам и вода се додека не ја погодам густината. Ги пржам на нелеплива тава.
    Можеш да си играш со разни комбинации и да додаваш состојки што ги имате воведено. Спанаќ и урда, цимет, какао, јаболко, путер од јатки. Кај тие со спанаќ и урда некогаш додавам и лажица палента.
     
    На jelo, Kolache na mama и see.emily.play им се допаѓа ова.
  16. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    @Tiny Love супер идеја. Јаде јајца. Правам обични палачинки мачкани со павлака, ги јаде, ама американски не сум направила. Искрено не ни знам како :tmi: ајде ќе избарам по јутуб, бебе треба да јаде :devil:
     
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Мама ако имаш Инстаграм заследи странски профили за блв, милиони рецепти има и за мафини и за американски палачинки. Ако немаш, ќе постираме тука.
    Проја јас правам по еден рецепт на форумов, да го најдам и ќе го споделам.
    Наместо прашок за пециво можеш сода бикарбона да ставиш, ама реално од некое зрно прашок ништо не може да биде.

    Едит: еве го рецептот. Наместо обично, јас крем сирење ставам и плус 3-4 брикети спанаќ.
    2D7F1D97-EDBA-47A1-A764-5002D99D17C1.jpeg
     
    Последна измена: 25 мај 2023
    На see.emily.play, sani99 и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  18. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    Од социјални мрежи само фемина :D
    Најдов рецепти на интернет, не ми е проблем тоа, ама сите се со сода бикарбона или пециво, а веројатно не смее да се користи под една година заради натриумот. Тука ми е мене проблемот... си реков да не има некои рецепти без користење на вакви додатоци, а да не е пример палачинка.
    А и со палачинките имам проблем, поконкретно со користење тефлонски тави |(

    Пред некој ден печев леб без сол... дотолку сум :drunk:
     
    На Doktor F, IRBBB и sani99 им се допаѓа ова.
  19. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Не ставав прашок за пециво ниту сода бикарбона кога беа помали. А и сега почесто ги правам без.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Како шо мислиш дека е најдобро за твоето бебе, така да правиш. Ако се чувствуваш полагодно, не е смешно да не ставаш сол во лебот.
    Ама знаеш дека натриумот е штетен во поголеми количини, верувам дека само од овошје и зеленчук не ја преминуваме дозволената доза.

    Повели рецептчиња
    https://www.instagram.com/reel/CocdWNMu2OL/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CoKask1OByl/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CnuZ2dQqNWP/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Ck_EOtEo1BM/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Ci-dWooKMmu/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/ClgwLUiKIJT/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/ClSYFp8AoN_/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CkZuPnWAyDh/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Cjhn6ritzUg/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CjTVQ-PAZgT/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

    Највкусните американски палачинки
    https://www.instagram.com/reel/CjMfSXgJ0RG/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

    https://www.instagram.com/p/CikXD7tKXoa/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Chae0CDhzAj/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/ChrgbdEADHN/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/ChHGTi9gEe1/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CgCpwhCFpDL/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CfrBTFiKmK8/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CcA5_yQJiZ4/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Cd3IfCYKlmq/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CfJjJ8-KmcQ/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Cfbun1rKBLQ/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/p/Cat48QdMcZr/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CegWhS_lUrQ/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CedNyENKBNe/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Cd8ov_el2tg/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/Cc75EmcFRDF/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CcsTSejAL-e/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CcNDk0NFrgT/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CaKi89cAm65/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CZ8PMDTFMIf/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CZr-m5iA_IO/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CYab1VzlT2v/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CYHxG73lZ7A/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    https://www.instagram.com/reel/CX2hgPBFtXb/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

    Ѕирни ги мама, се надевам дека ќе можеш да ги отвориш иако немаш профил.
    Види кој рецепт можеш да го адаптираш според твоето бебенце.
     
    На Anturium, Coco31, le.soleil и 4 други им се допаѓа ова.