Дали е нормално што сака се пред него да стави во уста во исто време? Значи му ставам залак по залак пред него за да си земе сам. Ако ставам 5 парченца сите ќе си ги стави во уста. Од таа причина не му ставам чинија пред него. Не знам што да праам, да го оставам ли така сам? Фино си зема сам, ама заедно со парченцето и пола шака ја става во уста. Нормално е тоа за оваа метода? Приметувам дека се помалку плука, ама си фрла долу и не знам баш точно колку внесува оти знае и да се нацица брзо после тоа.
Нормално е, фаза е, ќе помине. Не му нуди многу храна наеднаш, а ако не се заситува од парчињата, испасирај тоа што останало и нуди го како каша. Околу 9-10 месеци сте?
Скоро 11. Ама до 8 беше на ексклузивно доење. Многу тешко прифати цврста храна. Секој мал прогрес многу ме радува.
Супер си е, од ден на ден ќе биде сѐ подобар и ќе јади повеќе. На иста мака бев и јас, ќе се разјади кога тогаш.
Јас со ќерка седам и вежбам на бисквити и смоки за да зема по едно. Едно она, едно јас. И така почна да разбира полека. Ние сме бавни со ова, може мали побрзо ќе разбере што се дешава
Исто, дури сега почнав да и оставам повеќе храна на хранилката и да не пикне се' во уста. Абе смоки од тие бебешките и ги кршев, ама сега си мези полека, се научи. @IRBBB фала мајка, си се измачила ќе се пофалам што сум зготвила од рецептите. Имам инстаграм од работа службен, можам од таму да ги видам.
@IRBBB Супер рецептчиња сподели, фала Во последно време вртам се едно исто, па ќе дојдат како освежување
Бебе е 7+++, сакам да воведам јајце. Како воведовте? Омлет, палачинки… По колку давате количински? Некако ми е страв од јајце, не знам зошто… Може и некој рецепт со јајце.
Јас го воведов со палента, само жолчка со малку кисело млеко. Исто направив палачинки со овес жолчка и вода. И нив ги јадеше топени во грчки јогурт ќе дадам уште неколку пати жолчка па планирам некои мафин со цело јајце.
Најдобро е чисто јајце да дадеш за да си сигурна дека ќе внеси. Треба да внеси 3 дена по 4-5 залаци за да е воведено. Ако го мешаш јајцето со нешто да не биде да внесе јајце во трагови и пак да не е воведено. Јас прв пат дадов омлет, исечен на ленти. Пошто прв алерген шо воведував беше јајцето, ми се чини дека 10 дена го воведував од шо не ми каснуваше доволно и ми беше страв друг алерген да воведам. За да не ти е во мисла, консултирај педијатар за сируп за алергија и имај си го при рака за не дај Боже. Јас така се чувствував посигурно.
Предлог идеи за ручек? Се едно исто вртам, компир, брокула, морков, кромид и некакво месо… Ми се смачи мене а не па на бебе
Не знам што даваш и која возраст сте точно ама еве некои идеи: Тестенини во сос од зеленчук; омлет со блитва/спанаќ, грчки јогурт и некој зеленчук или авокадо; леќа со зеленчук; ќофтенца од компир и зеленчук/мелено месо/тиквица и овесни снегулки со грчки јогурт/кисело млеко и некој свеж зеленчук/печен компир; спанаќ и ориз со зеленчук; спанаќ со јајце и зеленчук; ориз со месо и/или зеленчук; риба со зеленчук; кус кус со мелено месо.
И давам скоро се, само немам идеи за месо, зошто искрено не и е баш омилено а би требала да јаде барем 3 пати неделно и не знам освен ќофтенца мелено како да и вметнам. Фала ти за идеите Пс: 8 месеци
Ќофтенца, болоњезе со тестенини, мусака со тиквички, модар патлиџан. Можеш полпетчиња со компир,морков, брокула, јас често така ги искористував остатоците.
Мајки ај хелп. За првото дете не читав многу, некако спонтано си дојде околу 7миот месец сам изрази желба и кога зема парче првиот пат си го изџвака како да знае што прави. Не сме имале проблеми како давење или гадење, супер помина се. Е сега второво се гади од најмала трошка. Ве молам тие што веќе ова ви е секојдневие кажете ми со што да почнам и како да го спремам. Имам трпение, не ми се брза и не очекувам цел оброк да изеде месецов ама барем полека да го запознаам со ваков начин на исхрана.
Нуди повеќе текстури, пример на исто тањирче стави авокадо парче, испасирано и блендирано и не се откажувај може е само период, секако ќе почне да јаде. (Авокадово само пример) Е мене многу ми помогна и така уствари премина на парчиња што кога ние јадевме тогаш и она јадеше најмногу, седнувајте ја со вас во исто време, нека гледа како вие јадете за да и се поттикне желбата. Друго и да се гади ќе помине, само и се вежба рефлексот, треба време да се навикне. На почетокот џвакав пред неа, звучно, викав мњами, отварав уста за да и покажам како треба.
Само упорно нудење на различни бои и текстури. И обавезно јадење заедно, со драматично џвакање, со мљацкање. Мора да се учи да џвака. Гледај да не е изгладнето, ако е многу гладно може за тоа да е лакомо и да голта без да џвака.
И мојот беше ист. Срцето милион пати ми застануваше зашто менеше и боја на лице и не знаеше да плува. Речиси секој ден кога јадеме ние го ставам до нас на хранилка и му нудам нешто од јадењето наше, а ако не е соодветно за него тогаш давам нешто овошје. Сега пак се дави ама се поретко е, и почнува да се учи да плува, напредува. Уште не сум скроз опуштена да го ранам по методата, сметам дека му треба уште малку време. Се пробав, заедничкото јадење различни текстури како што веќе пишале најуспешно се покажа