1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Заедно јадеме на маса секогаш, уште пред да почнам да воведувам вкусови. Си седи и се смее, не е стрвле како брат му, му нудам не сака ништо. Еве денеска малку банана му дадов, лизна и не сакаше да гризне, а во каша ја обожава. Му пресеков едно тенко парче сама му дадов, во раце му давав и се гади :| Не е воодушевен од храна ама кога ќе го види шишето млеко се тресе од среќа. Нема да форсирам, ќе го оставам да побара. Јас би сакала да почне вака да јаде зашто мислам се ќе ми биде поедноставно :)
     
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Пробувај почесто и имај трпение. На некои им треба повеќе време да се научат на парчиња. Најбитно е да знае да плува, за да може сам да го исфрли парчето. Мојот и на каши правеше како да се дави (facepalm)
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Мојот покажува голем интерес да јаде сам веќе и конечно не се дави од парчиња :clap:
    Пукајте со рецепти и страни или профили од кај можам да крадам? :D
     
    На Coco31, LiquidLuna, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски

    Повели мама, поназад имам постирано рецепти. Заследи ги профилите на Инстаграм, ќе ти излезат уште илјада такви.

    На здравје јадење, најголем лапач на свет да имаш. (heidy)
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Тенксс мама вчера ја разгледав темата и мн корисни линкови имате постирано. Денес за ручек ќе го скршам мразот со палачинки :D
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Мами, бидејќи бепка не сака да јаде со лажичка, ќе мора да го примениме методот на парчиња, таа става, фрла по земја ги шмока, кога како ќе откаса и така, но најважно не се дави голта.
    Колку време ме интересира им треба да го усовршат јадењето вака 7+ сме, знам дека зависи од секое дете различно, но ете грубо кажано ако може.
     
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    На моето му требаше 2 месеци. Штом твоето нема изразен гаг рефлекс мислам побрзо ќе е. Битно е да знае да плува ако откине поголемо парче и да џвака убаво, а не одма да голта. Прати дали му се совладани овие вештини и не форсирај, ќе видиш кога ќе е спремно
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Мајки дали нудите млеко по оброкот? Како знаете дали се најадени?
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Ден денес не знам дали е најадена.
    Не знам колкаво е бебето, јас давав негде саат-саат ипол после оброкот, не веднаш.
    Еве пример распореди по возраст https://solidstarts.com/feeding-schedules/
     
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Јас понудив по пола саат цело го испи (facepalm)
     
  11. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Девојки, кога почнавте со цврста храна во кој дел од денот почнавте? Гледам на solid starts пишува дека може и да се почне со појадок, па друг ден ручек да се даде или обратно. Се мислам со ручек да почнам, повеќе ми одговара така.
     
  12. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со ручек како прв оброк по совет на матичната. Најдоцна до 14 часот за да може да се следи реакција ако има.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.327
    Јас не можам ова да го соџвакам, да не знам дали е најадена.

    Пробував со ужинки, завршивме со мравки:@. Храна насекаде, не оти јадеше.
    И давам парчиња, еве од септември ќе се учи во градинка.
    Парчиња јаде од мала, гледам бара лажица, знае кај треба да оди. Но немам намера да давам да ја фрла храната насекаде. Колку сака нека е корисен методот. Всушност не гледам користвво фрлање и мачкање насекаде. Единствно само мравки добиваш|(.
     
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    И мене ми е ова најголем проблем со методот моментално. Па затоа додека тој фрла бројам до 10 и јас му давам плус. Се надевам во скоро време ќе се научи да не прави толку хаос. Мушици еден куп има, аман :@
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Абе најадени се не дека не, да е гладна ќе се жали, ама кога ќе видам други деца и другарки што све ми кажуваат дека им јадат се чудам. И стално проверувам по интернет колку треба да јадат, колку им е доволно, колку им собира меше и така... Не сум добар пример за тоа. Со методов или без, не јаде она количински, нема врска блв-то.

    Нередот не ми смета, бар не толку многу, се намалува фрлањето ама еве уште си фрла на 19 месеци, секогаш и секаде и бисквита кога јаде ја фрла и вода ќе се напие и не го остава го фрла шишето, ќе се научи. Факт е дека си бара трпение и нерви, искрено не знам од кај ми дојдоа откако се роди. За мравки имам рецепт да ти ги снема ако ти треба :D.

    На страна нередот и мачканици, храна не би требало да фрлате толку многу. @Anturium ако ептен фрла оброкот завршува, нема интерес за јадење и готово. Ако паѓа од несмасност тогаш го кревам и го враќам во чинија, не фрлам се што ќе падне доле, 5 second rule. :D
     
    На Discovery, Secret-Angel7, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Мојот па обратно е. Прво ќе го наполни рацете и ќе сака да стави се во уста, па почнува да фрла се од раце и од хранилка што има и на крај почнува да јаде. Гледам да не е прегладнет, ама и гладен е кога го ставам на хранилка. Сепак од скоро почнавме со методот па сметам дека му е рано и среќен е што давам сам па од возбуда не знае што попрво да направи. Иако вака со парчиња е олиснително малку чистењето, само метам и готово. Кога беше на каши исто му давав да јаде сам со раце, е тогаш беше ишлакано се, пола саат ми требаше да пребришам од стол до прозор и земја (facepalm) Ајде трпение, ќе се научат
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Гледај колку можеш да не му придаваш значење во моментот кога фрла, да не го сфати како игра па намерно после да почне да фрла. Ако скоро сте почнале со дохрана има време, вака сега ми личи 1 година како пред 10 да биле, а е само 1 година поминато. Мојата до година ако јадеше некоја каша се шлакаше обавезно, пошто те со раце ќе фати те со лажица и секако во тој момент све ја чеша и ќе се почеша, сега веќе не се мачка, е ама фрла ако нешто не сака го фрла и крај.
     
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Сакам да почнам полека со BLW, со кои намирници да почнам? Може со варено јаболче? И дали ќе знае што да прави кога ќе му го дадам? 8м сме:)
     
  19. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Разгледај на solid starts ќе видиш која храна како да ја служиш. На 8м мислам дека е соодветно со поголеми парчиња како за 6м, па постепено ќе даваш помали да вежба пинцета фат.
    Инаку можеш варено јаболче, варена брокула, сладок компир, банана соодветно излупена. Можеш палачинки да даваш, лепчe, макарони. Не знам што се имате воведено од намирници.
    Инаку на почеток очекувај да ја гмечи и фрла храната, да си игра со неа.
     
    На see.emily.play, Doktor F, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Да, од солид стартс гледам како се служат. Многу ми е страв да не се задави и дали ќе бидам спремна во таков момент да реагирам соодветно ама мора од негде да се почне.
    Инаку да, од 6-8м се служи покрупна храната, а од 9 пинцета фатот. Доста намирници имаме воведено и се надевам ќе се снајдеме. Fingers crossed(fingers)
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.