Нема да се задави, сигурно веќе седи самостојно или со минимална поткрепа. Само имај доверба, не паничи ако има гаг рефлекс. Гледај храната да е доволно мека за да може да ја изџвака, ама не премека за да не се распаѓа во рачињата.
Еве и на 20 месеци да ти кажам дека ќе се плашиш да не се задави . Изгледај си некое видео за прва помош кај бебиња да си помирна. Инаку ако даваш соодветно спремена храна нема ризик од задавување не се секирај.
Дадов вчера јаболче, варено, сечено на пола и меко. Прво го гмечеше, правеше гримаси како да се гади, па почна да фрла на земја. После му текна 2-3 пати да стави во уста и да џвака гласно, многу беше смешен. Нередот е голем ама бенефитот е неспоредливо поголем.
Не спомнувај за нередот, ми се темни после секое јадење . Ем тој е за под туш, ем се е храна наоколу. Јас и лажица наполнета му оставам за сам да јаде, обавезно диригира со неа прво, па имам уметничко дело на ѕидот позади хранилката.
Ставајте мушама под хранилката, полесно ќе ви биде за чистење. И сега додека е топло, можат само по пелена да јадат, таман после оброк директно на капење.
Дај кажете некои рецепти за намази што можат да стојат повеќе време во фрижидер. Правам неколку со месо, смеам да ги давам и наредниот ден?
Секогаш кога сум правела сме јаделе и ние, а и општо не спремам голема количина на храна, па не би знаела да ти кажам колку време би стоеле во фрижидер. Ама по логика, зошто да не би се користеле следен ден, ако не се јадело директно од нив? Идеи за намази: 1. Џигерче, јаболко и кромид; 2. Сардина, жолчка од јајце и лимон (препрепревкусно); 3. Варено јајце со авокадо и лимон; 4. Наут, малку сенф (алерген е, ако не ти е воведен, воведувај 3 дена), лимон и семки по желба (тиква, сончоглед);
Може ли да пратите линк од таму кај што сте нарачале? Бидејќи испраќачот е веќе проверен и сигурен дека пратката ќе пристигне Во неколку наврати ми нема стигнато или пак поминало подолго време и заборавам да изреагирам кај нив..
Just found this amazing item on AliExpress. Check it out! CHF1.16 18% Off | Baby Silicone Dining Plate Kids Feeding Plate Sucker Bowl Solid Smile Face Children Dishes Toddler Training Tableware BPA Free https://a.aliexpress.com/_mrszdym
Земи сардина (на Ева е со најмалку сол), стави ја да отстои во вода за да излези солта. Ковчињата не мора да ги вадиш, секако ќе блендаш, а пребогати се со калциум. На здравје лапачка.
Не сум во Мк ама ќе се растражам тука некоја соодветна. Малку ми е страв зашто белата и црвената риба му прави многу тегоби во стомак, ама ќе дадам мала количина прво
Девојки, сега за нешто друго ми треба помош. Почна да јаде парчиња, помеко и потврдо, си грицка и сам ама проблем е што никако не сака да ја фати храната. На почетокот барем си играше со неа, не ја ставаше во уста ама пак. Сега се гади само што ќе ја допре и со устата се пружа накај мене јас да му дадам. Пробав на секакви начини на сечам, варено, свежо, никако не сака. Чаре освен упорност?
Женски време да читам немам, од она што имам истражувано пред да се породам, од денес почнав со парчиња. Сабајле дадов палента, порано не ја јадеше, сега ја изеде, и во неа ставив само парчиња круша од топлината колку се свариле толку. Изеде солидна количина. Сега спремив морковче, компирче, леќа со кромидче, лукче и пиперка затечени со малку путер, ама има парченца, тоа со лажичка ќе го дадам, плус малку јогуртче. Во моментов тече оброкот па ќе видиме.
Мислиш ќе знае што да прави? Уште нема 11 месеци. Големиот на година почна со виљушка, на 14м со лажица несмасно ама он имаше интерес за храна, овој мислам око ќе си извади. И ова сега ми текна, очекував дека веќе ќе го имаше испраксирано пинцета фатот ама ништо. Ме загрижува ова бебе повремено.
Прибор срц. Малку по малку, ќе сфати. Има деца ( знаеме сите за кое дете зборам ) што се тешки пицајзли и не сакаат ама баш ништо да пипнат. Јас со овој памет од порано ќе и дадев вилушка и лажица, така барем јаде.
Моево одредена храна не сака да ја фаќа. Пример јагоди зема, од малини се гади. А да ги јаде сака, па му ставам во мафини, вафли, палачинки. Јас упорно му ги ставав на хранилка. Денес прв пат стави малина во уста. Фати една, се згади, ја фрли. После некоја минута се реши пак. Овој пат ја згмечи и ја истресе раката да падне. Е третиот пат се реши да ја стави во уста и после без проблем продолжи да јаде. Прибор нудам од прв ден на воведување на цврста храна. Инстинктивно носат во уста. Лажицата ќе му ја наполниш ти и остави му ја на хранилка да ја земе сам, или пред него држи ја за да се подаде да ја земе. Ќе биде лом, ама ќе премижиш Со оваа лево најлесно му е да јаде, дека не му паѓа толку храната од неа. Мојот не дозволува да го хранам, или сам да јаде или никако. 4 лажици на едно јадење вртам. Става во уста, кога ќе изеде се ја фрла и зема друга од хранилка. Сега го учам да ми ја врати за да му ја наполнам. Чинија не му давам моментално, си игра со неа, му одзема внимание. Ах да, и дека еднаш ја крена над глава и фино си ја мачкаше косата со ручекот
Ќе ве гледа и ќе знае шо треба да прави. Ако треба ти ќе му бодиш на виљушка/ќе му полниш лажичка и ќе му ја даваш сам да си ја носи во устето. Знам колку ти е мака, ден денес не допира работи шо можат да му ги извалкаат рацете, меѓу кои и чоколадо.