Леле не знам Греота вака ама стварно малку ме загрижува Знам дека може потешко да ги разбира работите, малку ‘касни’ споредено со брат му ама некако сладок ни е така. Ќе бидам упорна секако ама некогаш ме фаќа нервоза, како денеска. Фала ви на сите. @Mandela Од каде е приборот? Не сум купувала вакви, директно давав метални.
Овие од Али ги нарачав онака и испадна најмногу да се погодат. Кај нас мислам во Bebebox ги гледав (многу поскапи).
Земи од Али, најефтини ги имам видено. А исти се ко овие овде што ги продаваат. Инаку јас метални од ДМ и земав, уште нема око искарано добро е
Не касни ништо, секое во свое време си се развива на свој начин. Пробај со прибор, не губиш ништо. Ако не бива, ќе му даваш ти парчиња, ќе му редиш и пред него за да се охрабри да земи. Не значи дека ќе е како мојот или на Луна малата, можи е само фаза. Ќе можи линк да постираш?
Им пишав, нарачав одма. Кој ќе чека од Али, ова живо џабе. Јас од една страна ќе нарачував, ама ова поише ми се свиѓа искрено.
Втор ден, одлично е, изеде некои 60% од оброкот ама овој пат малку покалоричен. Комбинирам лица јас со парчиња он. Рефлексот за давење досега успешно го владее.
Спанаќ со јајце и јогурт, тестенини со авокадо, спанаќ, бадеми и лукче, леќа манџа, гравче ако даваш, зелка манџа, кај ката на профил имаше едни палачинки со киноа и тиквици...
Направив палачинки со киноа и спанаќ. Ама фала на идеите ќе си ги зачувам. Грав не сум дала, да дадам а? Мислам дека уште тоа и остана, се друго веќе јаде
Јас давав, многу го сакаше. Да се дополнам на идеите без месо, компир и ориз- риба, полпети со риба и брокула.
Ориз не давам поради тврда столица, а риба неколку пати му дадов се виткаше од болка во стомак. Грав ќе воведам и јас
Душе. Наместо ориз си пробала со просо? Јас доста време избегавав ориз заради арсенот и во јадењата во кои вообичаено ставаме ориз, ставав просо и баш океј испаѓаа. Ако ништо друго барем богато е со железо просото.
Тука што го носев кај советник за родители ми рекоа и просо да избегнувам за тврда столица и хелда исто правела запек. Па ни тоа не давам често Стално е со ленено семе, чиа, овес, суви сливи. Мене ми здосади тоа што го правам, не пак нему што го јаде
Луѓе здраво, моето бебе следна недела е 5м и мислам дека можам по малце да почнам да давам вкусови, мислам дека е спремен, веќе е стабилен за седење под агол, со доењето е борби, секогаш ме гледа во уста и мљацка и лиги му течат и се тегне по јадење, па се мислам да почнам. Секако ќе истражувам нели за почеток што и како треба ама сакам да се водам според методава, ме интересира само од кога де почнува со начинов и колку време имам за истражување?
Јас би почекала до полни 6, ама ти најдобро си го знаеш бебето. На Солид стратс има доста материјал за читање- од знаци кои укажуваат дали бебето е спремно, први намирници за воведување, дохрана во однос на доење кога и како да се дава оброк, како да се подготвува и сервира храната... Ако немаш толку време, можеш да земеш обука кај мајката Ката.
Искрено и јас сакав 6 да наполни, ама сите ми зборат одоколу да сум почнала да давам многу се тегнел по храна, а реално добро напредува, може и ќе почекам штом ете и ти ми велиш, а и јас си мислев така, нека си зборат