Најдобро е сама да одлучиш. 1 месец разлика и тоа како сменува во цврстина на мускулатурата и статиката. Сепак со блв оброците траат подолго од класичниот начин. Плус рефлексот за џвакање, голтање... Ако мислиш да почниш порано, подобро со кашички да почниш. Сепак ова е само мое мислење.
Не сакам да почнам со кашички, мислам дека ќе ми одмогне при учењето да се храни со блв, а многу сакам вака да го хрнам, затоа и прашав од кога е препорачливо да се воведе методава, ќе почекам до 6, ако ептен ми стагнира на килажа или се откаже скроз од доење(пошто во некоја криза е сега) тогаш ќе размислам за каши порано.
5 месеци мислам е мало за БЛВ. Барем 6 месеци да наполни, при тоа да има добра контрола на врат и да може да седи стабилно (со минимална поддршка). Хранење навалено под агол не, туку исправено 90 степени, коленици исто 90 степени. https://www.instagram.com/reel/Cv7wHW9ReIL/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Јас почнав со воведување класично со кашички (купечки) неколку вкуса, па продолжив со пасирано со вилушка. Па паралелно давав и пасирано и сам да јаде парчиња. И на околу 8 месеци бебе реши дека сака скроз само да јаде. Јас да му давам не отвара уста, ми ја трга раката, и исто тој период прекина да јаде каши.
Мајка од 5м до 7м јадеше каши и пасирано, од 7 до 8 комбинација, еве од 8 јаде парчиња гајле нема. Сабајле изеде цела праска, пола банана и доза каша од житарки, толку многу како каша никогаш нема изедено.
Добро како да ја убедам мајка ми дека нема бебе да се удави и дека ако внимавам сосема е безбедно да го хранам вака? Денес се скаравме до степен да и кажам да си оди ако планира вака да ме малтретира и мене и бебе, за едно јаболче. Она е убедена дека само јас на светот така хранам дете. Повозрасна е, не прати трендови и еве цело попладне што правам линкови и праќам. Јаболче домашно непрскано, сочно, превкусно, она ме тера да го варам да го рендам да го пасирам... сок да сум го правела... Ќе си пукнам. Идам еден ден дете го гледам мљацка, ммка, јаде ко да нема утре, иситнила што иситнила тоа мевцето и зеленчукот, ајде тоа, пробувам солено ко за нас. Она си ставала и сол во кашите оти јас не сум рекла да не става, ами не реков ни да става... ај да ставела малку, три зрна, ама она оттурила троа повеќе, било случајно. Јас си имам мака за чување со неа голема, ама ова веќе ќе биде изгледа скратен ангажманот. Криво ми е многу! Премал е за во градинка, преповрзан со мене, мислев да го одвојам малку сега додека она е тука, па полека од пролет да го пуштам, ама ќе оди изгледа од јануари после празниците. Вака сега да го пуштам, ај што ништо не јаде, па и одма нов колектив, па и цело време во креветче дека не оди, а тој не седи во креветче па да пукнеш, ќе плаче, ќе урла, на крај ем траума од градинка ќе има, ем јас ќе имам траума.
Во право е мајка ти за јаболкото. Еден од главни причинители за давење е свежо јаболко. Премало ти е бебето уште за да јади парчиња свежо јаболко. За остатокот, доволно е да му дава да јади со лажички сам, нека е иситнето, па и крупно пасирано. Кога ќе си бидеш ти дома ќе му даваш парчиња. Нема да му биде проблем, ќе се адаптира.
Абе се супер, ама не јаде ако не е парче, како да му дадам пасирано?! Да јаде сам не сака да чуе, ќе се удавел со лажичката, лом правел... Инаку јаболкото беше сечено ко што беше објаснето на Солид стартс и мислам дека скоро 9м не е толку мал за јаболче да јаде, оваа сорта јаболко е потегава кога ќе се свари, свежа е помека, пробав и да ја сварам ама не сака сварена, сака да грицка, има 4 заба и го мачат уште 4 и му иде полесно. Досега еве месец дена како јаде само парчиња многу ретко каши кога не сме дома, на прсти се брои колку пати се закашлал, сосема успешно се справува со парчиња и рефлексот. Не е дека сум самоуверена, и мене ми е страв, јаде и го гледам во очи како ќе реагира, ама не сака да јаде другачие.
@AngelOfArh Искрено, и јас да сум стар човек и да треба да хранам туѓо дете со парчиња, претерано би ми било страв и не знам дали би имала храброст. Особено ако жената е малку паничар. Триста мисли ќе ми прелетуваат што ако се засркне, јас сама, па што ќе му правам, дали ќе успеам да се снајдам итн. Можеби треба да си во нејзино присуство малку подолго време додека јаде така, па можеби ќе увиди дека е ок и да види како треба да реагира ако дојде до засркнување. Во смисла, да те види тебе како се справуваш во таква ситуација. Па во твое присуство да му дава еден период. Сепак треба таа да се опушти за да е океј со таков начин на хранење.
Ама не ја оставив сама од прв ден, 3 недели заедно бевме пред да почне сама да му дава. Гледаше како реагирам, како јаде, само треба да се има трпение, а она нема. Мајка ми е, да ми е свекрва да не смеам да и кажам пример, мада не е така на свекрва ми и кажувам, мојава се лути. Еве не ми крева телефон сеа лута ми е, а ми чува дете божем. Јас разбирам дека и е страв, ама реакцијата е безвезе, демек ние не си го сакаме детето сакаме да се удави она се грижи за него повеќе.
Штом нема трпение, не е спремна да му дава храна и можеби подобро е да не се форсира. Ако не оди со неа работава, не оди.
Да и го објасниш процесот, да и покажуваш видеа и статистики и сл. И пак нема да ја убедиш. Не мора она да му дава парчиња ако не се осеќа пријатно, БЛВ може да се рани и со каши односно да му дозволува само да јаде, да го учи и да му покажува како се употребува лажичка вилушка и сл. Не ја форсирај да му дава парчиња, форсирај ја да го остава сам да јаде и после она да си го среди хаосот Јас пример со свекрва ми немав таква слобода да и кажам исчисти ми ова или она, да беше мајка ми максимумот ќе го искористев од нејзе. За солта од еднаш ништо не е, ама кажи и до година да не му става на него сол во јадењата. Јас искрено би ја искористила коку можам повеќе, ако ептен ти е толку неиздржливо ќе го пуштиш порано, ама ако можеш и ти да се прилагодиш нека ти го причува до година ипол-две. А јаболчето само многу тенко сечи го, на ливчиња нека биде, така смее да го јаде.
Така го давав, тенки кришки, така видов на Солид стартс. Дете проблем немаше, ама стварно, цело јаболче мавна, на крај му остана малку и се зезаше и се закашла.
Тешко е со Блв посебно за објаснување. Не давам јас сеуште парчиња освен погрубо блендирано ама знам кога има потреба нешто да се занимава да дадам бебешка смока, или ако варам морков за каша, парче долгнавесто од морковот варено да и дадам. И си грицка без проблем и без давење. Е тука маж припаѓа во несвест како ќе се задавело, свекрва исто. Па се валкала на образи, ќе и се засушела храна, па валкани алишта и 300 приказни. За волја на вистината кога сама држи парче храна не се случило да се дави, е кога тие даваат всушност и ја држат храната нема таа контрола и се дави повеќе. Друго е фактот што ретко кој стар се нафаќа или прифаќа што ќе му кажеш. Еве моиве знаат и во очи да ми кажат, само ти тргни на работа, ние што сакаме ќе си правиме со детето.
Овој муабет беше една од причините зашто го пуштив во градинка на 10 месеци. Само тешко иде адаптацијата, па пак мора баба му сега да го чува додека стигнеме да останува до 16ч. Го земам во 11.30 од градинка, седнуваме да јаде и и' го носам најаден. Само што ќе излезам низ врата му бута кифли и бисквити. Значи се чека прилика да ме нема на видик за да му дава тоа што таа мисли, а не јас што кажувам. Греота детето брокули да јадело, гадно било тоа, јади си бабино кифли. Нервите ќе ми попуштат. Ако продолжи вака, жена ќе ангажирам да го чува. @AngelOfArh Сте пробале ли крупно пасирано сам да јаде со лажица/вилушка? Мојот каши исто не јаде, ама вака со ситни парченца поминува, ама само сам ако јаде. Јас му полнам лажици и му оставам на хранилка, па си зема и си јаде.
Значи он јаде се, само да не е пасирано и гмечено, манџа ко за нас си ја јаде, парче компирче, морковче, мевце, се јаде ко за нас, блендирав многу малку, дали 1м се на се. Прееска јадевме макарони, изеде со нас 6 макаронки фусили без јајца, прв пат проба, сега ќе крка и макарони, нели почна, ооооо, кој е ко него сега. Не за џабе имаат италијански имиња, мора да јадат паста. Прееска суви без ништо смуфта 6. Немам проблем со јадење со детето јас, имам со бабата. Прееска излезе надвор да не го гледа како јаде, мисли дека јас само давам така. И го проверив телефонот намерно не ги отворила линковите за блв. Да ми беше свекрва ќе речев ете свекрва е затоа така, ама ова мајка бре.
Баш за макарони ќе прашував од кога се даваат. 8+ е моево. Да сварам само и да и оставам пред неа да се проба како парченца? Да блендирам со зеленчук како оброк? Колку отприлика за таа возраст се доволно? Инаку не менува мајка/свекрва. Ако сакате да те разбере во тоа што го кажуваш ќе разбере и ќе го промени. За некоја година и мајка ми како што е непопустлив карактер и своеглава сигурно ќе ја има по темиве.
За со мајка ти мислев ако сака бебе крупно пасирано сам да јаде, па да пробате така, поприфатливо ќе биде за неа ако не се цели парчиња да ги гледа. Пример мелено месо со нешто зеленчук, ама ептен ситно сецкан.
@AngelOfArh мајка ти е во право, на бебе од 9 месеци свежо јаболко не се дава, ако толку многу читаш за блв сигурно си прочитала и дека свежото јаболко е една од најчестите причини за давење. се дава варено на парчиња или свежо рендано
пред 6 месеци и воопшто пред бебе да седи стабилно во положба 90 степе ни не е безбедно... не брзај ја почнав на 6 со каши блендирани постепено пасирав и воведов парчиња на 9 месеци веќе јадеше парчиња.. тоа шо почнав прво со каши дур не седеше стабилно никакво влијание немаше
Не наидов дека на 9м е забрането јаболко. Ако не е јаболко ќе е круша, ако не е круша слива ако не е слива праска, до недоглед, она сака со каши да го рани и тоа е.