1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.715
    ја разбирам и неа и мене ми беше многу страв со парчињата, чекав маж ми да биде дома за да не бидам сама. иначе не е забрането ако е сечено како лист, не на кришки... мојата е 20 месеци и се јаде али уште не и давам свежо јаболко на кришки пошо ми е страв
     
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна, костени како давате? Не можам да ги најдам во солид старс. Варени или печени? Парчиња или како дробеното сварено го давате?
     
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Колку време даваше блендирано? Син ми има 5 ипол месеци, пред 10ина дена пробав да почнам со вкусови меѓутоа немаше интерес и решив да почекам докај 6 месеци. Сакам да почнам со каши па постепено да се префрлам на пасирано, па на парчиња. Според што се водеше кога ги правеше транзициите? Дали даваше блендирано ептен мазно или не? Секоја препорака и совет се добредојдени.
     
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.715
    давав скорз блендирано мазно, секако од страв, иако бев решена дека ќе ја хранам блв... иначе не се води од тоа дека нема интерес, нормално е ново му, секако во овој период не е тоа оброк, буквално е пробување на вкусови.. иначе не се водев од ништо посебно почнав да пасирам постепено кога седеше стабилно, после 7 месеци мојата седеше стабилно и полека давав работи кои ми беа најмалце страшни како банана мека, праски, нас лето не фати, лубеница, диња, па полека бисквити и искрено смоките на лино мислам дека со нив се научи да џвака и истурав во хранинилка и ја тука се препотував.. на почетокот од страв и оризот и го блендирав, па почнав ориз така да и давам, па еднаш ми се засркна... иначе знам дека сега ви изгледа многу страшно ама сами ќе го осетите детето кога е спремно, не е грев да дадете каша блендирана и кога сте решени да храните по блв метода, ја имав скроз воведено парчиња ама па кога и давав телешко и блендирав за ручек, додека не сфатив дека можам да го мелам телешкото кога го купувам и така да и правам манџички, на 9 месеци тргна во градинка веќе јадење парчиња, и правев кофтиња, кофтиња од тиквичка, палачинки... има многу идеи на интернет... ама пак ќе кажам мое мислење е да не се форсира од сам старт дете шо не седи стабилно со блв, има разлика од бебе на 6 и 9 месеци, бебе на 9 месеци веќе треба да седи стабилно. и мојата во јасли беше таму јадеше пасирано, дома парчиња... буквално блендер користевме месец, два. на една година веќе си јадеше се што ние јадевме дома за нејзе без зачини, па после година почнав и зачини да и воведувам.
     
    На 1209, Bella_Stella и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  5. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.715
    624AC7B7-AAEC-4808-929B-132DC421D613.jpeg 32C94F13-8230-44ED-ACBD-FE3FC3BA53B9.jpeg A7ADCE3A-9AA3-4699-B7CE-8C07B09CAF28.jpeg 7D6BEF0F-63B4-44FA-8AA6-FCF7EA3DA46E.jpeg 20638C9E-F198-43F7-A050-3D6D787F99F1.jpeg еве неколку слики за инспирација од нас, бебе од 9-10 месеци јаде палачинки со банана и овес, проја, кофтиња со мелено телешко, лосос и варен благ компир. на последната слика е веќе над година
     
    На lackygirl, јolene, atz1995 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Фала ти за охрабрувањето. Јас во принцип не сум мајка што има намера да форсира било што, па така и јадењето. На доење е син ми и затоа решив да причекам дур да видам барем малку поголем интерес. Уште не седи самостојно, очекувано, денес има точно пет ипол месеци. Во понеделник ќе пробам да дадам нов вкус, веројатно ќе има некоја поразлична реакција зошто се менуваат преку ноќ. Од многу аспекти ми се допаѓа блв методот, читам, истражувам, но искуствата од мајки како вас се секогаш добредојдени и знаат да се ептен од корист. Секако ќе биде стресно, а што и не е до одреден степен со бебињава. Ама ќе се прилагодиме и ќе бидеме ок се надевам. Поздрав до слатката мала лапачка, медењаче е. :sun:
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.715
    ќе се прилагодите, чим ја најголем паничар на свет успеав, ќе успее секој :rofl:
    во право си со нив е секогаш стресно, ја до ден денес уште се плашам дали ќе се задави (facepalm) пошо сега јаде и трча истовремено и збори... :?:
    со лесно, шо и да треба тука сме:l:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Мајки сакам да дадам макарони за ручек денес, ептен сум нова во методата со БЛВ. Какви макарони давате и колку количински за 9м бебе? Ќе му ги правам со некој зеленчуков сос.
    И друга работа, како знаете дека се најадени? Сабајле му давав мини палачинки со спанаќ и банана, касна 3-4 и сакаше да стане од хранилка. Мене ми се виде дека е малку храна тоа, дека 190гр кашички јадеше. Вака немам мерка ни контрола :)
     
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Спирална форма, најлесни му се да ги фаќа. Јас го оставам да јаде колку што сака. Ако решил 3 пати да касне, тоа е тоа, завршува оброкот.
    Ако сега почнува сам да јаде, можно е количински помалце да јаде. Може и ќе си игра само, ќе фрла, ќе гмечи и се тоа е нормално, истражува.
    Можеш да понудиш нешто плус измеѓу оброци или ќе надополни со млеко.
     
    Последна измена: 18 октомври 2023
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, најверојатно од утре ке ве дружам почесто :hai:
    По сите неуспешни обиди да проба барем две лажички различен тип на кашичка, денес се осудув да и дадам парче леб, оривче со морковче (од мојата чинија, знам дека не е соодветно за неа, ама беше само проба) и замислете јадеее, отвара уста за уште 8-| значи страв не страв утре ке морам да почнам со парчиња храна.
    Малата за некој ден полне 7месеци а не јаде никакви каши, а за чудо вкусовите ги помина како песна на 5месеци, и баш кога требаше да почне со дохрана затвори уста и неќе и неќе и неќе ни домашна нит купечка нит инстант каша ништо од каша.
    Затоа од утре ќе морам :whew:
    Од возбуда неможам да заспијам, давајте совети со што да почнам, прочитав батат, да почнам со него или ??? како да ги комбинирам? Од страв мислам се ке измешам :(
     
  11. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    како си задоволна од комплетот?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.125
    Пол:
    Женски
    Презадоволна, лесно се мие, лесно се чисти, чашката многу брзо ја научи и супер ни иде.
     
    На ***Bony*** му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    11.220
    Пол:
    Женски
    Читнав што имате пишувано колку што дозволува бебево.
    Решена сум да се храниме по БЛВ, имам набиено страв од долго хранење со каши.
    Ако може да ми препорачате од каде да почнам, буквално ми треба BLW for dummies. Прирачник некој, профили по социјални мрежи и тн.
    Чепкав по нет, наидов на majkatakata на Инста, ама не најдов пост како и од каде да почнам.
    Имам еден оброк воведено, планирам за скоро и втор да воведам. За десетина дена прави 7м.
     
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Solidstarts на Инстаграм.
    Имаат и апликација, покрај другото, на неа имаш како да ја служиш храната соодветно на возраста.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.012
    Пол:
    Женски
    Како се уведуваат алергени со блв? Јајце сакам да уведам, по еден ден или по 3 дена? По колку количински?
     
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Мислам дека алергените се воведуваат постепено.
    Можеш првиот ден да зготвиш во мафин/плачинка и така да дадеш. Па следен чекор малку кајгана.
     
    На 1209 и Mandela им се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    По малце ќе почнеш, па постепено ќе зголемуваш количина, неколку дена.
    Јас жолчката ја воведував прво 1/4, па 1/2, 3/4 и цела преку еден ден. А за белка ставив цело јајце во вафли прво, секако количински не изеде многу, па во мафин и на крај дадов кајгана. Кога изеде цело јајце сметав дека е воведено.

    Путер од кикирики на пример, почнав со количина на врв на лажичка, па зголемував во следните оброци.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Постепено се воведуваат и не се воведуваат различни алергени еден по друг ден, се остава малку размак. Алерген по БЛВ не се воведува три дена, пример даваш цело јајце, нормално во помала количина. Ако има реакција детето на нешто, реакцијата не мора да значи дека ќе биде при првото давање - пример, моево дури на четврто давање на модар патлиџан се исфрли. Мислам дека во моментов Мајката Ката држи некои онлајн групни обуки или има некои предавања.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.572
    Пол:
    Женски
    Јас имав обука кај Ката и се водев по нејзините препораки.
    Прв оброк воопшто ми беше пржено јајце, цело- и белка и жолчка. Воведувањето на алергените е по три дена или онолку дена колку ќе е потребно да сме сигурни дека бебето на 3 пати пробало алерген количински по 5-6 мали лажички.
    Со оглед на тоа дека јајцето би било во трагови во мафини на пример, не би имало доволно количество за да сме сигурни дека нема алергија.

    Само јатките не се воведуваат чисти, туку помешани во малку грчки јогурт на пример за да го изеди цело бебето.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    11.220
    Пол:
    Женски
    Офф топик малку ама ваљда повеќето ќе нѐ интересира.
    Како се одвива обуката кај мајкатаката, персонализирана ли е? И колку чини ако може да споделиш мајка.
    Фала :f:
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.