Индивидуална беше обуката, на зум, траеше околу саат-два, така нешто, мислам дека беше 3000, ама не ме држи за збор, не се сеќавам. Можеби @Mucika памти, мислам дека и таа имаше обука кај Ката. Јас бев одамна кај неа, сега гледам дека има нови обуки, дали се на ист принцип како претходно или не, не знам.
Јас се консултирав со другарка она исто пред две год слушаше обука кај неа и ми даде некои насоки отприлика. Јас сепак решив по 3 дена да уведувам алергени пошто детето на два пати исфрли кожна алергија и не знаевме на што е па сакам да бидам на чисто, не јадеше тогаш ама сепак може нешто од храна да е, допрено или слично. Денес уведов четвртина жолчка, со авокадо и компир во оброк, не мешано ама жолчката ја изеде чиста прво. Утре пола и другиден цела и после белка, ќе им најдам начин за сите како да ги уведам, онлајн вајда, по малце и по три дена и сигурна сум дека ќе биде ок така. Денес прв пат сам јадеше ама пасирано, уште не се осудувам за парче, ок беше како за почеток, ја погодува устата. Инаку бебето се прави со лева рака и со неа јаде, дали значи дека е левак?
Да, сите алергени по 3 дена или додека сме сигурни дека пробало доволна количина. Ако сметаш и останатите воведувај ги по повеќе дена. Макар што искрено ако има алергија, одма се јавува црвенилото на кожата. Син ми 3 месеци јадеше млечни кога една вечер уште додека јадеше грчки јогурт пламна целиот, црвенило баш како од коприва. Испадна дека е алергија на некој конзерванс, оти од одредена фирма млечни ми правеше реакција, од друга не. Жолчка варена не давај чиста, се лепи на непце и е ризик за давење. Мешај ја со нешто. За рачето не мора да значи дека е левак, а може и ќе биде. И моето на почетоците јадеше со лева, приборот го држеше со лева, поснаодлив беше. Сега е класичен деснак.
Истото што ти го кажала и @IRBBB и јас бев пред година ипол. И што знам, ок инфо сподели, достапна требаше да биде и после обуката. Ама јас често се наоѓав долго да чекам за одговор и сл. Профилот на солид стартс исто колку ката ми помогна.
Јадеше и кај мене со лева, скоро се со лева рака правеше. Пред некое време приметив смени. Не мора да значи дека е левак
Ми треба совет од поискусни. Бебе е 6+. Се одлучивме за блв, и започнавме со вкусови пред околу 2-3 недели. Намирниците ги сервирам во големи парчиња, како што е опишано во солид стартс. Пример му давам морков омекнат, цело парче. Си го држи убаво во рацете и го носи сам до устата, па си грицка парчиња. Навидум и џвака. Ама приметив дека парчињата не ги голта, туку си ги чува во горниот дел на вилицата. Знам дека не треба да се буричка со раце низ устата, ама сеуште не знае да ја исфрли храната од уста на команда. Јас му покажувам цело време ама изгледа не е стигнат до таму. Дали е ова нормална фаза во процесот? Како да му дадам до знаење дека храната треба да се голтне? И најбитно, како да ги отстранам парчињата од уста?
Морковот не си пишала како е сечен, ама ќе напоменам, сечен по должина на пола или четвртини, немој цел, така е ризик од задушување пошто е округли. Како си сигурна дека не голта? Голтаат, ама е минимално, односно се учат и си дозира. Земи гризни џвакај и на крај голтни и отвори уста да види дека нема веќе храна. Може и гестикулации со раката, да ја отвараш и затвараш додека џвакаш и кога голташ да поминеш на грлото надоле накај стомак и да го погалиш стомакот дека сега таму ни дошла храната. Во уста никако не чепкај за да видиш што е како е, може да поттурнеш нешто и беља да направиш. Научи го да плука, имитирај плукање со плазење на јазик и плукање на храна. Раката држи си ја под уста и плукни парче. После нека проба и бебка. Плукањето мене ми беше многу корисна вештина и релативно брзо ја научи, само повторување и имитирање. Заследи ги солид стартс, изврти им го профилот и страната 2-3 вечери по ред и многу одговори ќе добиеш.
Сите намирници ги сервирам така како што пишува на солид стартс. Ја имам и апликацијата, за секоја намирница читам прво па ја нудам. Секогаш јадеме заедно со него, паралелно џвакаме, гестикулираме, вежбаме отварање на уста, плукање,ама овие вештини сеуште ги нема совладано. Ама нешто му се дешава кога јаде парчиња, ко некоја блокада да има да голтне. Не знам зошто, едино што ми текнува е да не има страв, му дадов брокула и неа ја врати, ама прилично драматично. Јас останав смирена, немаше некоја реакција од моја страна. Пример, истата намирница во истиот оброк ако ја дадам пасирана, ја голта. Ама ако му понудам парче, не го голта. Си ги чува во устата. Во состојба е цело парче да го напика во уста и да си седи така. Си џвака ама не голта. Ова случајно го открив пред една недела, му дадов манго, јас го мислам го изел цело парче, кога го кренав од стол, го гледам во горниот дел на вилицата еден куп парчиња. И се стаписав, не можам да го оставам така со еден куп парчиња во уста. Па поминав со прст и ги извадив сите, иако знам дека не треба. Не знам што да правам, дали да чекам некој период со парчиња или да продолжам?
И јас ќе сум го извадела веројатно, само ете знаеш треба да си претпазлива. Со ова џвакање и не голтање немам такво лично искуство, а не ми ни текнува дека нешто слично сум видела на солид стартс. Исконтактирај ја Ката види дали може да ти помогне.
Јас би паузирала, па по некој период би пробала пак. Мојот беше (и уште е) лаком и на почеток ако одгризеше поголемо парче наместо да плукне, го голташе. Па ми се задави со банана. Паузирав со парчиња, па почнав пак на околу 7ипол месеци (почна да одбива да јаде каши па морав да давам парчиња иако сеуште ми беше страв) и веќе друга приказна беше. Не голташе без везе, убаво си џвакаше, ако имаше поголемо парче во уста го туркаше напред со јазикот да го доџвака или ако не можеше, го плукаше. Некако "позрело" се однесуваше со храната.
Ни ќерка ми не беше баш спремна за парчиња на 6+. Ама од старт и давам храна со текстура, никогаш не блендирам, само пасирам со вилушка. Веќе е 7+ и сака сама да јаде со лажица, не сака секогаш да и даваме ние храна. Не сум пробала да и дадам сама да ја полни, јас и ја полнам па и ја давам. Денес прв пат проба јајце, цело го изматив и направив омлет, па го исеков на ленти. И дадов една лента, ја зема ја вртеше низ раце, па почна да ја џвака. Во еден момент откина поголемо парче, ми се смрзна крвта ама гледав да не паничам. Не знам како ама си се справи со парчето и не покажа нелагодност. Како и да е, гледам голема разлика за плус еден месец и во однос како се однесува со храната, стабилноста кога седи во столче, зголемен интерес и сл.
Мајки, дали од старт бебињата ја држеа храната со двете раце? Моево работи само со десна, што и дадам, дали ќе го дадам во воздух или ќе го оставам на маса за да го земе сам, сѐ е само со десна.Има поголеми парчиња кои би биле полесно совладливи доколку ги користи двете раце. Пие од чашка со клун ама ако ја оставам пред него, ја фаќа само со десната рака и му паѓа бидејќи е тешка. Левата рака како да не му постои воопшто. Се обидувам во воздух кога му давам да давам од таа страна, ама треба ептен ептен да го исфорсирам за да земе со левата рака. Дали е ова нормално?
Ве молам за совет, главата ми чури. имено и мајка ми и тетка ми се лекари(тетка ми е педијатар 25 години). Охрабруваат блв меѓутоа воведување на храна и алергени - очи ќе си ископаме. како тоа јас на 6+ месеци ќе сум давала јајце конкретно, па сум била неодговорна и ред други работи. бев и на обука кај мајкатаката, се согласувам со сѐ што кажуваше, читав за спремање на храна. бебе е 5м, почнавме вкусови со кашички, но веднаш чим ќе седи самостојно планирам блв. како да се изборам со околни притисоци, со претрадиционални мислења?
Едноставно ќе ги игнорираш, ти одлучуваш за твоето дете. Никому ме треба да се правдаш. Колку погледи чудни имав заради што одлучивме дека нема да користиме дубаци, џампери итн. Мене ми фали храброст за блв, ама во најскоро време ќе почнам да применувам. Инаку со алергените се водев по некој инстинкт, по три дена не сум воведувала, најчесто два дена а некои работи и по еден ден. Со алергии нема правило, еве јас цело детство пиев цефаклор па на 13 години се исипав целата од истиот. На мајка ти и тетка ти кажи им нека читнат малце понова литература околу алергените и немлечна дохрана .
За сите работи имам повлечена граница, исто се согласувам за џампер и дубак и многу “неконвенционални” работи имам повлечено дека ќе ги правам по свое. Меѓутоа кога е границата? Еве се обидувам да бидам свесен родител, да не ја мавам главата во ѕид и да слушам и медицински лица кои што им верувам и почитувам. Кога е границата дека јас знам најдобро за своето дете - а кога треба да заќутам и да внимавам и слушам за алергени? Многу многу тешка дилема имам
Едноставно, ич да не ти е гајле што мисли околината. Имаш истражувања во однос на алергените колку сакаш. Моменталните препораки се дека алергените се воведуваат што порано со конкретна причина зашто така се препорачува. На крај ти одлучуваш според чии препораки ќе се водиш, тие пред 30 години што се применувале или актуелните.
За што конкретно се противат околу алергените? Најдобро би било да им дадеш факти од поновите истражувања според кои воведувањето ( и честата изложеност на алергени ) го намалува ризикот за развивање алергии. Иначе и по блв алергените се воведуваат постепено, но сите се од над 6 месеци, и што порано, тоа подобро!
Ама што им се објаснуваш бе, да не седат случајно до тебе кога го храниш детето? Што има да се консултираш и овјаснуваш за твое дете, ако веќе си одлучила да следиш нешто, си се обучила што има да прашуваш. Многу лесно е да ги игнорираш, нека речат што сакаат, сабајле ќе станам ќе дадам јајце на детето и тоа е тоа, не мора да им кажувам, да не те тепаат случајно. Ни мора да знаат ни да ги чуе. Поновите истражувања кажуваат дека што побргу се внесуваат алергени, толку помали шанси за имање на алергии. Јас по препораки на педијатрите од Лондон воведов скоро се уште од 6м. Сите различно ми зборат и кажуваат, и ако ги слушав сите ќе полудев до сега. Се водам по инстинкт и по дете, толку.