И јас дадов цело јајце до 8м. Скоро сите алергени ми се воведени освен путер од кикирики. Бебе е дега 10м полни. јас сум 50/50 дел блв дел лажичка. Ако е манџа или потечно, го ранам, инаку ако се парчиња оставам сам да се шлапа. Викам cleaning service кучето собира што паднало па јас после пребришувам.
Здраво Да прашам од поискусни мајки со блв јадачи. Цврсто овошје зеленчук нема проблем да го јаде. Фаќа си грицка. Проблемот е со мека храна (ќофтиња, палачинки) Само ги стиска ги дроби до трошки и нормално не може толку ситно да фати да јаде. Нема уште развиен пинцета фат, 8 ипол месеци е. Нејќе да ја ранам врти глава сака од трошките да јаде, а не може. Совет некој?
Ги фаќа со цела дланка и ги гмечи, до уста дур стигне пак се е ронки. Тек сега почнува да чепка со еден прст ситни работи на под, далеку е од пинцета фат
Многу е мало сеуште, ќе се усовршува со секој ден сѐ повеќе. Син ми од 9 месеци почна со БЛВ, сега има 1г и 4м и е профи јадач.
Еј супер имало ваква тема .Син ми одбиваше каши па пробувам вака со парчиња и е доста заинтересиран. До скоро помалце јадеше сега веќе полеја полека повеќе јаде не се игра толку со храната. Имам неколку прашања . Леб како служите? Додека јадам зима и цел го бута па вади папа става. Пробав да му го тостирам на тава ама па јаде само шо има намачкано и тешко го јаде.. Смеам ли нетостиран да давам? Читав дека може на непце да им остане парче. Инаку до сега давав големи парчиња на ленти ама сега почнав мали глеам така повеќе сака.. За вечера шо давате? Со лажица успеавм само ако јаде сам па додека јаде малце.. А домашните му дават играчки, му пуштат цртани, му пеат за да јаде.. Јас сум против и гледам да го седнувам во хранилка негде 2 2 и пол саати после доење.. Ако мислам оти не е најден после саат пробувам да му дадам пак.
Мајки ве поздравувам, сакам малку од малку да се префрлам на блв метод. За некој ден полни 10 месеци, јаде сѐ, кашите му се по 200 гр, качува нормално килажа. Сега веќе треба да е 9 кг и нешто. Се роди 2800 и беше на комбинирана исхрана- мое молзено и ад по потреба. За жал сѐ уште не седи индивидуално 100%, одиме на физиотерапевт, бевме на ортопед, ехо на мозоче. Не е ништо патолошки, туку дека се роди мал и послаб и кога го стававме на меше научил да се држи на грб место со помош на стомачни и раце. Последниве две недели многу забележав разлика во засилување на мускулатурата, почнува да заседнува сам. На хранилка му помагам со мало перниче и седи исправен. Дали мислите дека можам да почнам со овој метод? Брокула грицка, карфиол… варена тиква не сака- односно сѐ што е меко не го сака. Има два кеца долу. Секој совет е добредојден. Пред некој ден му дадов банана според солид стартс ама грицна поголеми парче и се изгуби на моменти и го плукна. Иначе ја држи бананата…
Мислам дека едно од првите правила за BLW е да мора самостојно и сигурно да седи. Така да, јас би почекала уште малку.
Мајкава се престраши и почнавме со парченца реално она и не дека не беше спремна и порано, ама јас пусти страв и не инсистирав држи сама шише, си пие, пие и од цевка ама за хранава се плашев..како за прв пат е многу заинтересирана, и дадов бананка на парчиња, си става сама во уста дури чекор понапред отидов, и дадов и вилушка силиконска и со неа ги брка парченцата, нешто фаќа нешто паѓа, ама супер и оди, мислам на добар пат е
Може ли да ми кажете рецепт така највеќе како давате телешко како да го припремам ...бебе е 8 и пол ама не сака каши одбива..неколку дена сме со парчиња и супер ни оди иако повеќе ја го хранам освен палачинлите сам да си ги зема ама ке се усовршиме тек смо почели...нз како да го дадам месото во која комбинација
Можеш да му ги дадеш како парчиња фингер фуд, можеш да намачкаш како паштета на тостирано лепче, можеш заедно со пасиран компир/батат и ситни парченца брокула, малку брашно/презла да испечеш како ќофтенца.
Мајки прашање, почнав со синко со вкусови. Со второво сакам да пробам со овој метод на исхрана па неколку прашања. Почнав да му давам вкусови да пробува, што му правам дома му нудам пасирано, што кашички готови најчесто од холе заради составот. Ќе полни 6 месеци викендов, ама сеуште не седи стабилно, што значи не можам да почнам. Плус не сум пробала хранилката да е под 90 степени туку уште седи на 60 степени така ни кажа ортопед. Сака сам лажичката да ја фаќа да ја става во уста го оставам нека се шлапа. Е сега за да почнам со нудење парченца ваљда можам и подоцна на 7 месеци пример кога ќе може да седи стабилно!? До тогаш да давам вака пасирано така? И дали може комбинирано пример да има пасирано и плус парченца? Или мора стрикно парчиња?
Мојов одбива пиење вода со цефка и со клунче, директ од чаша пие. Дали е тоа проблем? Претходно пишав дека сакам блв да почнеме, веќе седи и лази и меѓутоа не сака парчиња. Кога беше помал сакаше повеќе, банана му давав со кора (како на солид стартс што предлагаат), јадеше брокула, карфиол и таму негде на 8/9 месеци кога му излезе прв заб не сакаше, може да е од тоа? Почнав да му давам смокички чисто за да му е интересно. Идеја некоја што да правам? Нон стоп да го нудам парчиња?
И мојава само од отворена чашка пие, планирам вакво нешто. https://momandbabe.mk/product/магична-чашка-miracle-360-colour-change-266мл/
Заради безбедност од гушење најдобро е бебињата да седат под агол од 90 степени, без разлика дали се хранат по блв или традиционален метод. Под стабилно седење шо е зелено светло за дохрана е да може 10 секунди да седи на под со придржување на рачињата напред. Блв не значи дохрана само со парчиња туку метод во кој што бебето го води хранењето. Значи ако не е спремно, нема интерес кон парчиња, давај каши, меѓутоа нема да го храниш ти, туку ќе му ги полниш лажичките и ќе му ги даваш во рачињата само да си ги носи до уста. Гледај само кашите да се погусти и да не се мазно брендирани туку пасирани за да може да осети конзистенција на храната. Ако земаш готови каши, гледај да се 9+ или нагоре, бидејќи тие се со текстура. Парчиња можиш да почниш да даваш во било кое време, кога и бебето и ти ќе сте спремни, не е правило дека мора да се даваат прво или само парчиња. Комбинација пасирано со парчиња обавезно, нема да јаде само сува храна. Напротив, подобро е да се учи од отворена чаша да пие. Да не му даваш големи парчиња? Пробај повеќе варијанти, големи, ленти, коцкички...нуди постојано и кога јади каша, еден ден ќе посигне и ќе земи.
Не седи сеуште така стабилно, заради тоа и прашав дали да почнам со парчиња, ама штом може и подоцна не е проблем. Туку кај да најдам прибор? Ама да не е 3500 денари, аман со цениве. Ако земам за малото ќе бара и големиот да има исто неможам 7000 за прибор да дадам.
Јас од Али експрес имав нарачано за првото дете, еве и со второто истиот го користам. Ѕирни и на теми, сигурно има и таму.
Сакам да започнам со воведување на парчиња во исхрана,9 месеци сме ама незнам што е безбедно најпрво за почеток да се даде? И како да ги давам? Имам пробано со ептен ситни парчиња на банана, авокадо и морков, неблендиран ориз и просо. Совет некој?