Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    10.289
    Мајки некој скоро да бил на обука кај Мајката Ката, дали групна или индивидуална, колку пари е и колку трае?
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    2500, 3 часа
     
    На Noemi и MariaBouli им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Дали планираш да одиш и да тераш со блв? Гледам многу ретко на форумов некој да го прави тоа а јас сум 100% дека ние ќе тераме така, само рано ни е, уште мин. 2 месеца :D а едвај чекам хахаха
     
  4. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    2.772
    Пол:
    Женски
    Ние тераме блв без обука, незнам никогаш не ми текнало дека треба обука да платам... :?:

     
    На Lady Miami, WhiteCat33 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    10.289
    Планирам да, ги следам solid starts имаат и они курсеви сеа и книга, ама би сакала да остварам контакт со неа како и понатака би можела да ја прашам за некоја недоумица.

    Рано ни е уште за храна, ама гледам ретко има групни обуки кај Катерина па со време да се пријавам. Ако не единечна ќе уплатам. Од кај 4ипол/5 поинтензивно ќе се едуцирам. Столче имаме, прибор и лигавчиња само ни фалат:lol:
    Си лета времето :D
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Јас и пишав пред некое време, ми рече дека ќе има секој месец обуки, така да планирам кога ќе наполниме 5 да и пишам пак :D ги следам и јас Solid Starts , сега за америчкиот ден на мајката имаа и попуст за апликацијата ама пак беше скапа, ама начекав една друга што исто е добра BLW Meals, си уплатив претплата веќе :rofl:
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    10.289
    Јас пробав трајл на солид стартс да видам што има дали вреди, па здравје од 6ти ќе си ја платам. Ја нарачав книгата од awesomebooks се надевам ќе стигне во догледно време:?:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Да не се сфативме грешно, не знам како што сте правеле ама блв е многу повеќе од давање парчиња кога бебе е спремно. всушност се почнува веднаш со големи парчиња и за разлика од тоа што се следи кај нас и најголемата причина поради којашто јас сакам блв е што веднаш се воведуваат алергени па и секакви намирници. еве на пример на апликацијата што се претплатив, вика првиот ден да дадеш авокадо а вториот да дадеш јајце. така што поради тоа што многу работи се дел од блв сметам дека е убаво да се ислуша барем една обука и да се следат препораки на експерти од таа област.
     
    Последна измена: 28 мај 2025
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека ја има на awesomebooks, јас мислев некој од странство да го терам да ја порача од Амазон до кај него па да ми ја донесе, ама иако цела МК е исселена, јас пак немам многу луѓе во странство :D
     
    Последна измена: 28 мај 2025
  10. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    И јас се водам по таа апликација, ептен е корисна и не е скапа воопшто.
    @Noemi, искрено за мајката Ката мислам дека не вредат парите освен како што велиш ти ако сакаш да имаш контакт и недоумица, горе-долу се истите работи како на solid starts и апликациите.
    Ние еве веќе еден месец тераме комбинирано, блв и понекогаш јас и давам, кога не сака сама да јади ама уште не сум 100% опуштена да ги сервирам во облик на прст сите јадења, некои ги давам и пасирани да си зема со лажиче, освен кога не сака сама туку чека јас да и давам, тогаш класично ја ранам. Само нередот на почеток е :whew:. Ние во недела сме 7 месеци, веќе дадов јајце, млечни производи, кикирики, глутен, зеленчук и овошје скоро се што е карактеристично за наше поднебје. Од честите алергени не планирам да дадам морски плодови во скоро време. И за месо ќе почекам уште некоја недела оти мислам да не и дојде премногу оптеретување на желудникот.
     
    На merriel0, Noemi и MariaBouli им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    10.289
    Леле браво за се што сте вовеле доста брзо. Кога даваш пасирано и полниш лажички да си зема?

    Мене за обуката ми е највеќе за реакција при засркнување/давење, прва помош. Ќе разгледам на solid starts и во книгата па ќе решам. Фала на споделеното искуство.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Да, обично ја полнам и и ја давам лажичката во раце оти не знае да ја наполни, и така си се навикна, сега кога јас ќе пробам да и дадам не ме остава, ми ја граба лажичката. :D

    На таа тема имаш доста и на solid starts и на blwmeals, најдобро и видеа да гледаш за да имаш посликовит приказ, јас така најдобро научив. На здравје нека ви биде ручкањето :$.
     
    На merriel0, MariaBouli и Noemi им се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    @Noemi за колку време би требало да ти стигне книгата? да знам дали да те почекам да видиме дали ств ќе ти стигне, или да ја нарачам и јас па што ќе биде нека биде :D
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    10.289
    Нарачај си ја слободно за 3недели највеќе ми стигале дека со мк пошти, еднаш не ми стигна нарачката ми ги вратија парите од awesomebooks.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Кога воведовте втор оброк? Бебево ќе полни 7м, тераме по блв, само што воопшто не е заинтересирана за храна дали 5-6 залчиња ќе голтне.
     
  16. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво, можете ли да ми кажете за која точно книга и која апликација се работи? Фала многу однапред.
     
  17. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Тогаш, на 7 м. Не се секирај, мојата 9м е, уште некогаш по некое залче јаде
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    10.289
    Solid Starts е апликацијата и веб страна, ја има бесплатно, но платената верзија нуди повеќе информации. Исто е и книгата ама од awesomebooks не праќаат веќе за Македонија за жал.
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.