Каква храна примети дека му се лепи? Се случува и не е страшно, ама тоа значи дека јадењето е полепливо, пробај да го приготвуваш на друг начин. Ако правите блв, зеленчукот и овошјето нема никогаш да се залепат ако се точно приготвени. Плус штом така му се собира веројатно прави overstuffing како верверичка. Давај му го јадењето залак по залак, се додека не го голтне залакот во уста нека нема нов пред него што ќе може да го лапне. Раце во уста не се препорачува, може само да му ја храната бутнеш назад. Ако ептен осеќаш потреба дека мораш ќе почнеш од кај образот убаво ќе го брцнеш прстот па ќе одиш накај другиот образ со свиткан прст. Ама генерално не се препорачува, децата се способни да се снајдат. Ако има повеќе гагинг ќе го наведнуваш нанапред за да му помогне гравитацијата да го врати. Јајце воведов цело, така што не знам што да ти кажам за жолчка само
Да, таа е супер е за рецепти, само неа ја користам за рецепти, на Solid Starts не ми се допаѓаат рецептите
Нормална појава кај бебиња што трае отприлика докај 10ина месеци. Уште не ја има усовршено контролата на јазикот и турка нагоре наместо нанапред и не може да ја преработи целосно храната. Ништо страшно и невообичаено. Најчесто храна што е полеплива прави вака, компир, авокадо, банана итн. Тоа што можеш да направиш е да му ја даваш храната со поцврста структура место леплива, побарај за секој продукт како правилно се спрема и служи. Давај му вода измеѓу, а ако пак останало после јадење можеш нежно со малиот прст да му поминеш преку непцето од еден образ до друг, никако со лажичка, само прст. Дел од моторен развој е и ќе се среди со тек на време.
Прочитав дека се дешава кај сите, да задржат храна. Јас претходно од повисоко го набљудував па не приметив, ама кога седнав на ниско столче од децава испаничив малце. Така и направив движење од образ до образ. Вода давам строго по оброк како по некое непишано правило, ете супер идеја да пробам и измеѓу да му давам, немаше да ми текне. Иначе се дешава кога му тостирам лепче со путер, крем сир, моцарела. Лепливо е знам, ама па многу го сака тоа, можда од се, најмногу во тоа ужива.
Тогаш продолжи да му даваш, не му го скратувај задоволството. Секако си до него, со соодветен надзор и реакција нема да имате никаков проблем.
Дајте ми идеја што да понудам од парчиња ко за прв пат да видам дали не сака да јаде или не сака каши? 7+ е Уште тоа не пробав, ни ручек ни доручек саглам не можам да воведам. До сега пасирав, денес се изнервирав и ја изблендирав кашата, и така не ја сакаше. Ни готови кашички не сака. А покажува интерес, скока кога ќе и кажам дека е готово јадењето, знае каде јадеме, се врти натаму, ние кога јадеме исто се пружа. А штом почнам да и давам, три четири лажички и станува. Може е и до забите, не знам. Немаме воведено алергени иначе бидејќи до сега се водев според стандардните табели како за синко.
И мојата го обожаваше бататот како бебе. Сега не може да го смисли Јас го печев со маслиново малку, сецкан со брановидно ноже и ставав и малку зачини (без сол).
Почнав да давам од нашиот ручек и така ќе касне колку толку. Кај нејзе не е толку дали е каша или парчиња, маанџика е голема. Пробав со разноразни мафини, плескавички од зеленчук прилагодени за бебе и не ги сакаше, а наш ручек јаде, кифлички што правам за нас, проја исто. Па по препорака од матичната почнав се да и давам ние што јадеме само готвам без сол. Така и да не јаде барем не фрлам храна и помалку се нервирам.
Денес и дадов варен батат, парче, но изгледа премногу меко беше парчето, одма и се здроби во рачињата и не знаеше што да прави, па јас морав да асистирам, целото го изручка + кашиката што и ја спремив .
Твојата јадач е изгледа. Мојава по малце скроз пробува. Инаку треба да е меко да можеш да го згмечиш со прст. Денес имав тиквичка насекаде а најмалце во уста ама тоа е и поентата, да се учат сами. Кога ќе измгечи така не и помагам, ја оставам сама да јаде од помалите парчиња и тоа што и е на рака. Или нудам ново парче ако веќе не знае како со другото
Даа премногу сака да ручка , мислам дека омилено нешто и е јадењето и пиењето млекце, смешки е. Знам дека тоа е всушност сами да се учат, да истражуваат, ама ајде првпат, следен пат не асистирам. Иначе и ние сме измачкани целите кога јадеме и се наоколу. Убаво би било да има посебна тема ако нема во која ќе се споделуваат и слики како да се сервира, но и рецепти, од палачинки, мафини, бомбици, стапчиња, лепчиња.
На апликацијата на солид стартс има за секоја намирница како се сервира по месеци. Јас од таму читкам
Ехее мојава е поголема (10ипол м) па цело време и асистирам, нормално е тоа. Утопистично е тоа дека ќе ја оставиш и скроз сама ќе јаде без помош. Ние не бебме и не сме срандард блв, јас и давам мешано од сам стандард (ја ранам јас со лажица + парченца и давам сама) ама иако ете со месеци сама фаќала храна пак и се лизга, и паѓа итн. После 9ти месец повеќе сакаат сами да јадат мали парченца бидејќи им се развива пинцета фатот и поинтересно им е па така опциите што можеш да ги нудиш се полесни за сервирање