Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    18.355
    Пол:
    Женски
    И јас планирам на истиот начин, парчиња плус јас со лажица.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.539
    Пол:
    Женски
    ACD1E9E8-FA20-4856-A628-1730A703D412.jpeg
    Денеска задоволително:D
    Без тањир сега за сега, многу голема дистракција е и три пати заврши во ѕид мм удар ќе фати8)
     
    На Feniksgirl, Guns N` Roses, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Почнав д- и сецкам по некое овошје сварено за доручек да се занимава додека ја ранам и сама да фаќа ама сакав да прашам вие што блв применувате целосно, како внесувате житарици, моево не знае лажица полна да внесе во уста сеуште а 8ипол месеци е?!
     
  4. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.539
    Пол:
    Женски
    IMG_3470.png
    Ваква слична лажица и полнам, има во дм.
    Пред некој ден јадеше овесни со банана од нејзе.
    Ќе ја интересира и ќе става во уста, ќе види дека е за ручкање и ќе се научи полека.
    За нас овие се доста практични, секако останува нешто во лажичката
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Иста форма имам две од кидс анд ко, на муши, си игра со нив си ги вртка ама и паѓа се
     
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    18.355
    Пол:
    Женски
    Нудам парчиња, батат, банана и круша имам понудено. Денеска и ги ставив парчињата на послужавникот на хранилката, само ги зема во раце и ги гмечи, не ги носи до уста, а иначе предмети кога фаќа одма се става во уста, дали премногу меки ги правам парчињата па одма се дробат или едноставно уште е рано да и нудам парчиња.
     
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.539
    Пол:
    Женски
    Седни покажувај и. Морков за неа морков за тебе. Џвакај онака апла за да види како треба да прави и носи го парчето до уста повеќе пати
     
    На merriel0 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  8. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Здраво
    10 месеца сме и бебка дефинитивно веќе не сака ја да ја хранам. Постојано го зема лажичето и го носи до усте ако и ставам ептен ситни парченца ги зема и ги става во уста
    Сакам да почнам да и давам парчиња ама се плашам премногу од гушење
    Цело време сме на грубо пасирано и прилично густо ама уште не можам да се опуштам да и дадам во раче па таа сама да жвака. Не знам што да правам ако почне да се дави
    Заради тоа ми треба некој совет како ја посготвувате храната, во која големина ја давате? Што од овошје и зеленчук давате и сл
     
  9. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.539
    Пол:
    Женски
    Нема од што да се плашиш.. Многу се попаметни од што мислиме.
    Ќе ја следиш. Дали сама може да се снајде, ако недај боже приметиш дека не можеш ќе интервенираш.
    Мојата е 6месеци. Денес и правев крокети од батат, морков, несолена урда, и варен ориз. Колкави парчиња голташе ми се ледеше крвта ама ако и е премногу исфрла со јазикот и се снаоѓа. Секако сум до неа за секој случај да и помогнам.
    Можеш да ја симнеш апликацијата Solid Starts каде што имаш за секоја намирница како треба да ја сервираш.
    Во глобала треба да е долго како прст и широко како два прста. Текстурата да е мека доволно да можеш да ја згмечиш со прст ти.
     
    На Baby Girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, имам една дилема, може ќе наидам на некој интересен совет.

    Од прв ден не блендирам. Или пасирам со вилушка или парчиња. Гледам од солид старс апп. Арно ама нели поентава на блв е сѐ сам да јаде. Ама ако правам овесна каша, чиа пудинг, палента, тарана му давам јас со лажичка. Имам пробано да го оставам сам да јаде и со раце и со лажичка и општ хаос е тоа. Проблемот ми е што сум сама 90% од времето. Маж ми често патува, еве моментално е цела недела во Тирана и јас сум сама дома и не постасувам да исчистам по секое јадење. Не барам совети од типот “ембрејс д мес”, ме интересира дали има некои комбинации кај што може да се научи сам да јаде со раце или лажичка ваков тип храна да има помалку хаос, или некои типс енд трикс да не е се дома мачканици.

    И друго, бебе е веќе 9 месеци. За работи што може да се даваат како парчиња си ги давам ама гледам дека веќе става во уста многу големи парчиња, пример лепче пола лентичка и на два пати ми се задави и ми беше прилично стресно. Му цепкам залчиња мали, веќе има пинцета фат и си јаде така. Дали е ок фул со мали вака залчиња да го хранам и самото бебе ќе си се развие да може нормални парчиња понатака да си јаде? Или некој совет друг и околу ова?

    Имајте си убав ден : )
     
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Ако има пинцета фат давај слободно залчиња, сега и тоа ќе му е интересно а и е препорачиво затоа што сега веќе сакаат да зимаат залци и ако е поголемо парчето ќе го пикне цело во уста - а не знае се уште да гризне залак. Кога ќе потпорасне малку (ќерка ми негде пред годинка, а обично се очекува околку годинката) па ќе сака да му даваш големи парчиња за да гриза, да научи како се гризе залак.

    За помалку неред би ти препорачала зрнеста храна. Пак е меси, ама (сега сепак и до детето зависи) не оди недредот насекаде. На пример ориз ама да биде полеплив, или просо. Или ако сакаш манџа некоја да му направиш, на пример леќа, можеш да му надробиш лепче во неа и да го оставиш тоа да го јаде со раце.

    Сам да научи со лажичка е долг процес, ептен правилно користење на лажичка може да научи дури и до 3 годинки, зависи до детето. Мојата е фул БЛВ, па лажичката повеќе и е за играње отколку за јадење - и често се случува јас да ја хранам кога е јадење со лажичка, или да и ја полнам и само да и ја дадам она да ја стави во уста.
     
  12. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Да, баш тоа ми се случи. Еднаш со лепче ми го пикна цело в уста, велам да не правам паника, да интервенирам ќе се справи сам и го голтна цело и помодре детето ми го скрати животот, океј го поврати. Следно бисквитче му дадов истото ми го направи. А 8 месеци и некој ден беше и пробав утрето парченца видов дека ги лови убаво, си има пинцета фат и така давав повеќе ама ми беше страв дека нели од 9 месеци се препораките. Ама дали само така е океј, цел оброк да е на мали залци? И пример брзо му здосадува така па знам и јас да му додадам нешто да се дојаде зошто гледам дека има уште интерес јас ако му дадам ама нема интерес сам да зима да јаде веќе. А кога е најаден запечатува уста, знам и дека не форсирам.

    Аха значи да не ни очекувам за брзо самостојно да јаде со лажичка. Мислев дека некаде грешам и дека треба веќе и со лажичка сам да се справува помалку или повеќе. И зошто е бејби лед си мислев не е океј тоа што кашести работи му ги давам јас. Ќе пробам со ориз следно да видам како ќе биде.
     
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Со залчиња се почнува кога има детето пинцета фат. Тоа дека е на 9 месеци е генерална препорака, ама се следи детето. Мојата немаше ни 8 кога почна така. И да, сосема во ред е цело јадење да е залчиња :)

    Види сега, за дали да додаваш е колку строго ќе тераш блв. Јас кажувам дека сме БЛВ затоа што од прв ден јаде сама, се водам според препораките за сервирање и воведувам по нивен терк. Првите месеци кога беше повеќе се уште воведување и јас оставав, ама баш тој период околу 9 приметив дека исто како твојот, ако и давам јас ќе јаде уште. И и давав. Еве дури сега после 14 приметувам дека сама се дојадува до крај, иначе до пред скоро ја дохранував јас. И не сметам дека е нешто помалку самостална поради тоа.

    А за јадењето со прибор, исто, секое дете е приказна за себе. Ти кажав мојата конкретно нема многу интерес да пробува сама, односно ќе проба еднаш, два пати и брзо се фрустрира и после само си игра. Не знам се не какви прибори земав за да и биде полесно, ама тоа е. Битно ја изложувам на прибор скоро секое јадењет кога можам, и дозволувам и сама да јаде со него.

    А дека ќе нудам таква храна, ќе нудам. Сакам детето да ми јаде и манџи, и супи, и сл. течна храна. Не сакам да биде само на палачинки и ќофтиња затоа што тоа може скроз самостојно да го јаде. Знаеме колку е убава течната храна за цревата :)