1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.552
    Допаѓања:
    207.190
    Пол:
    Женски
    Рано ти е за парчиња доколку не седи само. Ама пак давај пасирано, не блендирано. Со непцата учат џвакање, немаат потреба од заби уште. Секако забите што се нужни за џвакање никнат после годината, а не може на лапни голтни да го држиш дотогаш, детето мора да научи од старт дека храната има текстура, да ја разликува од млекото не само по вкус, туку и по текстура.
     
    На Germanka7, Peperutce6 и EarthFire им се допаѓа ова.
  2. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    1.560
    Мене ортопедот ми кажа во хранилка на 60 степени да се почне со храна.
    Беше против 90 степени.
    Сега и не можам да се сетам кога рече може 90. Заборавив :D
     
    На Germanka7 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    5.202
    Пол:
    Женски
    Е како да јаде бебе полу легнато?
    Ни ние не јадеме полу легнати, туку јадеме седнати и исправени.
    Под таков агол голтањето не е оптимално и ризикот од засркнување е поголем.
    Знам дека има поделени мислења, ама за ова е стварно безбедност во прашање.
    Мене ортопед ми рече да ја хранам седнато, дека ништо нема да и биде. Баш памтам дека го прашав зашто нели не смее да се наседнува бебе..
     
    На Germanka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rovena

    Rovena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2023
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Да си прашам и јас нешто. Има интерес за овој метод на исхрана, но јаде пример само едно-две мали компирчиња и толку, а кога давам како каша блендирам цел компир, морков, и плус уште нешто и така јаде се, вкупно доаѓа колку едно мало тегличе и знам дека е најадено. Што да правам, дали и покрај таа разлика во обемот на храна да продолжам со методов? Знам дека важно е да се учи да јаде, но што ако заглавиме со 2-3 компирчиња со месеци?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.552
    Допаѓања:
    207.190
    Пол:
    Женски
    Не блендирај, рендај или пасирај ја таа количина со која мислиш дека ќе биде најадено, да се учи на текстура, а давај и парчиња паралелно. Значи кога даваш било кој оброк, тоа што сакаш сигурно да го изеде, и плус имај парчиња само да јаде додека го храниш. Нешто само ќе изеде, нешто ти ќе дадеш, и таман ќе биде. Понатака само ќе си преземе.
     
    На Germanka7 и Rovena им се допаѓа ова.
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    @Rovena и јас исто би те советувала како @Annath, јас така терав со ќерка ми. Нудев секакви текстури, во главнио пасирано и плус парчиња сама да јаде а знаев и паралелно и блендирани готови каши да дадам. Со тек на време се префрливме поголем дел на парчиња да е, но не одбива ни кашести структури како манџи, палента, гриз итн итн. Сега е 15м и скоро се јаде без мака, парчиња јаде сама или и боцкам со вилушка а со лажица се уште ја ранам јас
     
    На Rovena и Annath им се допаѓа ова.
  7. Rovena

    Rovena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2023
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Благодарам на советите @dummy i @Annath
    Кога подобро ќе размислам и јас да пијам смути би испила полна чаша од различни овошја, а инаку би изела само едно јаболко/портокал, претпоставувам во ред е да се јаде помалку кога се парчиња.
    Пасирано со вилушка најмногу ми одбива, и тие купечките каши што се како пасирани воопшто не ги јаде. Или блендирано или парчиња јаде, но се уште ќе се обидувам да давам во секакви текстури.
     
    На Anastasia579, Astrum.Obtutus и dummy им се допаѓа ова.