Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby shower party...бебето доаѓа

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 18 април 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Па на терет не си на лош начин, него со мало бебе и гости да мислиш не е баш забавно.
    Знам за сестра ми кога доаѓаа, секој ден врвулица.
    Башка сестра ми декември е родена, рачунај во февруари на велико доаѓале веќе.

    Бебињата толку мали најчесто не се расположени за толку народ, раздразливи се. А башка па зимно време...

    А еве јас и мим не знаеме што да правиме за свадба, не можеме никако да го скратиме списокот на ептен малку луѓе, невозможно е.
    Со премногу народ сме блиски.
    Баш е проблем голем.

    А тек па бебе, и да не дојдат, ќе праќаат подароци.

    На ненаправена "веридба" еден куп до сега добивме, помини замини некој нешто носи, или по родителите ни праќа.
     
    На Rebecca_R, Yowannty и Sesil им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Епа ова твоево е тоа бабиње де на некој начин :)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа на бабиње, еднаш се викаат гости на мекици во кафана тогаш носат подароци и нема одење дома кај бебето.
    И свекрва ми и мајка ми правеа по овој концепт.Најдобар е.За првата за една недела , за втората после 3 недели.
     
    На CameliaMiller и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.685
    Допаѓања:
    174.673
    Пол:
    Женски
    Епа во мое село поинаква е терминологијата. :D
    Ама како и да се вика, ова највеќе ме бендисува од адети. :wasntme:

    Искрено се зачудив за Скопје такви адети ко повојници да се тераат уште.. :|
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    134.862
    Пол:
    Женски
    Ама не одам да се забавјам. Одам бебето да го видам. И го земам во раце, го држам. И кај сите блиски сум била после едвај две недели. И тоа на нивна покана и убедување дека можам да отидам кога сакам. Ако треба нешто да помогнам се нудам сама.
    Мене ми у план бебето ако спие да си го носам во спална и да го пратам на беби фон шо прави, на раат да си муабетам со гостите. Ако не спие гостите секако ќе го држат, од мерак. Си го знам мојот круг на луѓе каков е, и не планирам да им прибирам дете од раце, нека поседат нека го видат, нема да го изедат, а и нека се навикнува на народ. Ич не сакам чување во стаклено ѕвоно. Сметам дека со разбран народ имам работа и дека никој со вирус не би дошол.
     
    На smooch, Sexybaby86, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Ти за шо не мислЕш нас скопјанишчата?!
    :D

    Бетер адети од најзатуцано село сум видела...
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    134.862
    Пол:
    Женски
    Богами и јас од кај вас свашта сум слушнала. Врвот ми беше маша и метла под перниче. :lol: И ѓеврече на гради :!:
     
    На Yowannty и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Абе Сеске...
    ќе ти се најават пријатели на свеки твоја пример, блиски нејзини.
    Што ќе им речеш?
    Не може, не примам гости? :)

    Па кај моиве што пријатели, што колеги, што роднини се заредија... пак зависи "кругот" колкав е, мојот е огромен навистина.

    Секако дека нема да го криеш бебето, ама не можеш да предвидиш кога нема да му биде ден на пример :)
     
    На Yowannty и Sesil им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Кој знае како ја преживуваат првата година во мое село мајке ми :D

    И ножици, книги... кончиња... свашта ставаат :)

    Ама најгрозно е пари во креветче до бебе.
    Значи... хигиена минус. Ни нула не е.
     
    На Yowannty и Sesil им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.685
    Допаѓања:
    174.673
    Пол:
    Женски
    Абе ја фино ве мислев, туку ти со повојницата ме замисли :^)
    :rofl:
    Арни сте ајде, има и полошо. :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    134.862
    Пол:
    Женски
    Ааа затоа ,,испеани'' се и свеки и мајка. Нивен круг луѓе - кај нив. И честитаат внуче на мајка ми на пример, со неа се блиски, не со мене. Јас со пријатели ни на едните ни на другите не сум блиска. Не би ми дошле мене сигурно. Башка круг на свеки за намќор ме доживува нема ни да се осмелат да ми се јават :rofl: Под нивен круг на луѓе мислам пријатели. Роднините нивни се поразбира дека се и мои. Сигурно тетката на мм не ја доживувам ко ,,некоја шо ми квакнала дете да ми гледа''. Со блиска роѓа се поштувам, од двете страни.
     
    На Love 83, oblace1, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Кога веќе нејќеш бејби шауер, има со сите салтанати на повојница по скопски да ти дојдам :D
    да не ми е џабе патот, едно 7 дена ќе останам... 8)
     
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Јас ве сакам и двете :*

    Мојата ја организирав со толку голем мерак. Место: на работа во салата за конференции. Час: 09.
    Во Декември, крај на 35та недела пред заминување на породилно.
    Претходно ниту сум била, ниту сум слушнала дека некој прави. Од оние што ми се Америка разгледав по некоја идеја.
    Колегите овде рекоа дека без бејби шауер парти не може.
    Зошто да не. Ги засукав ракавите и ја поставив масата:
    68E66AE1-A061-4EC2-9AA0-2F6F5DDA2BB1.jpeg CDCCDC67-E5F6-4D91-ABD1-3345CE7A64B5.jpeg

    Слатката маса со неизбежните мафини:
    3CA27053-DE1C-4F74-AAC8-E25C80D9031A.jpeg

    И поклончиња за секого:

    BE2DD4B9-96A7-4C5B-8A40-3255049F42A4.jpeg A8032500-179F-4850-86D9-45895314BA02.jpeg

    Дополнето со многу слатки детали:
    A8DA6CCD-CF69-4950-A17C-20FAC2F43D0F.jpeg 5CD3F11F-6BC4-4B23-BFEC-1E57D4061113.jpeg

    Наслов на забавата беше ох бејби:
    BF57D98D-9C46-4D5D-A176-62425167F84E.jpeg

    Се пиеше розов безалкохолен шампањ. Забата траеше 4 саати или пола работен ден.

    За подарок добив традиционален германски поклон за ксмет на детето кој поклон требаше да го отворам после раѓањето. Така и направив. Подарокот беше детски чадор на шипките закачени волнени чорапи и капа ( ова во секоја болница го добиваш како подарок за бебето ), имаше мече за 0+ и пари закачено на секоја шипка.

    Добив и торта од памперси вака изгледа:
    https://www.partycity.de/ProduktDet...MIm67c3omc4gIVQ-N3Ch0uhwh7EAQYASABEgKz8_D_BwE

    Имаше многу насмевки кои толку многу ми требаа во тие недели. Добив една таква убава енергија и целиот бес од бременоста го насочив во креатива. Чисто празнење.

    Тоа е единственото убаво на кое се сеќавам од деветте месеци.

    Облека, количка, креветче, цуцли, стерилизатори и се останато купив на четврти месец бременост. На Петкана и спремив се и од оваа гледна точка повторно би купувала од 4-6 месец каде имаш највеќе енергија за тоа.

    Само позитивна мисла до крај на бременост и се ќе биде во ред.

    Гости да го видат бебето во превод повојница - не. Така кажав од почеток. Ќе го видат кога јас ќе бидам способна да средам дома и да се насмеам на гости. Засега не знам кај ми е гз, а каде глава така да гости не ми требаат.

    За запознвање со бебето јас ќе организирам забава на отворено. Во замена за крштевка.
    Ми беше замислено во Мај годинава али ќе почека до следен Мај забавата.


    Сума сумарум убав настан кој ми е веќе вметнат во албумот на малата во делот : пред да дојдеш ти малечка. Ќе го добие албумот на 18ти роденден. Заедно со многу видео материјал од бремноста, породувањето и деновите потоа. И многу слики и слатки мали детали како пластиката со која и беше врзано папучето. Се ми е тоа сортирано и толку многу драго.

    Така да оние кои сакаат да го прават ова америчко срање јас ве поддржувам. Секој еден момент вреди да запомни од чинот на доаѓањето на свет на таа мала душичка.
    Оние кои не сакаат нека не прават се е личен избор. Исто ве поддржувам во тоа.
     

    Прикачени фајлови:

    На smooch, do-re-mi, Kitten и 15 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Па да де, и моите така прават :)

    Јас сум меѓу "помалите деца" во нивно друштво, сите постари веќе имаат и по две.

    Пријателите кај баба и дедо одат, кај нив подароци носат :)

    Братучетка ми пример се мажеше во странство, ама баш далечко.
    Пред мајка и" да појде на свадба нели, сите пријатели собраа поклони - пари - и и' ги пратија.
     
    На Rebecca_R, TeddyGrey и Sesil им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа, стрикно овој концепт.
    Забава само за мајката, без ништо бебешко ок.
    Исти као и моминска вечер.. ко да мора да се чека да се мажи некоја за да си поминеме лудо..
    Јас немав ни едно ни друго...
    Уствари моминска беше коа стававме венче на врата.. па поминавме.еден убав ден во зборење, смеење, зезање,депилирање..
    Али, секој има различни желби.
    Повојница... тие шо се мои идат кај мене.. на мајка ми кај мајка ми, на свеки кај свеки.. ако бебе треба да спие у 6 се поздравуем и си одам во соба, со бебе легнувам и ја.
    Ние со мм така правевме.
    Многу работи има што апсолутно не се потребни, па пак ги правиме.
    Ништо не ми фали што немав адети. Адетот треба да го разбереш и почитуваш, а не да го тераш ради народ.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Аииии ептен јако!!! Многу ми се свиѓа.
    И овие се ептен јаки :rofl:
    059bf89f9ee48a5ce10a8f7fafb8ac40.jpg ea8044bb3f5d78765c05de07715edb15.jpg
     
    На TeddyGrey, Sesil и FreeMind им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.685
    Допаѓања:
    174.673
    Пол:
    Женски
    Ти само дојди. Ја може некогаш многу зборам, ама атер не кршам. :D :hug:
     
    На TeddyGrey и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Јас од роЏење алапача сум, ама добра душа имам, жими се' :D

    Види сега вака... од 2ри септември на одмор сум...
     
    На TeddyGrey и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Има многу јаки идеи. Само што не можев да се движам ме легна гинекологот во постела две недели цервиксот ми се скратил. Да му се скрати она знаеш на 2,5 см.

    Така да останав и без покани и тие се доста интересни детали. И многу многу хумор испечатен фали.
     
    На TeddyGrey, srekice и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    За второ почни уште сега да се спремаш, со време :rofl:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.