Па веќе и тие бабини мекици не се тоа што биле по рано, еве баш тука на форумов научив дека сега за мекици се збираат во ресторан, кафана а не дома. Мене ова ми е по чудно и по не прифатливо од бејби шаор. Јас имав бејби шаор за големата керка, по некое не пишано правило шаор се прави само за првото дете и одат само жени, е сега и тука се менуваат правилата па прават шаори за сите деца плус и мажи присуствуваа. Шаор не си организираш сама туку ти организира блиска личност и треба да е изненадување, уствари знаеш дека ќе го имаш ама не знаеш точно кога. 2-3 месеци пред шаорот мајката и таткото одат во бебешка продавница и се регистрираат уствари прават список на поклони кои сакаат да им се купат и во поканата пишува во која продавница се регистрирани и таа што присуствува на шаорот оди и купува поклон. ( истото се прави и за брајдал- невестински шаор ) Сум била на шаор каде што мајката не е регистрирана па секој си носи било каков поклон, мене ми е по лесно кога е регистрирана барем знам и купувам тоа што сака. Како го објаснив сето ова ко небаре некој ме праша И да шаорот е забава за мајката а поклоните за бебето. Интересно е бе, барем мајката присуствува и се забавува. П.С. заборавив да кажам дека мајката поклоните ги отвара тука на шаорот пред сите и се чита кој што купил. Од панделките што се на подароците се прави капа и на крај и ја ставаат на глава на мајката
Да треба да биде релаксирано пред пораѓај, а мене тоа и баш ме релаксираше да ти кажам . Незнам како го замислуваш тоа славење, но според мене ако толку лоша слика имате за да се прави нешто пред пораѓај тогаш не треба ни облека, креветче, количка... да се купува за нероден Петко по оваа логика. Ок, тоа си е твое мислење и нормално е да не се согласуваме сите едни со други. Како што кажа кој како сака. Еве слика од амбиентот на моите baby shower-и, полно со секакви слатки за јадење и фина атмосфера за мене за дружење.
@Sesil баш така е со одањето гости кај мене сите имаа осет. Не се веќе толку затуцани луѓето како што ги прават. Башка другарките што ти правеле шоуер секако ќе дојдат и на бебе. @CameliaMiller ти нема да одиш да го видиш бебето на другарка ти? Си била на шауер и толку. Подалечните носат поклон на мекици, не ни идат дома. Ете пријателки од бабите да кажеме. Дел одеа кај бабите не кај нас. Дома само најблиските. И сите имаат разбирање ако се повлекував во соба со бебево или ќе им речев во 19 го бањеме. Баук го направивте одењето на бебе. Не се плаши Сесил не е ништо страшно.
Според вашава логика, американскава забава на неродено ги исклучува нашите традиционални активности за родено бебе. Дали е така, ќе видите. Уствари ќе видите кога ќе ви дојде редот, како ќе се чувствувате и размислувате. Не може да знаете. Јас фала богу живеам во место, кајшто на пример сметаат за лоша среќа да однесат количка дома пред да се роди детето, па си купуваат колички и ги чуваат кај баби, стрини. Бејби шаур не постои, барем не сум чула некој да правел. Нормално, сите си купуваат навреме креветчиња и останати неопходни потребштини. Ама се слави, откако ќе се роди бебе. Секако сите блиски ќе сакаат да го видат бебето, откако ќе се роди.
Не ми се допаѓа ова од причина што не сакам дигање прашина предвреме. Не сакам славење предвреме за било што, па ни за ова. Соба има, уредено сѐ, ама бебе уште нема на свет, така да, не. Не заради она дека може на лошо да тргне, едноставно забава за бебе, без бебе, не сакам. Нека плачне прво, нека се најави, па после. Мада, она па, мајката во болница а таткото во кафана, тоа па уште помалку ми прави ќеф, пошо, каде бе без мајката. Baby shower има предност зашто барем би била јас инволвирана во настанот.
Реков фала богу живеам во такво место кајшто си имаат свои убедувања, суеверија, како сакате. Фала богу оти немаат широко прифатено традиции кои не се нивни. Затоа што си имаат свои. И затоа што нема општествен притисок да правам/учествувам во нешто што не ми е блиско на мојата традиција и чувства. Инаку во основата на оваа прослава на неродено бебе, исто како и измислените розеви алишта за девојче и модри за момче, стои идејата за поттик на конзумеризам, затоа и обете се измислени во Америка. Ништо повеќе.
Ама кажав... кај другаркиве најблиски немавме "ред"... посебно беблак, една недела да имаше кога го гушнав Не знам за себе, ама верувам и јас ќе сакам одма да дојде
Од ова изворното во САД што го пиша Ане,мислам се прави шаор зошто освен тоа други гости не чекаат,односно тогаш купуваат поклон и толку.И тогаш ми е ОК, да си прават вакава забава,иако ова со регистрирање во продавници ми е претенциозно, и правењето само за првото дете Кај нас би бил дупли трошок
Косми, тие што носат поклон - поклон на шауер, не одат на повојница после На шауерите кај што бар јас сум била, поклончињата беа симболични - облекичка, лигавчиња, цуцли, шишенца и сл. Акцентот не беше на подароците, туку на забавата и игрите Тоа со регистрирањето не е лоша идеа, ама америте не даваат пари во плик па ако планирам да потрошам пример 100 евра, подобро да знам што сакаат, него да им купам нешто што нема да го користат. Кај нас со поклон пари тоа е "решено" А инаку на списоците имаат се - од ефтини ептен до поскапи работи...
Е така, кај што однесов транспортер пред раѓање, не бев на повојница. Го видов бебето после 2-3 недели и тогаш однесов ситници, да не одам со празни раце
Ама зошто па да не одат после ,ако се симболични подароци и одам со една цуцла или шише на шауеров, кога ќе се роди нормално ќе сакам да одам, кај блиски.
Не, не. Си одиш кај бебето после нормално, како си сака мајката, дали за 1 недела, дали после 40 дена... Кај што сме носеле на шауер ситници, после поклон или пари на повојница Секако ќе го видиш бебето, само зависи од договор со мајката/пријателките, кога ќе бидат "вистинските" поклони
Објаснив, одат. Не одење на "повојница" не значи не гледање на бебето Туку поклонот кога е Ако веќе сум купила пр. количка, нема да купам следно транспортер нели. А бебето секако ќе го видам. Зависи од мајката како сака. Ете кај едната однапред однесовме поклони, а кај другите отпосле, на шауерите носевме ситници.
За лоша среќа се смета и ако црна мачка ти го попречи патот аналогно на логикава со количката кај стрина би требало три чекори назад да се вратиш и да фрлиш камен кај “преминот” за да не те фати малерот. Дали сеуште постои ова? Спомена живееш на место каде се обожува суеверија и традиции па ме интересира.
Живеам на место кајшто нема мачки по улици, ни црни ни бели, па не би знаела. Мачките се домашни животни, значи се дома, ама и кај тебе е тоа така. А искрено не ми текнува за друго суеверие овде, освен ова. Традицијата е убава, ако е стварно традиција. Ама ова американсково не е традиција, ниту адет, како што стои во воведов, релативно нова занимација е, како поддршка на конзумеризмот. Јас лично ваква забава не би сакала. Дури не видам бебе родено, здраво, право, нема потреба. Дури само на ехо го гледам, најинтимно е, најмое, не би да го споделувам со светот.